Пост за денес, за моментот и за килограмите
... Веќе легално е друг ден, што би рекле старите нов ден, нови видици, нови доживувања пред нас бла бла бла... што значи дека треба да продолжам напред и да не гледам назад. Ќе продолжам. На крај пак, тоа и ми остана. Само здрвената вилица и згрчените мускули по целото тело, за кои потсвесно се надевам дека се од студ, а не од емоциите кои што едноставно вријат внатре во мене, некако ме навраќаат на минатото. Но не на она минато пред само неколку месеци кога, незнам поради која причина се запрашав дали сум среќна и богата личност. Туку на ова сега, на последните неколку месеци вклучувајќи го и вчерашниот ден. Не сакам да се повторувам со целата на нација и да кажувам колку значел Тоше. Признавам дека ја почитивав неговата музика. Го почитував неговиот глас. Ги почитував неговите песни. Тоа го докажав и со крадењето на неговиот албум од интернет. На крај пак, популарноста и големината на некое дело треба да се цени по бројот на криминали извршени за да се стигне до него. Никогаш не би ризикувала да украдам нешто што не го сакам ;). Дури и спуштањето на албумот на radiohead ја нема таа магија, иако станува збор за веке докажани музичари. Убавината е кога нештото го добиваш нелегално!!!
Всушност и незнам зошто го почнав овај пост и која е поентата, ама еве blogger некако ми стана најдобро другарче. Да се поправам- најдобро виртуелно другарче на кое од дното на душата му ја пцујам мајката (U.S.). A за другите другарчиња, оние кои што можат да се пипнат и на кои што човек може да осети топлина безразлика колку е ладно надвор и колку ѕидови се измеѓу, ги имам доволно. И нив не им го посветувам овој пост, нив им го псоветувам целиот мој живот, бидејќи токму другарите и семејството ме направиле она што сум денес... Искрено и не знам што сум денес :), ама знам дека доколу ги немав немаше ни да постоајам, барем не како духовен водич на ова 60 и 2-3 килограмско тело кое се мачи да пишува со отпетлан патент од фармерките како последица на прејаденост :)
ај се сајнаутирам додека постот колку - толку има некоја смисла....

Post a Comment