Петиција: Амди Бајрам за претседател на собранието
Кога веќе можеме да потпишуваме петиции за војната во Ирак, за PayPal и слични и релативно важни општествени проблеми, мислам дека веќе е време да се зафатиме за нешто посериозно и да инвестираме во Македонија и нејзиниот углед во светот. Како што веќе денес информираше А1 и останатите телевизии дека во собранието пак си играле зоолошка градина на сите ни е јасно дека “лавот“ кај и да е, ќе ја изгуби битката. Затоа, јавно и одговорно ги повикувам сите совесни граѓани да се соединат и едногласно да гласаат за Амди Бајрам за претседател на собранието. Пред се ги повикувам сите блогери да превземат нешто и да ја разбудат јавноста со постирање на барем еден пост во кој ќе го величат великанот на македонското дебатирање, говорење, дипломатирање и слични политички термини и срањa.
А за тебе Трендо, ветувам дека прва ќе ја потпишам петицијата за градење на споменик во твоја чест во пост ревулуционерна Македонија, како благодарност за следниве клипови.
А за тебе Трендо, ветувам дека прва ќе ја потпишам петицијата за градење на споменик во твоја чест во пост ревулуционерна Македонија, како благодарност за следниве клипови.
Post a Comment