Monday, March 18, 2013

Кога учителот падна на колена


     Штотуку видов 10-тина наставничи (некои ги препознав) од државно училиште во Битола кои шетаа по улица и влегуваа по домови и продавници и убедуваа за гласање. Кога некој ќе прифатеше тие викаа и си честитаа.
     Се усрамив. Дремев немо во дворот и не ми се веруваше што гледам и што слушам... уште не ми се верува. Затоа седнувам во афект да го напишам ова за после уште еднаш да си го препрочитам и да си поверувам дека беше вистина. Тоа беа возрасни личности, претпоставувам над 35-40 години. Сите тие се високо образовани луѓе според еден постар и според мене, подобар систем на образование. Сите тие денес ги учат вашите деца, а еден ден и моите.
    Се прашувам каде е достоинството на наставникот? Каде е оној наставник кој што се едуцирал и кој што секое утро застанува пред таблата со намера на децата да им пренеси знаење, да ги научи што е морал, што е чест, што е достоинство и гордост. Да им каже дека денес тие се деца, но еден ден тие ќе треба да станат граѓани кои што ќе треба да покажат храброст и став за промените кои ги очекуваат. Дали борбата за опстанок во оваа земја е толку сурова што дури и единствената и историски најценетата личност (освен родителот) која што треба да го оформи мислењето на најмладите ја падна на колена.
     Можеби со ова ќе навредам многу мои блиски луѓе и колеги со кои што заедно сме завршиле Педагошки факултет(секоја чест на исклучоците и вистинските педагози, кои знам дека ги има меѓу нив). Можеби со ова делувам дека сум љубоморна на сите кои што се вработиле “според струката“, а јас не сум успеала. Можеби се лажам и се тешам, но денес се осеќам гордо невработен наставник кој очигледно својот став и своето достоинство ги ставил пред парите и кариерата.
...a, можеби и затоа што сеуште немам свое семејство за кое што ќе морам сите тие доблести да ги згазнам само за да обезбедам храна за него...

Friday, March 08, 2013

Скица...

Денес е осми март.
Не го славам.
Носам фармерки, патики, имам сина соба со зелен тепих, берам burago коли, возам кола, мотор (пак по фармерки), имам право да гласам на избори... дури имам право да бидам креативна и да направам неважечко гласачко ливче...
Тоа е за мене.

Секоја друга жена има право на:
- депресивен маж со емоции
- маж кој што ќе и дава пари
- маж кој што ќе и дозволи таа да готви, пери, пегла..
- маж кој што ќе и дозволи таа секогаш да лежи за време на сексот
- маж кој што ќе мириса на пот
- кој што ќе ждрига и прди низ дома
- маж кој што ќе вози и кога е пијан
- маж кој што ќе има право да фрли со празната кригла по неа, затоа што тој си ја купил

look at you. look at him...
now back at me:

- имам право на позитивен маж
- имам право на маж кој што ќе се смее
- имам право на маж кој што ќе ме смее
- имам право на маж кој што ќе ме инспирира
- имам право на маж кој што ќе ме води за нос низ животот, а не јас него
- имам право на маж кој што ќе биде полн со оптимизам
- имам право на маж кој што ќе биде поамбициозен од мене
- имам право на маж кој што ќе сака да патува
- имам право на маж кој што сериозно ќе се закрени да патува
- имам право на маж кој што ќе сака да гледа жени
- имам право на маж кој што ќе сака да сподели импресија од секоја убава жена која што ја сретнал на улица
- имам право на маж кој што ќе каже дека мажот на другата маса е убав
- имам право на маж кој што ќе сака да одиме заедно на бинго или во казно кога ќе бидеме пензионери
- имам право на маж кој што нема да сака да умре како пензионер
- имам право на маж кој што ќе сака да остане млад покрај мене

....имам право да немам дечко после овие барања. знам


Tuesday, February 19, 2013

Македонија не е фашистичка земја


Вчера ми беше доставен ваков документ. “Доставен“ бидејќи е тренд и поголема е веројатноста да бидам сфатена сериозно ако нешто ми е “доставено“.

(Се извинувам што не го преведив текстот. Кој разбра разбра. Кој не разбра, па и не ми е многу гајле... не е мој проблем)


Dr. Lawrence Britt has examined the fascist regimes of Hitler (Germany), Mussolini (Italy), Franco (Spain), Suharto (Indonesia) and several Latin American regimes. Britt found 14 defining characteristics common to each:

1. Powerful and Continuing Nationalism - Fascist regimes tend to make constant use of patriotic mottos, slogans, symbols, songs, and other paraphernalia. Flags are seen everywhere, as are flag symbols on clothing and in public displays.

Напротив, не само што немаме дефинирано кое е нашето знаме: ова или ова туку и се радуваме кога тоа ќе биде развиорено на наша територија 

2. Disdain for the Recognition of Human Rights - Because of fear of enemies and the need for security, the people in fascist regimes are persuaded that human rights can be ignored in certain cases because of "need." The people tend to look the other way or even approve of torture, summary executions, assassinations, long incarcerations of prisoners, etc.

