« Home | Скица... » | Македонија не е фашистичка земја » | Пост за глупите (cancelled) » | Зошто љубовта во Њујорк и Истанбул секогаш е пором... » | Филмот во кој што победи љубовта » | ТВ центрифуга » | 16:9 » | Лузните се за да болат » | Protests against Police Brutality in Macedonia - B... » | Пишувам на блогот. Значи сум накурчена! 18+ »

Кога учителот падна на колена


     Штотуку видов 10-тина наставничи (некои ги препознав) од државно училиште во Битола кои шетаа по улица и влегуваа по домови и продавници и убедуваа за гласање. Кога некој ќе прифатеше тие викаа и си честитаа.
     Се усрамив. Дремев немо во дворот и не ми се веруваше што гледам и што слушам... уште не ми се верува. Затоа седнувам во афект да го напишам ова за после уште еднаш да си го препрочитам и да си поверувам дека беше вистина. Тоа беа возрасни личности, претпоставувам над 35-40 години. Сите тие се високо образовани луѓе според еден постар и според мене, подобар систем на образование. Сите тие денес ги учат вашите деца, а еден ден и моите.
    Се прашувам каде е достоинството на наставникот? Каде е оној наставник кој што се едуцирал и кој што секое утро застанува пред таблата со намера на децата да им пренеси знаење, да ги научи што е морал, што е чест, што е достоинство и гордост. Да им каже дека денес тие се деца, но еден ден тие ќе треба да станат граѓани кои што ќе треба да покажат храброст и став за промените кои ги очекуваат. Дали борбата за опстанок во оваа земја е толку сурова што дури и единствената и историски најценетата личност (освен родителот) која што треба да го оформи мислењето на најмладите ја падна на колена.
     Можеби со ова ќе навредам многу мои блиски луѓе и колеги со кои што заедно сме завршиле Педагошки факултет(секоја чест на исклучоците и вистинските педагози, кои знам дека ги има меѓу нив). Можеби со ова делувам дека сум љубоморна на сите кои што се вработиле “според струката“, а јас не сум успеала. Можеби се лажам и се тешам, но денес се осеќам гордо невработен наставник кој очигледно својот став и своето достоинство ги ставил пред парите и кариерата.
...a, можеби и затоа што сеуште немам свое семејство за кое што ќе морам сите тие доблести да ги згазнам само за да обезбедам храна за него...

Hat is 100% brushed cotton with our unique design the front.This light soft hat can be packed away easily making it the ideal hat for vacation travel and all times when you want to keep the sun off of your beautiful face
petty hat |
cactus hat | papi hat

Post a Comment