« Home | Во врска со рекламите на владата... » | Пост во 03:10 еј ем » | Да го признаеме Косово!!! » | Најгнасниот филм » | Петиција: Амди Бајрам за претседател на собранието » | STUDENTS: A CHALLENGE FOR YOU » | Н.П.О. » | Пост на Perez Hilton за Тоше » | Пост за денес, за моментот и за килограмите » | Janis Joplin Tribute »

На што да ги потрошите последните мегабајти

Како прво постот важи за оние со ограничен интернет сообраќај. Тие неограничените нека седат на страна. Не се вредни за муабет - ПРЕДАВНИЦИ :).
Има уште некој ден до крајот на месецот и до крајот на годината, па затоа ќе ви предложам што забележав изминатата година и што е вредно за вашите мегабајти. Нема да ве трошам многу само некое албумче:
- Katie Melua - Pictures
- Tracey Thorn - Out of the woods
- Amy Winehouse - Back to black
Значи едно супер девојче со прекрасен вокал и прекрасна музика, една дама која очекувано ме изненади и една исто така, дама, која е најзаслужна за развојот на колумбиската економија.

Ај доста е.

Па нека ни е среќна следната година и во најмала рака на крајот од 2008 да пишувам за остаток од гигабајти.

Со надеж дека во иднина ќе ги преориентираме ваквите "гаџети" во нешто посветло. И да, војничињата од Авганистан и Ирак да ни се вратат здрави и живи и да не ги апдејтираме!