« Home | “Ефитини“ маџермаалски финти и изреки » | Да си знајте две нешта » | Букаро не го даваме! » | (od desno na levo) Vanejca, Ivanica, Kosana i Ljuba  » | Бабите » | Летка – дипломирана курва и безнадежна пијаница » | Letka  » | Дали некогаш ви се има случено да слушнете некоја ... » | Fada (se izvinuvam poradi kvalitetot)  » | Која е Фада? »

Ај да видиме сега кој од вас е барем малку заинтересиран за музика.... Доста е од дремење пред компјутер и “читање“ на блогови. Време е малку да и се посветите на културата и барем за момент да се вмешате во создавањето во културното живеење во Битола. Ова лето Битола навистина се докажа во организирањето на доста квалитетни настани и манифестации, кои шо да бидам искрена ме направија горда шо сум дел од битолската младина.
Ете веќе создадовме и Битолска Опера... не дека сум љубител на оперите, ама онака, гламурозно е сепак. Еден ден се надевам дека ќе можам и да си дозволам да си закупам и ложа во Операта која за најмалку 20 години би требало да ја изградат. А и таман ќе ми биди тогаш. “Зрела“ 40 годишна жена со успешен сопруг и две мали и досадни деца кои ќе ги чува прогармирана лимена дадилка...
Туку ај да го остам то, за далечната иднината ќе пишуваме следниот пат. Сега сакам да се задржам на она шо следува за неколку дена, односно на 10.09.2005 во Завод и Музеј – Битола. Е таму ќе гостува еден батка од Австаралија кој свири на фламенко гитара кој кога го слушнав прв пат си помислив: “Аман бе... колу прсти има...“. Иначе со музика започнал да се занимава од уште 3-годишна воздраст за на крај своето школување да го заврши во Шпанија учејќи од најдобрите фламеко мајстори.
За детали обратете се на
http://www.entertainmentdepot.com.au/artist_profile.php/225
и на неговата официјална веб страна
http://www.valentinoflamenco.com
Едноставно морате да присуствувате на овај несекојдневен настан...
...Ќе забораев, ВЛЕЗОТ Е МУФТЕ!!!