Fuckin Americans
Во последно време доста време поминував низ македноските блогчиња и обично си ги читкав постовите на македонската младина, или шознам таму... и тие постарите, всушност и не ме интересира кој колку години, важно ми беше до кај сме и што мислиме за нашето општество. Тука ќе ги спомнам постовите на Букарски, Кнсис, Џам... па и Анти итн... И незнам дали правилно заклучувам ама по се изгледа дека сите мислат едно... а тоа е дека живееме во тотален хаос... Дека никој не не сака, дека незнеме да се организираме за ништо (ни за евровизија :) ), дека нашата држава ништо не можи да ни овозможи, дека за тоа и ние сме малку криви ама воглавно секогаш повиновен е тој до нас, дека напикани сме во оваа бедна земја и освен во турција, србија, полска, кина и уште неколку држави неможеме ни да помислиме да одиме, односно дека пасошот не ни чини (не е југословенскиот :D)...
И така сурфајќи низ глобалната мрежа :) налетав на еден блог кој го води американски државјанин кој моментално е на некоја мисија во Судан преку некое НВО. Се беше супер додека ги читкав импресиите на батката се до моментот кога го прочитав ова:
After 6 months straight in
Хихихихи..... Знаев дека и тие некаде, на некој точка од земјината топка не вредат ама баш ич. Додуша и не ни вредат многу... Иако за многумина Америка е животен сон, вервајте дека не е се како што изгледа. Нема да гњавам многу со тоа да ви објаснувам работи кои на сите ви се добро познати, посебно не за тоа дека американците се ДЕФИНИТИВНО НАЈГЛУПАТА И НАЈДЕБЕЛАТА НАЦИЈА со 50 милиони жители кои живеат под работ на егзистенцијата, далеку посиромашно од нас, и со 32 милиони (незнам колку е точна оваа информација) бездомници. Од 260-270 милиони вкупно... богами... многу е. Катрина ни овозможи да ја видиме вистинската Америка! Ураганот не го соголи само Њу Орлеанс, туку и целото труло американско општество.
Најинтересно е што сега и ја изгубив смислата на постот, незнам ни во која насока да продолжам да пишувам... а ми се пишува уште... посебно за Америка, :) земја далечна.
Не сум била никогаш во САД, освен ако го бројам тој еден чекор што го направив на границата над Нијагара кога се обидував да побарам влез за Д Стејтс и кога чичкото од таму, дебел, кој беше видно истоштен од жештината ми рече да одам до него... и така намерно или ненамерно со тоа што ја преминав жолтата линија, иста како оние од банките кои многумина од нас и не ги гледаат, им влегов во ебената држава :) и им се задржав скоро 5 минути. Значи можам да се фалам дека сум била во САД :). Никогаш нема да си простам што имав шанса и не им плукнав. Немораше да биди онака ’ркање со шлајм, ама да се излигаев до долу можеби ќе успеев... 160цм па и не се толку голем пат за една лигајца.
Безразлика дали сум била или не им ја мразам државата... а и голем број од популацијата. Ама како бре да ги сакам? Тотални идиоти се! Почнувајќи од идиотските тинејџерски филмови до Еминем, како најдобар пример дека нешто не е во ред со таа нација. Не велам дека има фини работи, да не ги заборавам Microsoft и Google кои на некој начин видно го сменија светот, а и други проекти и поединци кои не им се за фрлање. Еве јавно кажувам дека не сум симпатизер на американците ама би сакала да отидам таму, НЕ ДА ЖИВЕАМ (ова важи за вработените во амбасадата), туку да одам и да прошетам, да го видам New York, San Francisco, New Orleans па и Vegas, .... навистина има места што треба да се посетат и потоа да се врати дома! Никогаш не би школувала мое дете таму. Никогаш...