« Home | Kamenjata na koi i jas neznam kako ne berese...   » | Како се живееше тогаш » | » | » | » | Hotel Rwanda » | Маџермаалска невеста » | Повторно на одмор » | Еден обичен ден во животот на еден обичен маџермаа... » | kako uzivase 5ar  »

Бандата “Чакмаци“

Да... имавме и банда... некаде на почетокот на 90-тите. Базата или тогашното “Скривалиште“ ни се наоѓаше во “ширината“ (то ти е местото одма до старата куќа зад чешмата). Изградено беше од тулите шо беа остаени за градење на една друга куќа кои ги имаја порачано една година пред да почнат да градат. И баш ни се најдоја. Си ги прередивме како шо ни одговараше и со напорна работа успеавме да си направиме една малечка “соба“ од околу 3-4 квадрати со посебен отвор кој служеше како врата. Висината беше некаде околу 2.5 метри така што никој неможеше да не гледа шо прајме внатре. А пак ако имаше некои “тајни“ операции клававме и стражари на врата (машки, женските беа на многу повисoки функции). Под тајни операции се подразбираше праење на бомби или пак учење на некој, демек, таен јазик. Материјалот за бомбите го набавувавме преку еден другар на еден наш член. То значи дека навистина бевме сериозни. Откако ќе го добиевме материјалот, тајно (в џеб) го пренесувавме во скривалиштето. Всушност то беа едни мали пластични цевчиња со големина колку малиот прст, во кои клававме кибритче и го палевме со чакмак. Од ко ќе стигнеше пламенот до пластиката та почнуваше да се топи и да чади со црн чад. Е то за нас беше бомба. Не се сеќавам дали некогаш сме искористиле некоја во нашите борби со останатите деца, ама доста вежбавме за тој момент. Знам дека е чудно, ама и се тепавме. Секој ден покрај бомбите, измислувавме и нови “тепачки“ вештини, кои вервајте ги користевме. Редовно со некој се гибавме. Прво ќе го загибавме некое невино детенце шо си врвело покрај нас и од ко ќе ни собереше поголема група стапувавме во акција. Обично самиот чин на тепање не траеше поќе од една минута. Оти секогаш некој мораше да се уплаши и да се расплачи и со трчање да викни родител кој, нормално, изнервиран ќе ни дојдеше, ќе ни се изнадереше и на пат кон дома ќе му врзеше некоја на неговото дете оти то било криво шо дошло да се тепа со нас. Сепак најголемата тепачка ја направивме со децата “од горе“. Тогаш се собравме по околу 10-тина деца од секоја банда и користевме скоро секакво ладно оружје шо ќе ни дојдеше при рака, најмногу беа камења, а имаше и доста дрвени палки и една метална цевка. Сето тоа беше од наша страна, додека од нивната страна, немаше толку многу оружје, само по некој дрвен стап или пак некој камен. Па поради то, на почетокот водевме, се додека едно чупе не ојде дома и ги зеде “чоките“ од брат му (барем кај нас така ги викаја они двете дрвца на средината поврзани со синџир) и ко ни се размафка за секунда сите не снема.
Морам да признам дека то ни беше првиот и последен пораз. Поќе со никој не се гибавме. Додуша се гибавме, ама гледавме да не дојди до тепачка. А се гибаме и денес, знам дека е срамота, ама то си е традиција која мораме да ја негуваме. Низ Маџермаале треба да фатиш врски за да поминиш негибнат, или вo најмала рака неисфиркан. Ние тука сме посебна нација со свои обичаи и бараме тоа да се почитува. То ти е една врста топло добредојде, и не треба да значи дека не те сакаме.

Hey I saw ur website and I'm big fan of nintendo. I just can't forget my first nintendo. I used to play The King Kong game all day long...

Post a Comment