« Home | Македонските блогери » | Odgovor » | BRAVO! » | Elena za minister za maalski raboti i meguetnicki ... » | Како дотуркав до ова тереџе » | Na pauza » | Предлог » | Надежта е во младината » | “Бутките“ и “Педагошка“ » | Извинвање »

Десетте правила на Гнетачите

Правило број 1.
Биди другар. Никогаш не одбивај кога некој ќе те покани на јадење.
Правило број 2.
363-те дена во годината посвети му ги на јадењето, а останатите два на Св. Трипун и на жената… и чекај некој случајно да те покани на ручек.
Правило број 3.
Никогаш ама никогаш не одбивај кога некој ќе те понуди со мастика. Ем е муфте, ем ќе имаш шо да џвакаш до следниот оброк.
Правило број 4.
Секогаш гледај во туѓата чинија, оти сигурно има уште некој кој го демне остатокот.
Правило број 5.
Не се гнаси од другите. Ако случајно најдеш влакно, тргни го и продолжи со јадење.
Правило број 6.
Булимичарите заслужуваат да живеат, за потоа да можат јавно на плоштад да се дават во котел со грав (со колбаси).
Правило број 7.
Не ги цени луѓето според облеката. Цени ги според остатокот од храна на предните заби.
Правило број 8.
Кога си во пицерија и некоја од друштвото наместо пица ќе порача јаболко, земи го јаболкото, застани на другиот крај од просторијата (за да земиш залет) и годи ја со јаболкото по глава се додека не се издоби. А после ако сака нека го дојади како пире.
Правило број 9.
Ако остани нешто од јаболкото касни и ти.
Правиоло број 10.
Ако нешто може да го уништи другарството тоа е сендвичот. Ако другарчето не ти понуди да каснеш, фати го за уши, акни му ја глата од тротоарот и земи си го сендвичот.