« Home | Поздрав од Африка » | Битола гори!... » | » | Rolling Stones in Montenegro 09.07.2007 » | Веројатно “Новинар“... од “Вечер“ » | Macedonia is Greece » | Dawson's Creek opening theme [6th] » | Откако на Земјата се роди новиот ангел... » | Јуни... лето господово 2007 » | Најдобрата македонска печалбарска поезија »

Нов пост... по незнам кој пат

Знам, треба да се срамам поради ова, што немам свој сопствен блогерски идентитет и во последните 3 години октако “активно“ се занимавам со блогерството (колку само новинарски звучи ова) имам зафатено во повеќе насоки од кои ниту една не сум ја доодила докрај. А и незнам каков и би бил крајот.
Во прво време пишував за моето маало, за моите комшии, за приказните и легендите кои што ме опкружуваат. Потоа, откако ја преживеав голготата со недостигот на интернет, односно недостиг на интернет за мене секогаш ќе има, па подобро би било кога би се изразила: откако го преживеав најтупавиот и најотсечениот период во мојот живот, се проширив и поцнав да дејствувам поопшто, за на крај сега, да се посветам на мојата “глобалност“. Време беше да ставам точка. Секогаш имам проблеми со ставањето на точките. Незнам зошто, ама запирките ми се најпријатни... најмногу си се разбирам со нив, баш се супер, никогаш не ми ја сечат мислата, само ме успоруваат и ми даваат елан да продолжам со тоа што сум го почнала... и како што гледам постот, како и секој пост пишуван во 04:30, губи од својата вредност, па затоа се исклучувам и продолжувам некој нареден посвеж ден.

На крај пак, постот можев да го крстам “запирка“ :)

Мене трите точки ми се омилени...

:D Остај... да не почнам со нив... тие ми се за на долги патеки... :D

Што да кажам... Не знам... Само гледам, 2:35 АМ... Добра си... :)

Post a Comment