« Home | Лузните се за да болат » | Protests against Police Brutality in Macedonia - B... » | Пишувам на блогот. Значи сум накурчена! 18+ » | Како имав секс на facebook (од архивата на faceboo... » | Низ... » | If All Movies Had Cell Phones » | www.domakinki.com.mk/forum/index.php » | 90210 » | ABCD LSD » | Смрт за фоторепортерите!!!! »

16:9

     Eкран 16:9. Поделен на 2. Левата страна е сонот, а десната јавето. На едната си ти и твојот сон, а другата е остатокот од светот додека ти спиеш. Во левата страна од екранот ти си оној што сакаш да бидеш: навидум богат, а сиромав. во десната страна ти си навидум сиромав, но богат. На левата страна најчесто спиеш со сила. Со сила мижиш и со сила ги повикуваш розевите соништа. Сакаш да сонуваш и мислиш дека тоа е доволно за да ги контролираш. Понекогаш толку многу се обидуваш да заспиеш со веќе зацртана сцена што се губиш. Иако не спиеш, сепак мислиш дека си потонал во длабок сон. Штета... сонот настапува само кога ќе се опуштиш... а тогаш, тогаш можеш длабоко да заспиеш, да се успиеш и да преспиеш се.
     На десната страна, пак сонуваш. Но, го сакаш ризикот. Легнуваш и твојот сон го ставаш на коцка. Или губиш или добиваш. Важно знаеш дека утре ќе се разбудиш и ќе продолжиш.
     Твоето ковчеџе со богатство големо колку една рака е доволно само за во твојот сон на левата страна. На јавето, од десната страна, светот е суров. Во него има беда, има сиромаштија има тага... но има и радост, има насмеани луѓе... има бучава, има музика... тука свири Tom Waits, а Morrisey те потсеќа на сите твои грешки. Тука ја среќаваш и ја губиш твојата среќа, тука сите губиме... но, пред тоа добивме. Добиваме за потоа изгубеното да знае да боли уште повеќе. десната страна е за храбрите. за оние кои сонуваат со отворени очи. На десната рамка од екранот има отвор. Од таму можеш да излезеш... од таму можеш да пресудиш кој е вистинскиот свет. Дали левиот или десниот.
      А до тогаш, само можеш да претпоставиш што се случува од левата страна, а шо од десната страна... 


Но, скоро никогаш неможеш да сфатиш кој е твојот дел од екранот. Само знај дека од левата страна не се излегува надвор. 

Post a Comment