Friday, August 10, 2012

Лузните се за да болат



     Колку и да се трудиме дека се е во ред и колку и да им глумиме дека се е во ред – не е. Глумат и тие. Глумат дека надминале, глумат дека нивните градови никогаш не ја почуствувале вистинската војна, глумат дека се ќе бида во ред... глумат дека сакаат да заборават – НЕ.    
     
     Куршумите на скоро сите згради и куќи се сведоци на тоа. Кај и да е ќе се навршат и 20 години од “ратот“. После таа војна овие предели добија огромни суми на пари за реконструкции. Тоа се гледа. Се градат нови куќи, се градат нови згради... улици... училишта. Всушност се ова е изградено со 1/3 од парите од помошта, да расчистиме. Поствоените периоди се најдобриот бизнис за секоја фондација, невладина или владина организација.

     Никој не се осмелува да донира “глет маса“ или малку поликолор за да се санираат овие дупки. Па, и никој да не донира, секоје семејство да донираше по едно евро годишно за куќен совет до сега ќе се собереа пари за фасада. Но, потсвесно сите сакаат да им останат лузните на нив. Онака не највидливото место за на сите да им покажат дека болело. Дека не се горди со тоа, па и кој би бил горд со лузна на лицето. Дури ни Хајди Клум не е горда на лузната на коленото... замислете на сурат да и беше.
     
     Лузните се тука за да болат!

     Оставете ги. Најсериозно ви велам. Не ги санирајте. Земете лак и излакирајте ги. Нека останат таму засекогаш.

     Да видите сега како само внимателно пеглам откако ја залепив пеглата на левата подлактица.

     Today’s highlight: еден доста фин чичко од финдација за правна помош за настранадните во војната ни држи предавање за Тузла и како тоа само во Тузла не завладеал национализмот, како тоа сите во Тузла и за време на војаната и денес живеат заедно и дека тука важи само името и презимето. Не важи националност, етничка група или религија... и така на крај од предавањето во “the meeting room” влегува куче кое што го чуваат во организацијата и ни го претставува со зборовите “е па дечки, ова е нашето куче чувар, се вика Мелек и е муслиман“.

     Куршумот кој што го пробил ѕидот и оставил лузна на фасадата, сепак поминал и низ многу глави.