« Home | Нов пост... по незнам кој пат » | Поздрав од Африка » | Битола гори!... » | » | Rolling Stones in Montenegro 09.07.2007 » | Веројатно “Новинар“... од “Вечер“ » | Macedonia is Greece » | Dawson's Creek opening theme [6th] » | Откако на Земјата се роди новиот ангел... » | Јуни... лето господово 2007 »

3-Iron

Сакав да напишам нешто за да го пофалам филмот, ама некако не ми идат зборови. Го имам гледано повеќе пати и ќе го гледам уште многу пати. Всушност, филмот е од оние кои што се изнајмуваат, се гледаат, се копираат, се купува посебна кутија во која што се чува, се прави омот на принтерот и се става на полицата заедно со неколкуте филмови кои што никогаш не стануваат досадни. Во меѓувреме работиш на тоа да им го препорачаш на сите кои што ги сметаш за вистински филмски гледачи и се помируваш со фактот дека нема да ти го земат и да го гледаат бидејќи не им се допаѓа твојот “беден“ опис.
Во секој случај, еве ви го trailer-от и уживајте! Филмот има нешто во него, има некоја топлина која ни ја сервира од почетокот до крајот, проследена со прекрасна фотографија која што ги заменува сите зборови... буквално сите!