За швалерството
Ај сега да видиме како стојме со оваа тема.
Ако се навратиме наназад, некаде околу 60-тите, можиме да заклучиме дека овај вид на хоби доста добро се негувал. Немојте да си мислите дека бабите наши биле затуцани. Море еееј, скоро секоја трета “домаќинка“ била член на ова движење. Можи, ај да речиме, не ги слушале Сони и Шер, или пак Боб Дилан, не оделе на Вудсток и не се занесвале по црните фустани на Шанел, ама то не значи бе дека и не се фркале. Море се фркале ито со стил, како во Мерлоус Плејс. Се шо праеле било или со комшијата или па со некој шо дошол по работа во Маџераале (Маџермаале тогаш било во фаза на градење), а неретко се случвало и да се фати на комшивката швалерот, а ни едната ни другата да знаат дека се вмешани во триаголник. А пак, ко ќе сфателе, целата маала разбервала и за најинтимните работи шо си ги праеле со батето (тука не спаѓаат намигнувањето и штипкањето). А и шо не ќе разберат ко целата кавга се одвивала на улица, проследена со прскање со вода, колнење и кубење за коса. Сеуште не е откриено кај биле во тој момент нивните мажи.
Од друга страна имало и такви врски кои се одржвале и поќе години за кои многу малку луѓе успеале да дознаат. Има еден случај кај шо домаќинката знаела за неверството на нејзиниот “домаќин“ и за врската шо си ја одржвал подолго време, но погрешно ја лоцирала куќата во која живела неговата швалерка. И нормално, му ошла кај неа дома и почнале да се расправаат, па кавгата продолжила и на улица, само шо во овај случај уличната кавга позитивно влијаела оти “на нејќење“ ја фатиле која е вистинската прељубничка... Се разбира, комшивката од каршија.
Е зато немој да ги потценваш баба ти и дедо ти. И секогаш своето другарче од маалата да го сметаш како брачед.

Post a Comment