Wednesday, August 29, 2007

Атеистот и Господ... и љубовта

Сакам да верувам дека има нешто над мене, дека некој ги следи моите постапки... дека некој еден ден ќе ме казни за нив... а доколку не ме казни, да ме смести заедно со оние кои што прерано заминале од мојот живот.

Сакам, навистина сакам, да е вистина сето она за што зборуваат луѓето околу мене. Посакувам никогаш да не отидев на училиште, никогаш да немав час по биологија и физика и НИКОГАШ да не го видев последното издишување на дедо ми пред мене. Се претходно ми беше 50:50, секогаш кога се плашев се надевав дека има нешто што ќе ми помогне и секогаш кога ќе направев нешто „неморално“ некој би ме казнил. Но од тој момент сите мои присуства на училиште и сите часови по биологија испаднаа дека се реланост – човекот е материја, организам... донекаде и машина, и ништо повеќе! Тој ден престанав да верувам... и не се плашев, ниту пак размислував дека нешто ќе ме казни поради мојата одлука. Така и останав.

И сега не верувам... а, и не се плашам... само посакувам да верував. Сакам да верувам дека сега над мене стои ангелчето, кое пред некое време прерано одлета од мојот живот, и ми се смешка со подзинатото усте и замижаните очиња како што секогаш правеше кога ќе згрешеше нешто и се обидуваше да се извечи... и секогаш се извлекуваше. Никој неможеше против таа насмевка. Сакам да верувам дека таа насмевка беше потребна во некој друг свет. Дека таму имало премногу тажни луѓе кои очајно барале некој да им донесе радост. Сакам да верувам дека сега сите таму се весели. Дека сите имаат насмевка на лицата... Затоа што и покрај се јас сеуште ја имам. Иако животот за една секунда ми се промени засекогаш, и многу работи кои претходно многу ми значеле сега не вредат баш ништо, сеуште во мене го носам споменот на една личност која беше присутна тука само 7 години, а која во мене всади љубов доволна да ми даде сила да живеам и да ја пренесам таа љубов и на следните генерации заедно со споменот за девојчето кое ја имаше најпрекрасната насмевка.

Верувам во духови, но не во оние што личат на чад, туку во духовите кои ги носиме во нас, а ги претставуваат сите спомени кои што ги имаме и ги предаваме на следните генерации... тоа никогаш не умира... тоа се пренесува од генерација на генерација... само така може да се постигне безсмртност... а сето она што не тера да го почуствуваме и пренесеме е Љубовта!

Monday, August 27, 2007

Ванземаљско задоволство


:)


Во продолжение некако ми се поклопува постот на Bi.

Saturday, August 25, 2007

3-Iron

Сакав да напишам нешто за да го пофалам филмот, ама некако не ми идат зборови. Го имам гледано повеќе пати и ќе го гледам уште многу пати. Всушност, филмот е од оние кои што се изнајмуваат, се гледаат, се копираат, се купува посебна кутија во која што се чува, се прави омот на принтерот и се става на полицата заедно со неколкуте филмови кои што никогаш не стануваат досадни. Во меѓувреме работиш на тоа да им го препорачаш на сите кои што ги сметаш за вистински филмски гледачи и се помируваш со фактот дека нема да ти го земат и да го гледаат бидејќи не им се допаѓа твојот “беден“ опис.
Во секој случај, еве ви го trailer-от и уживајте! Филмот има нешто во него, има некоја топлина која ни ја сервира од почетокот до крајот, проследена со прекрасна фотографија која што ги заменува сите зборови... буквално сите!

Wednesday, August 22, 2007

Нов пост... по незнам кој пат

Знам, треба да се срамам поради ова, што немам свој сопствен блогерски идентитет и во последните 3 години октако “активно“ се занимавам со блогерството (колку само новинарски звучи ова) имам зафатено во повеќе насоки од кои ниту една не сум ја доодила докрај. А и незнам каков и би бил крајот.
Во прво време пишував за моето маало, за моите комшии, за приказните и легендите кои што ме опкружуваат. Потоа, откако ја преживеав голготата со недостигот на интернет, односно недостиг на интернет за мене секогаш ќе има, па подобро би било кога би се изразила: откако го преживеав најтупавиот и најотсечениот период во мојот живот, се проширив и поцнав да дејствувам поопшто, за на крај сега, да се посветам на мојата “глобалност“. Време беше да ставам точка. Секогаш имам проблеми со ставањето на точките. Незнам зошто, ама запирките ми се најпријатни... најмногу си се разбирам со нив, баш се супер, никогаш не ми ја сечат мислата, само ме успоруваат и ми даваат елан да продолжам со тоа што сум го почнала... и како што гледам постот, како и секој пост пишуван во 04:30, губи од својата вредност, па затоа се исклучувам и продолжувам некој нареден посвеж ден.

На крај пак, постот можев да го крстам “запирка“ :)

Thursday, August 02, 2007

Поздрав од Африка

И ај не ги сакај после