« Home | “Бутките“ и “Педагошка“ » | Извинвање » | Муфтиња » | На чикмакот пред Европа » | Koljce na "rabota"  » | Нашиот Кољче » | Ај да се исповедаме » | Битолчани » | Plakat  » | Ај да видиме сега кој од вас е барем малку заинтер... »

Надежта е во младината

Во еден мој, не така дамнешен разговор, со една сестрана личност (не дај Боже да се повеќе, а ги има многу, научив многу нови работи. Дознав дека шпанските серии се класика од филм, турбо фолкот е евергреен музика, и дека Шекспир бил филозоф. А се тоа врз основа на нејзината последно прочитана книга – “Шеќерна приказна“. Не знам како ама некако едвам успеав да го проголтам тоа. Потоа размислував за нашата младина. А и има што да се види на ова поле.
Додека едни деноноќно киснат по паркови и долови, а за хоби одгледуваат трева, други пак, кои тврдат дека се попаметни од овие првите, пијат кафе со литри по кафе локалите на нашиот Широк Сокак и разменуваат нешто скришум. Што е тоа не се знае до ден денес оти сепак е скришно.
А, за да биде сето тоа позабавно, театрите, кино салите и музеите се полупразни. Ќе се запрашате, или барем би требало да се запрашате, зошто е тоа така. Како и да е, еве зошто: во галериите не се наплаќа влез, ама некои културно-образовни градски фаци не сакаат да платат дури ни толку за да гледаат дела на некој, кој не знаејќи што да прави со себеси мачкал недефинирани работи на парче платно. За згора на се сака и да ги продаде. Кажете ми една добра причина зошто некој би купил нешто кое цел живот нема да го разбере? Други пак сметаат дека картат за на театар е скапа. Па донекаде и се во право. Со толку пари може да се пие кафе, де се части некој добра риба. А и ќе научи некој трач за некој во градот, а на претставата и така набрзо нема да се сеќава, доколку не ја разбере поентата. Овие пак не се најпаметни, има и едни други, на кои некој има дал карта, а овие сметајќи дека се изградени личности, културно и морално, им ги продаваат картите на некои селани кои се принудени да одат по културни манифестации зашто не ги пуштаат на врата во кафчите. И за овие последните, да не речам селаните, се вели дека се лузери.
Што се однесува до музиката која се слуша по нашата мала земја, таму е најзабавно. На некои уште не им е јасно, а веројатно и ќе остани така долго време, како е можно да е убава за уши музиката која ја компонирал Бетовен а ни самиот не ја чул (за поинформираните го загубил слухот). Тие сметаат дека турбо фолкот е закон, зошто пеат така згодни личности - Цеца, Карлеуша па и овие до нас од десно – бугарките. Само така клучното прашање би било, во што е убавината, во стасот или во гласот?
Ако некогаш немате што да правите сп вишокот слободно време и ви е досадно, мојата мојата комшиница Мица има рецепт за вас. Прво нешто што треба да се направи кога ќе се отвори едното око, сеедно дали е десното или левото, треба длабоко да се размисли. Што да се облечи за утринсотокафе? Кога целата таа церемонија околу кафето ќе заврши, ви предлага добра литература – Oriflame или Avon, изберете сами. Кога ќе извлечете какво и да е наравоучение и кога ќе наближи 18 часот се фрлате на работа. Вадите се што имате и немате од плакар и пробувате различни комбинации. Кога ќе изберете нашто Cool во 19 почнувате со рутинска подготовка за вечерниот состанок кој пак е во 23 часот.
Тука има уште ред ред работи кои може да се кажуваат, но се плашам дека ако ги кажам сите, нема да ви биде многу интересно, затоа ќе преминам на заклучокот. Пред тоа им се извинувам на сите ако заборавив клучни детали од нивниот исполнет живот.
Значи што вистиски сакав да ви кажам на сите е внимателно со тоа што го правите со и во вашиот живот. Сепак е еден и е краток да можеме да правиме се што ќе ни падне на пемет. Светот врие од кичарии насекаде околу нас, но мислам дека можеме да ги променеме и во најмала рака да не ги конзумираме во нашите животи, се разбира заради нас самите. И не правете ги рабоите затоа шти тоа го прават другите или заради тоа што сега е In. Светот ваков каков што е сега по кратко време постарите генерации ќе ни го препишат нам, а ние ќе треба да го направиме поудобно катче за живеење на белите, жолтите, црвените и црните луѓе.
Изборот пак ви го оставам вам на каде ќе се упатите кога ќе излезете од оваа просторија. Вие сами и само сами! треба да одберете дали сакате да бидете привремено или перманентно сиромашнилица. Но пред да изберете било што, сетет се на онаа стара добра изрека – “Надежта е во младината!“.
Андријана
Па како шо глеате текстот не е мој. Сепак не сум до толку себична па само јас да си пишам овде. Додуша да, само јас си пишам, ама си давам слобода и да потпрепишам нешто и од други. Според мене, текстот е доста солиден и немаше смисла да не го објавев. Сепак се зборува за нас, за битолчаните, па и да не налетав на овај и јас би напишала нешто слично.