Monday, July 23, 2007

Битола гори!...

Слики од Германски гробишта... Ги пеплоса огнот уште еднаш германците...



Sunday, July 15, 2007

Rolling Stones in Montenegro 09.07.2007

I guess I was too dump when I let myself not to be here...
I'll be sorry about that all of my life.

Tuesday, July 10, 2007

Веројатно “Новинар“... од “Вечер“

Добро бре... има некоја виша сила која што можи да им го одземе брендот - наречен “Вечер“ од мороните кои што управуваат со него?
Дали ќе се извинам за МОРОНИТЕ? НЕ!!! жими мајка НЕ СЕ ИЗВИНУВАМ!
Од она што го знам од мала дека на времето функционирале неколку “фини“ весници меѓу кои Нова Македонија и Вечер, ама денес ова со Вечер и со вестите во него навистна ја претерале... слободно можам да го споредам со турбо фолк литературата што ја читаат, за жал, голем процент од македонците.
Незнам што да напишам за да доловам, само знам дека новинарот е совршен модел за истрашување за докторат за некој психијатар.... барм некој ќе има добивка од него.
еве го подолу веројатниот момент:

Мештани од населбата велат дека до несреќата дошло поради невнимание. Девојчето, наводно, излегло пред автомобилот кој се движел со мала брзина и ги подигнало рацете, веројатно да се пошегува со својата сосетка за да го застане автомобилот. Но 26-годишната Г.Б., која го управувала возилото, наместо на кочницата, притиснала на педалата за гас. (М. П.)

Дали тој морон од новинар или како уште да го наречам помислил на семејството на девојчето, а и на тоа дека на местото на настанот имало доволно мештани, како што тој пишува, и како и тие би се чувствувале кога некој преку медиум халуцинира дека интервјуирал некој сведок.
Како личност која беше на местото на настанот, се се одвиваше сосема поинаку, и беше далеку од пародија на хорор филм. Или на крај нека напишеше дека во Битола седумгодишно девојче се самоубило поради една четворка, можеби ќе привлечеше повеќе читатели.
Ах... дали бре тој ______ заслужува и со иницијали да се потпише под некој текст....