« Home | 101 (сто и првиот) пост » | За глупите » | Другарче - педерче » | Голготата на еден битолчанец » | Ренесанса... или повторно враќање » | ... » | Десетте правила на Гнетачите » | Македонските блогери » | Odgovor » | BRAVO! »

Родители... и како да дознаете дека ве сакаат

Дел I: Во продавница за компјутери

Ликови: Идиотот (јас, ти и сл.)
Мајка/Татко, а скоро секогаш и двата
Комшија, колега од работа, зет за сестра на кумот (наставник по информатика), вујко кој има компјутер во колонијалот, братучеда која во основно имала 5-ка по информатика, сега 20 и кусур години и работи во козметички салон, и многу други примери на луѓе со кои треба да се консултира во врска со IT (ај ти) :).
И секако, кутриот продавач на компјутери, кој за да го извади лебот секојдневно (ова до некаде треба да е позитивно, се надевам) се соочува со голем број на... сега не ми текнува, ама до крајот на постот се надевам дека ќе “создадам“ соодветен збор.

FAQ (...конечно добив шанса да го напишам и FAQ :-)):

M/T: Значи за тие пари ги добиваме сите делови?
П: Пааа... да. Мониторот, Ќуќиштето (централната единица по школски), тастатура и маус.
М/Т: А оние едни како мрежи што се... незнам како се викаат, ги има на компјутерите на шалтерите...
П: Па нема потреба од нив оти сега новите монитори сите се со вградена заштита.

М/Т: А црните компјутери се побрзи?
П: Не... не мора да значи... всушност убавината на компјутерот е зад пластиката... Сега ваше е каква боја ќе одберите.
М(кон таткото): Нека биди црн... Николче на Донка од работа има црн и со сите петки е.

М/Т: Која е раликата помеѓу обичните и танки монитори? (многупати нарекувани компјутери)
П: Има голема разлика. Тие танките се друга технологија. Не зрачат, сега зависи од цената, ама имаат и подобри бои, подобар агол на гледање...

М/Т: Аха... ама тој помалку бери од обичниот така?
П: (после далабоко дишење).... Пф.... не... не... се што гледате на мониторот доаѓа од куќиштето. Значи не треба да се грижите за тоа... Ваше е според буџетот или според просторот да се одлучите каков ќе земете.

М/Т: А како да знаеме колку бери компјутерот во него?
П: Се што треба да се сними или да се внеси во компјутерот се снима во хард дискот. Тој е таа меморија што ги бери податоците.

М/Т: Со овај компјутер ќе можиме да зборуваме и да се гледаме со роднините во странство?
П: Да...да.... со оваа конфигурација ќе можете само да се слушате, ама ако го порачате денес од нас имате подарок и камера за да се гледате. :-)


сите ликови се случајни, до нив сум стигнала сосема случајно и низ случајни разговори.

Хахххаахаа....
Позната ситуација од кај нашите ПиСи дилери. ;)
Добра сторија.

Поздрав!

Post a Comment