« Home | Македонија не е фашистичка земја » | Пост за глупите (cancelled) » | Зошто љубовта во Њујорк и Истанбул секогаш е пором... » | Филмот во кој што победи љубовта » | ТВ центрифуга » | 16:9 » | Лузните се за да болат » | Protests against Police Brutality in Macedonia - B... » | Пишувам на блогот. Значи сум накурчена! 18+ » | Како имав секс на facebook (од архивата на faceboo... »

Скица...

Денес е осми март.
Не го славам.
Носам фармерки, патики, имам сина соба со зелен тепих, берам burago коли, возам кола, мотор (пак по фармерки), имам право да гласам на избори... дури имам право да бидам креативна и да направам неважечко гласачко ливче...
Тоа е за мене.

Секоја друга жена има право на:
- депресивен маж со емоции
- маж кој што ќе и дава пари
- маж кој што ќе и дозволи таа да готви, пери, пегла..
- маж кој што ќе и дозволи таа секогаш да лежи за време на сексот
- маж кој што ќе мириса на пот
- кој што ќе ждрига и прди низ дома
- маж кој што ќе вози и кога е пијан
- маж кој што ќе има право да фрли со празната кригла по неа, затоа што тој си ја купил

look at you. look at him...
now back at me:

- имам право на позитивен маж
- имам право на маж кој што ќе се смее
- имам право на маж кој што ќе ме смее
- имам право на маж кој што ќе ме инспирира
- имам право на маж кој што ќе ме води за нос низ животот, а не јас него
- имам право на маж кој што ќе биде полн со оптимизам
- имам право на маж кој што ќе биде поамбициозен од мене
- имам право на маж кој што ќе сака да патува
- имам право на маж кој што сериозно ќе се закрени да патува
- имам право на маж кој што ќе сака да гледа жени
- имам право на маж кој што ќе сака да сподели импресија од секоја убава жена која што ја сретнал на улица
- имам право на маж кој што ќе каже дека мажот на другата маса е убав
- имам право на маж кој што ќе сака да одиме заедно на бинго или во казно кога ќе бидеме пензионери
- имам право на маж кој што нема да сака да умре како пензионер
- имам право на маж кој што ќе сака да остане млад покрај мене

....имам право да немам дечко после овие барања. знам