Wednesday, September 26, 2007

Stupid in America

Нема да коментирам. Ќе ве оставам да си потрошите 40 минути од вашето драгоцено време (или пак 5, доволно е) и да се почуствувате навистина попаметни.

Monday, September 24, 2007

Rap играорци

Да расчистиме, не сум расист, не ја мразам таа култура ниту им ја потценувам музиката! Напротив, многу ја ценам Soul музиката и нејзината историја и начинот на кој таа еволуирала низ годините. Можам слободно да кажам дека 2Pac е еден од најдобирте поети на 20 век.
Арно ама едно нешто што најмногу ме вади од контакт се белите рапери. Па не е можно бре некој бел морон да ги има тие движења и потези и слични некои нивни “ритуали“. Нив тоа им е во гените и точка. Навистина ми е жал, посебно за нашите Џет сет личнсти од калибарот на Врчак, кои што на родителите наутро им велат “Јо“ ....ц..ц..ц... да не ми се врати на децата... ќе си ги лежам во затвор :).
Туку ај да не го дупам многу, само сакам да напоменам дека исти такви морони постојат и на другата страна...
Уживајте!

Thursday, September 13, 2007

Џизс умре за да клецни!

Знаев, знаев дека еден ден ќе се врати и ќе ни еби мамето на сите... :) и знаев дека ветената земја е Америка и дека ќе зборува на англиски :)
пи ес
не би требало мене да ме казни, јас само го ширам видеото :(

Wednesday, September 05, 2007

Shadows / Senki trailer

Милчо си е Милчо, не е потребен коментар, не е ни да му држиш среќа за да добие награда... Милчо е мајстор бре! :)

Saturday, September 01, 2007

Дуетот кој што ме “разнесе“

Знам дека youtube е скоро семоќен, а МТВ крајно невозможна и секогаш неисцрпен извор на коментари, ама еве пак заглавив и сеуште неможам да го споделам чувстото кое што го имав изминатите неколку минути додека го гледав спотот на Лила и Александар. Пробав на сите можни начини и со сите кобинации да го пронајдам спотот од песната, но залудно... Неможам ни да го идентификувам дали е нов или стар, бидејќи квалитетот и технологијата што ја имаат МТВ способни се и на Shrek да го преувеличат и да заличи на руски краткометражен анимиран филм од комунизмот.
Во продолжение ви приложувам слика за да ви докажам дека не лажам и дека навистина постоел дует помеѓу нив, а за тие што не им е гајле дали лажам или не - нека го д ___ат на “ликовите“ :).

пи ес
ве молам, доколку некој го начека спотот нека ми го испрати некако :) или нека ми пушти линк.