« Home | Летка – дипломирана курва и безнадежна пијаница » | Letka  » | Дали некогаш ви се има случено да слушнете некоја ... » | Fada (se izvinuvam poradi kvalitetot)  » | Која е Фада? » | Чукар Chapter II » | Чукаро пак » | Cukaro  » | Branko  » | Maskata  »

Бабите

Да се биде маџермаалска баба треба да се исполнуват три усови:
Да се има внуци, кои исто така живеат во Маџермаале;
Да се биди во добри односи со останатите од својата генерација;
Да се има слободно време за да се дреми пред порта и да се познаваат основните правила на оговарањето.
Кога веќе сме кај оговарањта мотото, барем на овие тукашните, баби е “Никој не е совршен, ама ние да“.
Како едни од најистакнатите баби трачарки се Ванејца, Косана, Љуба и Иваница. Ванејца е матицата, најпаметната меѓу нив. Татко је бил многу учен чоек, заедно учел осмолетка со Крал Александар, а после и бил нзаначен за управник во Месната. Арно ама жена му умрела малда па сите останати 5 деца ги догледала токму Зојка, која откако се омажила преминала во Ванејца.
Косана е најхуманата баба од сите четири. Нејзината фамилија брои преку 50 најблиски членови од кој најголем број се надвор од земјата. Иако судбината ги распрскала низ целиот свет сепак летото е периодот кога целото семејство повторно се собира кај баба Косана и се присеќаваат на деновите поминати низ маџермаалските калдрма.
За Љуба неможам многу да кажам, освен дека е најголемата љутачка и плачка од сите баби и за мали ситници се кара со нив и после неколку месеци ич не му прај муабет.
Е Иваница е најцивилизована од сите. Има ојдено и работено дури во Австралија. Буквално сите Австралиски обичаи ги има пренесено тука. Од туширање неколку пати во неделата и миење на дворот два до 3 пати дневно, се до купвање на храна во поголеми количества, за да можи да си ги клај во визбата и од таму по Австралиски да си ги зема.
И на крај не е фер па и да не ги спомнам и другите жителки на Маџермаале кои со својата појава пред портите ја разубавуваат сликата на нашето маало и ја “вжештуваат“ неговата атмосфера. А тоа се Зорето, Фатмире, Мира, Вера, Марето, Гичето, Ѓувеза, Мазес, Неда... и секако едно IN MEMORIAM за Гица и Тронда.

Хахаха... и треба да ти е

Post a Comment