На германски... гробишта
Колку од вас се качиле на германски?
Па можи девееспет посто од тие шо ги имам прашано дали се имат качено на германски ми го имат напраено истијот сурат (онај шо е со кренати веѓи, наведната гла наназад и со видно испуштена гушка). Добро, со цел памет мислите дека мене ме здоболе дали вие се имате качено на грмански? Ц..ц..ц..ц..ц... колку бе само болни мозоци има во градов... Ај па после додавам: “Абе на германски гробишта...“, и пак, истите сурати. “Абе горе кај крсто!“, е сега со повисок тон. “Аааааа... знам, го имам видено, ама никогаш не сум бил/а таму“. Па фала богу бе дека го имате видено, идиоти едни, над гла ви е! Добро бе, како можи никогаш да не ви падни на памет дека и вас, иако идиоти, природата покрај тоа шо ви одзела значителен дел од та смесата во глата, сепак ви подарила едно малечко ритче на кое можите да се качите, а богами и со кола да ојте до таму (WOW) и да го видите градот од горе. Не, не... не кај тунелот, оти знам дека од таму само ноќе го имате видено градот, зборам за дење.
Сега па сто посто си мислите: “И шо сеа? Шо ја мана ова сега за ридо за пиши...“ Еее... верувале или не и ридо е наш, на Маџермаалците. Абе то ти е нешто како со Солун. Можи порано бил наш ама поќе не е. Се нашол некој по заинтересиран и си го зел. Така е и со ридо. Додуша не е само от сега под наша “опсада“. От секогаш бил посетуван од Маџермаалци кои освен, како шо напишавме подолу, дремеле на капејнци, иделе и тука во пожножјето на ридо, под сенките, да играт карти. Со текот на времето таа традиција исчезнала. Ама па сега ние се качваме, посебно во пролет и лето скоро секој викенд, горе кај црквичето, почнуваме од горе да си ги бараме куќите и од ко ќе ги видиме седнуваме на скалите и со саати дремиме и му се восхитуваме на градо...
Уште бе не ве фати форес некогаш да ни дојдите на ридо на гости? Ај можи ко ќе ги видите сликите... е од погледот од горе нема да добиете слика, нека биди изненадување за вас.

Post a Comment