Tuesday, May 11, 2010

Како имав секс на facebook (од архивата на facebook) :)

Денот го започнав сосема нормално. Си ги облеков пижамите, го наместив алармот во 09:20 за да станам порано и да си прелегнам послатко, потоа си го наместив дајлинското од телевизорот одма до креветот за да можам да се рассонам со еден клик на нулата и го затворив лаптопот.
После 3-4 минути нуркање со лицето во перницата стапалата ја достигнаа нормалната температура, па морав да ги извадам чорапите и официјално да започнам со процесот на заспивање.
Сеуште лежев на левата страна. На неа никогаш не можам да заспијам. Таа ми е страната за идеи и размислување. Чудно, ама вистина е. Сите големи идеи ми идат кога лежам на лева страна. Незнам, изгледа самиот притисок на таа страна предизвикува вриење на масата... појма немам, ама доста практично е. Моментално патам од немислење во исправена состојба т.н. бланко мислење, за кое се надевам дека за брзо ќе почнам да го пополнувам.
А што се однесува до десната страна – е таму спијам!
Да преминам на главното, станав сабајлето во 9:20. Неможев да спијам поќе. Ризик ми беше. Сонвав дека сум била на шопинг со Katy Perry. Супер си поминавме. Немаше потреба да презаспивам. Си се облеков, си напрајв чај и си застанав пред компјутер. Си проверив Time.mk, popurls, flick, mail и facebook. Не ми одзеде многу време и излегов да ги земам апчињата на дедо ми од Веро.
Туку чекај, текстот беше како имав страсен секс на facebook, да..да... е па тоа си ти идиоту еден што го читаш ова. Тебе те ебам! Кој болен ум имаш што се тероризираш со моите теории на заспивање само за да стигниш до моментот кога имав секс на facebook. Не бре дете, не до сексот, само сакав да те тестирам колку реагираш на самиот збор facebook. Доволно е некој да спомни на телевизија, на улица или во такси од 15 денари facebook и одма морници ве лазат! Има некоја посебна магија зборот. Исто како на дете од 12 години тивко му спомеш “цицка“ – одма ќе го препотиш.

P.S. (пи есот ми е фетиш)
Да, ебав на facebook!