Hotel Rwanda
Тоа е филм, снимен минатата година според вистински настан кој што се одвивал пред 10 години во Руанда. Добитник е и на неколку оскари што мислам дека е доволна причина за на некој од вас да му текни да го гледа. Не дека “Академијата“ на Американците не греши (патем на Гвинет Палтроу му даде оскар за улога во еден ептен просечен и пак награден со оскар филм – Вљубениот Шекспир, а Мерил Стрип ја остави да си дреми на столчето и да и шлука на малата)... Ама ај да не навлегвам во детали оти ако почнам за ова да пишам ќе се уморам и нема да успеам да ви го објаснам она што ме натера да пишам на оваа тема.
Значи, во филмот се зборува за војната што се водела во Руанда помеѓу малцинството и мнозинството во државата. Малцинството почнало да напаѓа и сега мнозинството враќа. Се надевам дека отприлика познато ви е што се случува... Иако, ако не сте го гладале филмот нема да ме сфатите зошто толку сум запнала да пишувам за ова, сепак ќе се обидам да објаснам...Филмот го гледав со друштво кое не живее во моето маало, и нормално поради тоа, имат некои забелешки, кои и порано ги имав слушнато и уште ги слушам од многу луѓе од типот: “Абе и кај нас е вака...“, “Како е животот кај вас во Маџермаале...“ или “Леле... тешко вас, не ви е страв од војна ако има пак?“
Овие прашања можам да ви ги одговорам на два начини. Едниот е онај нељубезниот и за мене полесниот, оти можам да ве отерам у пичку матер и уште еднаш да не ви текни да ме прашате, а другиот начин е онака добро да се помачам и да ви турам малку во тие кутиите што ви се клатат на рамења.
... И по долго размислување решив ај фина да бидам...
Прво видете ги овие три слики... Дали забележвате нешто чудно? Нешто невообичаено? Поинакво?... За тие што најдоја нешто поинакво, ај чао, се разделуваме овде, а за другите продолжваме понатаму...
На овие слики накратко е прикажан мојот најдобар перод од животот – детството. Знам дека со ова звучам како некој писател на четива за во читанка, кој на крајот од својот текст пишува за тоа дека детството е најдобриот дел од животот (секогаш си велев: “глупости...“), ама дури сега сфаќам дека тоа не било залудно напишано. Факт е дека нештата најмногу ги цениме дури тогаш кога чувствуваме дека ги губиме или веќе сме ги изгубиле. Јас моето детство не го изгубив, само го поминав... иако разделбата беше многу долга, сеуште се разделувам со него, и сигурна сум дека никогаш не ќе успеам да целосно да се разделам... а и не го сакам тоа. Зошто да се разделам од нешто што никогаш не сум престанала да го сакам... од игрите, смеата, радоста, тагата, караниците, помирувањата (со ачка – бачка, нема више скарачка, ако се скараме пак ќе се смириме...). Тоа е она што го одбележа моето детство во ова маало. Тоа беше период на безгрижност, искреност... на другарство. Е, ДРУГАРСТВО, тоа и е целта на овој текст.
Во тоа време бевме некаде околу 10-15 деца (и сега сме истиот број), скоро сите на иста воздраст. Не имаше секакви, црни, плави, високи, ниски, дебели, слаби... кои низ игрите токму поради тие нивни карактеристики ги добиваа и своите “улоги“. И толку. Единствената класификација што се правеше беше тогаш, во игрите. На крајот од денот сите бевме исти. Никогаш никој не сме го отфрлиле поради тоа што тој бил поинаков. Па искрено и различноста беше таа што ни правеше да ни биде поинтересно. Секој ги поитуваше разликите кај другите. Поради тоа бевме заедно, бидејќи секој ден учевме нешто ново за другарчето, за неговото семејство, за обичаите, за културата... иако тоа беше периодот кога сите бевме околу 6 - 7 години. Навистина, колку е само неверојатно едно дете кое има 6 години да размислува многу повеќе од некои кои што сега, можам слободно да речам, се три пати постари од нив. Незнам зошто, ама јас лично, никогаш не почуствував никакви разлики. Сите за мене беа исти, без разлика како се викаа или пак во што веруваа. А и сега, еве после, 15-тина години дружење со истите, уште ме можам да забележам каде е таа разлика за која сите зборуваат. Прв пат за тоа слушнав, можеби сега и наивно ќе делувам, дури во 2001 година. Искрено да ви кажам и не знаев за што станува збор. Многу работи не ми беа јасни... а и уште не ми се јасни. Зошто некој треба да го дискриминираме поради тоа што има друга религија. Зарем е толку важно во што некој верува. За мене најважно е да се има верба, без разлика дали тоа било во Исус, во Мухамед или пак во некое обично гранче. Секоја религија ја има истата цел – да не неправи подобри луѓе, од нас да изгради морални личности и да ни го покаже вистинскиот пат кон среќата. Среќата е релативна, па затоа воопшто не е важно кој ние ќе го избереме да не одведе на тој пат. Најважно е во себе си да пронајдеме мир и да го живееме она што ни е дадено најдобро што можеме. Според мене, половина од патот до среќата му припаѓа на Факултетот на улицата. Доклку успееш да го завршиш овој факултет биди сигурен дека веќе си станал подобра личност. Не сите успеваат да го завршат. Многумина паднале. И поради тоа сум најгорда. Бидејќи можам слободно да кажам дека не само јас, туку и сите мои другари од Маџермаале одамна го завршиле со “највисок просек“. Тоа ме прави да се чувствувам сигурно каде и да бидам, бидејќи знам дека многу работи сум поминала заедно со тие деца, кои ме направиле подобра личност и дека ништо не може да ме изненади. Единствено се плашам од луѓе кои ги поставуваат прашањата: “Абе и кај нас е вака...“, “Како е животот кај вас во Маџермаале...“ или “Леле... тешко вас, не ви е страв од војна ако има пак?“...
Филмот е Вуна.. потресува.. кој не го глеал се заебал ;) ко ја со Фајтклаб..
Posted by Shepard | 12:36 AM
Страшно се заебал... ама сепак мило ми е што барем некој го гледал ;)
Posted by Anonymous | 12:57 AM
Бај д веј текстов.. онака поштуем.. животот низ друга призма.
„Зарем е толку важно во што некој верува. За мене најважно е да се има верба, без разлика дали тоа било во Исус, во Мухамед или пак во некое обично гранче.“
Реченица на голем човек. Рука од мене..
Posted by Shepard | 1:46 AM
;)
Posted by Anonymous | 3:32 AM
ej abe nesto se ispobrkav so mailot... ni jas neznam so se desava... :) izvini
Posted by The Goddess | 3:35 AM
Абе не сум професор по македонски,
ама да бев ќе ти кажев убо јас тебе кој те научил вака експлицитно и космополитски да се изразуваш. Шојмаше во средно по македонски? Супер составче, само дај малку покусо во наредната верзија :)
Posted by Anonymous | 11:39 PM