« Home | Wall of fame  » | Pedagoska  » | cesmata  » | :)  » | Море бе... и 500 ги начукавме... па по тој повод и... » | Детето М. фторо поглавје » | Eve be Bukar nesto i od krajbrezjeto na Dragor. Ti... » | Tunelo by day  » | Germanskite grobishta  » | Crkviceto  »

Ко на филм

Не дека живеам овде, ама вервајте, Маџармаале рамо до рамо со L.A. (Ел Еј) го клавам.
Само шо ќе ги поминиш портите маџермаалски, уште не стигнат до чешмата, исто бе ко во Universal studio да влегваш. Уште со првиот чекор шо ќе го напрајш за да ја преминиш улицата и за да се напиеш тро од топлата вода од чешмата, ризикуваш да бидиш прегазен од статистите шо вежбат за третото продолжение “Fast and Furious“, со работен наслов The lusers in action. Ако па преживејш да ја преминиш улицата и продолжиш да одиш нагоре по Босна веќе си на сетот на “Desperate Housewifes“. Тука нема ништо посебно да забележиш. Само обични фамилии кои според тебе на прв поглед си го живеат животот најнормално, како и сите други, но позади тој невин сурат шо ти го прат, тие во себе кријат длабоки и мрачни тајни за кои многу малку се знае... Уште погоре преку главната улица се наоѓа една сцена со еден голем објект кај шо се снимени голем број на историски флмој ка то Western, а моментално тој објект подобро познат како “Кај педагошка“ служи како туристичка атракција за туристите од источна Македонија. Лево пак од тој објект се наоѓа познатото собиралиште на џет сетот од Маџермаале -“Кај бутките“. Нема добар маџермаалец кој барем еднаш не застанал таму или пак не седнал на легендарната клупа меѓу двете дрва. Од карши пак (назад преку улица) е нашиот “Wall of fame“. Па шо? Не ќе клаваме ѕвезди на тротоарот па сите да ги газат. Нормално дека луѓе како нас својот печат ќе го остат на ѕид за сите со респект, како шо велат на телевизија, да ги читат. Ко ќе се враќаш надолу по истата улица, имаш впечаток дека присуствуваш на снимањето на некој нискобуџетен порторикански филм. Подолу пак од ова се наоѓа “Амиго“, местото шо засега е најголем хит, барем кога збораме за ноќниот живот. Тука се собираат “најкул“ фаците од Маџермаале. Сите оние шо го одбележале денот, секој на свој начин, се тука за да си раскажат шо се напрајле денес. Можиш се да слушниш, од совети за мода, лубовни врски, проблеми со полицијата и законот, па се до некој тешки научни фанатастики. Под “Амиго“ се “Гаражите“ најомиленото место за снимање на филмови со експлицитни сцени кои се наменети за гледање со “задолжителна родителска придружба“ или пак сами дома. Тука се се снима. Од љубовни сцени до документарци за лошите последици од дрогата... Веќе се приближваме до Rodeo Drive. Тука не можиш да ги видиш бутиците шо ги има таму. Овде можиш само да бидиш виден. Со самото поминвање покрај “Печо“ веќе си дел од маѓијата. Иако во твоето маало си најголемиот глупак, тука доволно е да се наведниш над чешма, да си ја напрајш фризурата, да ги подразделиш лактите од телото и готово... веќе си во филм... дури да ти се исуши водата од косата. Ова важи и за женските. Чешмата е најидеалното место на кое сосема најневино можиш да си се поднапучиш, демек пиеш вода, а во глата да ти се вртат мислите: “Ај ај уште малце можам да се поднаведнам за да не ме прсни водата, па да ми ја заеби шминката... мммммм... (мачно мммм...) .... ухххх... добра бев овај пат“. И после демек си ја бришиш устата од водата гелдаш наоколу дали некој те виде. Ако не, на враќање ќе си пробаш пак, не ќе те кара некој.Исто тука иако малку подзадскриено, се наоѓа “Пабот“. Местото кај шо се снимат најдосадните филмој со стари досадни мажи кои дремат, играт карти и гледат телевизија. Најчесто таму ги снимат документарните филмој за пензионерите и нивните последни денови поминати со друштвото. А понекогаш се изнајмува за забави кои ги организираат богатите и поштованите луѓе во Маџермаале кои траат се до сабајле.
И на крај ко ќе си бегаш ако случајно ти се бендиса и сакаш да купиш некоја “луксузна“ куќа во овај крај слободно кажи, оти ни требат луѓе за ADSL.

Јак приказ, испомешано со холивудски блокбастерки и култните местенца и нивниот значај во маалото.

Следно шо би било интересно да го прочитаме околу “славните“ тепачки со РЕМО, ГИНИМАЛЕ, БАИР и сл.

Ќе ти треба и некоја тепачка легенда при составувањето на легендите околу тие работи :)

Post a Comment