« Home | » | » | » | Hotel Rwanda » | Маџермаалска невеста » | Повторно на одмор » | Еден обичен ден во животот на еден обичен маџермаа... » | kako uzivase 5ar  » | Atmosfera  » | По одморот »

Како се живееше тогаш

Да ви кажам право овај последниот текст шо го напишав за моето детство некако многу ме инспирира онака, не баш детално, ама отприлика да ви опишам шо се се случуваше во Маџермаале во то време.
Како шо глеате од сликите, прво улицата не е иста. Абе за 50-тина гласа за изборите, улицата ни ја продадоја. Нашата слободна зона. Најмиранта улица во градот. Коли врвеја само по потреба. Па кој будала ќе си ја крши колата... А и то беше предноста. Секогаш ко ќе излегвавме на улица од дома не гладавме лево, па десно, па пак лево, за да преминиме. Само шо ќе дојдеше 09:00 со трчање на улица. Тогаш се беревме кај камењата или под липите. Тие ни беа најомилените места. Кај камењата оти на нив можевме да седиме и обично игравме игри шо се играја со седење. Како на пр. “јајциња“, “бои“, “столчиња“, “тиквата ми роди тиквиња“, имаше и една со вештерка ама не се сеќавам како ја викавме... Некогаш седевме и онака, само со тетратки и бојци и пишевме споменки, ама не многу често... шознам, искрено и не бевме многу сентиментални не се сеќавам дека во то време сме праеле муабет за симпатии. Изгледа тие споменките сме ги пишеле оти ај, така треба да прат женските, нивна работа е да пишат, а пак машките да берат инсекти. Само во инсектите не му се мешавме, друго се ни беше заедничко, дури и “мајки“ и “фудбал“. Фудбалот искрено поќе беше женски, мнозинство бевме шо да прам. Па според то можам слободно да речам дека машките играја со нас фудбал, не ние со машките. Е после ко ќе не чукнеше жештината се префрлавме под липите. Сенката ни беше петка. Доволно голема за сите да не собери и плус имавме и место да си извадиме столчиња и масички и да играме учителки. Ама сепак јас мислам дека “најфаца“ни беше ко ќе игравме плажа на тротоарот (нормално раслечени ко за на плажа) и кладрмата ни беа океанот во кој шо имаше ајкули кои секогаш не бркаја. И редовно некој ќе го повредеше, па ај брза помош идеше (тиру - риру) и на крај ќе завршевме да играме доктори. Едноставно, ич праевме пауза. Ни меѓу игрите.
Знам дека сега ептен се фокусирав на мојата улица, ама немавме време да одиме и да видиме кај се берат другите. Море една група имаше пред зградата на другата улица, кој ние ја викавме “окулу“, другата беше кај бараките, нешто имаше и горе на нашата улица, а пак кај пазарчето се береја “големите“. Сите тие имаја симпатии, а некои дури и дечковци и женски... полека, полека, и ние по малку почнавме да пододваме таму ама тој процес траеше со години. Пазарчето секогаш било за поголемите. Само таму скоро никој родител немаше пристап. А и да поминеше, нормално по темниците, и да сакаше не ќе можеше да си го препознае чедото.
Еј ај да привршам, оти имам некои забалешки демек многу долги ми биле текстовите. Во право сте... трошок е, ама не ми се жалете мене, вервајте јас сум најпогодена ;).

Ha ha ha.Jako ova:)

Post a Comment