Е добро де


3. Identification of Enemies/Scapegoats as a Unifying Cause - The people are rallied into a unifying patriotic frenzy over the need to eliminate a perceived common threat or foe: racial , ethnic or religious minorities; liberals; communists; socialists, terrorists, etc.

Бранко Црвенковски.

4. Supremacy of the Military - Even when there are widespread
domestic problems, the military is given a disproportionate amount of government funding, and the domestic agenda is neglected. Soldiers and military service are glamorized.

Гламурот на македонските војници

5. Rampant Sexism - The governments of fascist nations tend to be almost exclusively male-dominated. Under fascist regimes, traditional gender roles are made more rigid. Divorce, abortion and homosexuality are suppressed and the state is represented as the ultimate guardian of the family institution.

Ок, призаваме



И уште еднаш...


и уште еднаш...

6. Controlled Mass Media - Sometimes to media is directly controlled by the government, but in other cases, the media is indirectly controlled by government regulation, or sympathetic media spokespeople and executives. Censorship, especially in war time, is very common.

И на крај некој го измислил твитер

7. Obsession with National Security - Fear is used as a motivational tool by the government over the masses.

Немам информација дали инвестираме во антиракетни штитови... за се друго сме пријателски расположени со сите непријатели и воопшто не паничиме

8. Religion and Government are Intertwined - Governments in fascist nations tend to use the most common religion in the nation as a tool to manipulate public opinion. Religious rhetoric and terminology is common from government leaders, even when the major tenets of the religion are diametrically opposed to the government's policies or actions.

Шо има лошо во тоа државната наука и религијата да слават заедно? 

9. Corporate Power is Protected - The industrial and business aristocracy of a fascist nation often are the ones who put the government leaders into power, creating a mutually beneficial business/government relationship and power elite.

Не. Немаме домашна индустрија, а политичарите ги создаваат бизнисмените, не обратно


10. Labor Power is Suppressed - Because the organizing power of labor is the only real threat to a fascist government, labor unions are either eliminated entirely, or are severely suppressed.

Имаме синдикати кои што колку толку се изборија за утврдување на минимална плата од 8 050 денари. (сто и нешто евра)


11. Disdain for Intellectuals and the Arts - Fascist nations tend to promote and tolerate open hostility to higher education, and academia. It is not uncommon for professors and other academics to be censored or even arrested. Free expression in the arts and letters is openly attacked.

Власта ги сака уметниците како Беличанец, Талевски, Калиопи, Бејби, Есма... Бранко Ѓорчев, Дејан Лилиќ, Владо Јовановски, Дејан Пројковски, Зоран Џорлев, Танец...



12. Obsession with Crime and Punishment - Under fascist regimes, the police are given almost limitless power to enforce laws. The people are often willing to overlook police abuses and even forego civil liberties in the name of patriotism. There is often a national police force with virtually unlimited power in fascist nations.



Во фашистичка земја овој човек ќе беше веднаш застрелан

13. Rampant Cronyism and Corruption - Fascist regimes almost always are governed by groups of friends and associates who appoint each other to government positions and use governmental power and authority to protect their friends from accountability. It is not uncommon in fascist regimes for national resources and even treasures to be appropriated or even outright stolen by government leaders.

Спин

14. Fraudulent Elections - Sometimes elections in fascist nations are a complete sham. Other times elections are manipulated by smear campaigns against or even assassination of opposition candidates, use of legislation to control voting numbers or political district boundaries, and manipulation of the media. Fascist nations also typically use their judiciaries to manipulate or control elections.

И ни ова нема врска. Секогаш имаме навремени избори, а по потреба и вонредни. 

Еден ден ќе организираме и попис.

Wednesday, February 13, 2013

Пост за глупите (cancelled)

Вчера афект најавив дека имам план да пишувам блог пост за глупавите луѓе.
Официјално го откажувам се додека не се изнајде решение и не се измисли соодветен збор за масата која што голта идеи:
-  за големите Македонија и Албанија
-  42 000 другарчиња кои ја решиле иднината на Македонија со само еден клик
- Македонија 2017
- неМАВАЊЕ ни од таквото 13 000 потпишани граѓани
- инсталирање на мобилни трафики-штабови за вработување (се прашувам дали сопстевниците кои што ги изнајмуваат просториите плаќаат данок на државата за киријата која ја добиваат од партијата, или тие не се даночни обврзници?)
- рекетирање на УЈП на секој најмал (со уредно платен данок) бизнис и негово затворање поради “така ни е наредено од горе“
- “постоење“ на крајно некреативна опозиција без никаков план и програма за иднината на државата во која што протеситраат со автомобили против сиромаштијата
- илијадници млади кои што посветеноста кон партијата им е поважна од посветеноста кон науката и државата (да, државата)

Поздрав