« Home | BRAVO! » | Elena za minister za maalski raboti i meguetnicki ... » | Како дотуркав до ова тереџе » | Na pauza » | Предлог » | Надежта е во младината » | “Бутките“ и “Педагошка“ » | Извинвање » | Муфтиња » | На чикмакот пред Европа »

Odgovor

Обично, со секое мое доаѓање на интернет, прво си идам овде, на мојот блог и од таму потоа си ги кликам сите блогерски линкчиња од десната страна. Арно ама, пред некое време забележав дека сум го пропуштила пишманскиот пост на Лала. Откако добро го прочитав, нормално, сакав да искоментирам ама не успеав, па како втора опција ми остана да си се “олеснам“ овде. Ова размислување на Лала некако ме подразмисли.
Патем, баш ми е мило што некој на, ај да заокружам 18 години, вака размислува:
“Крстена сум у црква, како и сите у моја фамилија, коа сум била стара само 40 дена. Кога би можела да бирам ваљда би сакала да ме остаат до некоја возраст коа ќе можам сама да одлучам дали сакам да се жигосам со некоја религија или нешто трето или уотев’р.“...“ И шо дека ќе попунам Christian Orthodox у некој таму формулар само поради тоа шо уназад со генерации моите тоа биле, без оглед шо така ич не се осеќам и скроз сум забаталила све.“
Е сега мојот коментар или моето гледиште на сето ова би било вакво:
Живеам во најкосмополитскиот предел во Битола – Маџермаале. Тука живееле, а и уште има жители од буквално сите етнички групи во Македонија. Сите сме заедно. Нормално сега има комшивски кавги како и секаде, но тоа не значи дека се караат поради нивната припадност. Напротив, токму разликите се тие кои што не спојуваат сите, и сите подеднакво си се радуваме за Велигден или пак за Бајрам. Незнам, сега можеби и звучам наивно, ама така е навистина. Многумина нема да се сложат со ова, ама ај ќе му опрпстам бидејќи по се изгледа не ја имале шансата да живеат еден ваков живот, исполнет со радости, веселби, некогаш и со тага но секогаш со луѓето со кои ги дели една ограда или пак еден двор или улица.
Што сакав да кажам... јас лично, не сум баш некоја побожна личност, ама еве и мене без да ме прашаат ме крстиле. Едноставно неможам да поверувам во тоа дека сме направени од кал и дека над нас има некој кој ги следи сите наши постапки и според тоа ќе реши дали да одиме во рајот или во пеколот. Со ова сега не сакам да бидам сфатена дека го негирам Христијанството или било што друго, туку баш мислам дека да се припаѓа на некоја религија, во која патем вистински ќе се верува, е доста паметен потег. Сепак, во секој случај треба да се има морал. И токму тој морал треба да си го изградиме лично ние, а не некој со сила да ни наметнува нешто во што секогаш ќе се сомневаме.
Јас можеби пред останатите ќе се правам дека сум голем вернк во Христијанството или во било која религија која што е доминантна во мојата околина, но во себе јас ќе си верувам во нешто сосема друго, во нешто што би ме направило среќна и би ме изградило како подобра личност. За мене, Господ се сите останати луѓе кои ме опкружуваат. Тие се оние кои треба да судат за моето однесување, и според тоа, по мојата смрт да ме испратат таму каде што ми е местото, рајот или пеколот, односно да останам во нивно сеќавање со некоја моја постапка или дело кои би имале некое влијание врз нивниот живот, или пак, Straight to the Hell, со што веднаш по мојата смрт би заборавиле на мене. Тоа е мојот концепт за мојата религија и не се срамам поради тоа.
Сега некој можеби ќе праша “А не одиш во црква?“. Да, да… одам и можам да кажам дека сум доста голем обожавател на црквите и на сите други верски храмови. Фасцинирана сум од нивната магија, од сето она што можат да го направат за еден народ. Ми се допаѓа самата атмосфера што ја имаат кога ќе влезеш во нив… градбата, ѕидовите, мирисот, звукот на хорот во позадина… Ги сакам и празниците, сите тие адети и верувања кои што се поврзани со нив и кои ме прават горда што живеам во место исполнето со толко стари традиции и еден прекрасен народ кој ги следи и негува со векови. Ги сакам и крштевањата. Тие се една навистина прекрасна традиција и толку. Тука не гледам ништо лошо. Вистина е дека за многумина тоа е “официјално станување на Христијанин“, но за мене тоа воопшто не значи дека тоа е наметнување на религија без прашање. Така е и за многумина кои стојат збунети помеѓу религијата и традицијата. Па затоа само едно ќе ви кажам: правете ги адетите, следете ги традициите, почитувајте ги храмовите и слободно верувајте во она што вие сакате и мислите дека е вредно. Не дозволувајте други да ви ги наметнуваат нивните мислења кои вас би ве направиле помалку сигурни.
Пфффф… се изнапишав…

Коментарот ти го убацив нешто подоцна, у тој период ми стигаа на маил за модерација, рчкав нешто што не разбирам :)

I SEGA? KADE DA GO PROCITAM KOMENTAROT? :)

Post a Comment