« Home | ??????  » | sl.6  » | sl.5  » | sl.5  » | sl.4  » | sl.3  » | sl.2  » | sl.1  » | sl.1  » | Znaci aj so gospo napred POCNUVAME! »

Нешто од историјата...

Нешто од историјата... или за историјата на Маџермаале... Па вака...
Еј ај ако сакаш прво полизгај се до сликите подолу. Ги разгледа?И што заклучи?
Е то де, дека цел ден биле голи, приквечер ќе се облечеле и ќе се собереле на некоја ливада заедно со другарките и љубовниците (значи не женските или мувачките, оти тие се поими кои во тоа време не биле познати за нив, туку само љубониците), а после продолжвале со забавата на затворено.Бидејќи маџермалците можело да се опчекаат само во овие три “пози“ ќе се обидиме токму тие поопширно да ги опишиме.
Значи,
Поза 1: Капејнци - легендарното збиралиште. Колку само авантури и доживувања потекнуваат од таму. Кој сакаш маџермалец прашај го кај ги поминал најубајте деној од младоста ќе го добиеш истиот одговор: “Пссс... на Капејнци бе каде, еххх... бе брат само да знајш шо време беше то...“. Па можи и било добро време, шознајш. За ништо не му било гајле, за ништо не се нервирале, да не мислиш дека за училиштето се нервирале? Не бе, тешко тебе... Па скоро и немало таков маж кој завршил осмолетка направо. Првото кепнување било некаде околу трето – четврто одделение, е сега да не зборваме за понатаму каде освен математика и македонски имаш барем уште 5-6 “посериозни“ предмети. Туку да го остајме то, да се фокусираме сега на мускулите. Се гледа дека паметот бил таму, во мускулите. Па оти да не, освен пливање в река и теапње со нивниот најголем ривал “Гинималци“ ништо друго и не праеле, освен фаќањето на љубовници нормално. И пак некој гинималец ќе им застанел на пато и пак тепачка...
Останува само прашањето што се случувало со батките како онај на сл.2 (горе, прв од десно) или пак оние како на сл.2 (долу, втор од лево) или пак сл.3 (втор од лево, малио).

Поза 2: Е веќе тука самата слика кажва се. Дружење или излежавање со другарите и другарките.

Поза 3: Ова е веќе она што најмногу ги збилижувало. Добра пијачка и некоја песничка, нешто што останало и до ден денес, иако сега пијаниците преминаја на друго ниво и сами си го тераат живото кој како знај. Најдобар пример моментално ни е легендарнио Чукар – синоним за снаоѓање. Чоеко кој со 850 денари социјално успева да си купи 10 пара чорапи од кај албанците за цел месец и некоја пакета Ориентал, а со остатокот од парите да биди “во форма“ 25 дена во неделата.
Абе за маџермалците има многу да се пиши. А и многу ќе пишиме, посебно за овие денешните кои живеат во еден помодерен свет, свет исполнет со коли, мотори, оружје, женски, швалерки и секако неизбежните цајкани кои ги следат на секој чекор.

Post a Comment