« Home | Voices... » | Stupid in America » | Rap играорци » | Џизс умре за да клецни! » | Shadows / Senki trailer » | Дуетот кој што ме “разнесе“ » | Атеистот и Господ... и љубовта » | Ванземаљско задоволство » | 3-Iron » | Нов пост... по незнам кој пат »

Janis Joplin Tribute

Да ме биваше барем малку за пеење постот би изгледал поинаку. Арно ама, на светот постојат неколку покомпетентни личности кои што би направиле малку поинакво шоу од моето (пред веб камера), а да го достигнат истиот ефект и истите емоции кои што ги имам јас сега, на денот кога пред триесет и седум години згасна животот на една од најталентираните музичари воопшто - Големата Janis Joplin.
Мило ми е што во оваа прекрасна изведба, а воедно и една од најмоќните што некогаш сум ги видела, учествуваат Melissa Etheridge (прекрасна личност, една од најдобрите рокерки до сега, која е лезбејка, мајка и која преживеа рак на дојката) и Joss Stone (прекрасен вокал, симпатично девојче кое од време на време успева да издејствива добра песничка од некој продуцент давајќи со го газето, се со цел нас да не почасти со добар албум)