Ренесанса... или повторно враќање
Баш е чудно да се пиши пост од во едиторот на Blogger :).
Никогаш до сега не сум се почуствувала вака опуштено. Никогаш не сум можела истовремено да пишувам или да правам било што online и да си ја сушам косата и што е најважно никогаш не сум издржала повеќе од 5 минути, а да не проверам колку dial-up сообраќај сум искористила.
Но денес е нов ден, до некаде можам да кажам и почеток на нова година и почеток на едно ново блогерско поглавје. Сега слободно можам некои работи да ги испратам неповратно во историјата и безмилосно да се смеам секогаш кога ќе се сетам на нив:
1. звукот од модемот
2. пишувањето постови во Word
3. снимањето на блоговите на другите пријателчиња и нивно читање Offline
4. гледањто во долниот десен агол од мониторот (сеуште гледам, ама трауми имам)
5. будењето на сред ноќ со викање “Disconect... на него прицни и почекај додека не се изгубат сините мониторчиња“... :) за ова се заебавам, да го направев тоа сега од Бардовци ке постирав. Уште малку ми фалеше.
Иако убав интернет имам уште од септември, ама се до пред една недела не си го имав посетено блогот. И кога ми се отвори целата таа зелена идила... неможев да издржам :). Знаев дека нема смисла да го оставам на цедило + во последно време во мене чувствувам малку бес кон општеството, па зошто да не продолжам.
И ете ме, продолжувам...

Aјде со среќа нека ти е.
Posted by Anonymous | 11:34 PM
odlicno te razbiram, jas do septemvri isto taka imav obicen dial-up. dodusa imav 100 sati koi nikoas ne gi koristev ama bese bavno do smrt.
Za zal nov internet mozev da postaam samo koga kupiv nov kompjuter. I ete me sega smooth - kabel. (dodusa se ushte ne e brzo inaf ali nema veze)
a za cudo, se ushte pisuvam postovi na OOfice.
p.s milo mi e shto se odluci na blogspot.
Posted by Ania | 9:21 AM