Monday, March 18, 2013

Кога учителот падна на колена


     Штотуку видов 10-тина наставничи (некои ги препознав) од државно училиште во Битола кои шетаа по улица и влегуваа по домови и продавници и убедуваа за гласање. Кога некој ќе прифатеше тие викаа и си честитаа.
     Се усрамив. Дремев немо во дворот и не ми се веруваше што гледам и што слушам... уште не ми се верува. Затоа седнувам во афект да го напишам ова за после уште еднаш да си го препрочитам и да си поверувам дека беше вистина. Тоа беа возрасни личности, претпоставувам над 35-40 години. Сите тие се високо образовани луѓе според еден постар и според мене, подобар систем на образование. Сите тие денес ги учат вашите деца, а еден ден и моите.
    Се прашувам каде е достоинството на наставникот? Каде е оној наставник кој што се едуцирал и кој што секое утро застанува пред таблата со намера на децата да им пренеси знаење, да ги научи што е морал, што е чест, што е достоинство и гордост. Да им каже дека денес тие се деца, но еден ден тие ќе треба да станат граѓани кои што ќе треба да покажат храброст и став за промените кои ги очекуваат. Дали борбата за опстанок во оваа земја е толку сурова што дури и единствената и историски најценетата личност (освен родителот) која што треба да го оформи мислењето на најмладите ја падна на колена.
     Можеби со ова ќе навредам многу мои блиски луѓе и колеги со кои што заедно сме завршиле Педагошки факултет(секоја чест на исклучоците и вистинските педагози, кои знам дека ги има меѓу нив). Можеби со ова делувам дека сум љубоморна на сите кои што се вработиле “според струката“, а јас не сум успеала. Можеби се лажам и се тешам, но денес се осеќам гордо невработен наставник кој очигледно својот став и своето достоинство ги ставил пред парите и кариерата.
...a, можеби и затоа што сеуште немам свое семејство за кое што ќе морам сите тие доблести да ги згазнам само за да обезбедам храна за него...

Friday, March 08, 2013

Скица...

Денес е осми март.
Не го славам.
Носам фармерки, патики, имам сина соба со зелен тепих, берам burago коли, возам кола, мотор (пак по фармерки), имам право да гласам на избори... дури имам право да бидам креативна и да направам неважечко гласачко ливче...
Тоа е за мене.

Секоја друга жена има право на:
- депресивен маж со емоции
- маж кој што ќе и дава пари
- маж кој што ќе и дозволи таа да готви, пери, пегла..
- маж кој што ќе и дозволи таа секогаш да лежи за време на сексот
- маж кој што ќе мириса на пот
- кој што ќе ждрига и прди низ дома
- маж кој што ќе вози и кога е пијан
- маж кој што ќе има право да фрли со празната кригла по неа, затоа што тој си ја купил

look at you. look at him...
now back at me:

- имам право на позитивен маж
- имам право на маж кој што ќе се смее
- имам право на маж кој што ќе ме смее
- имам право на маж кој што ќе ме инспирира
- имам право на маж кој што ќе ме води за нос низ животот, а не јас него
- имам право на маж кој што ќе биде полн со оптимизам
- имам право на маж кој што ќе биде поамбициозен од мене
- имам право на маж кој што ќе сака да патува
- имам право на маж кој што сериозно ќе се закрени да патува
- имам право на маж кој што ќе сака да гледа жени
- имам право на маж кој што ќе сака да сподели импресија од секоја убава жена која што ја сретнал на улица
- имам право на маж кој што ќе каже дека мажот на другата маса е убав
- имам право на маж кој што ќе сака да одиме заедно на бинго или во казно кога ќе бидеме пензионери
- имам право на маж кој што нема да сака да умре како пензионер
- имам право на маж кој што ќе сака да остане млад покрај мене

....имам право да немам дечко после овие барања. знам