« Home | 10010111 » | Залутаната слика » | Да ти ибам новиот почеток » | На што да ги потрошите последните мегабајти » | Во врска со рекламите на владата... » | Пост во 03:10 еј ем » | Да го признаеме Косово!!! » | Најгнасниот филм » | Петиција: Амди Бајрам за претседател на собранието » | STUDENTS: A CHALLENGE FOR YOU »

Зомби

Можеби после овој пост, многумина нема да ме гледаат исто, ама јас сепак ќе си го напишам.
Знам дека не сум сама на светот. Знам дека околу мене има луѓе со свои проблеми над главите. Знам дека има луѓе што ме сакаат. Чудна работа, ама за разлика од другите свесна сум дека добивам љубов и благодарна сум на тоа. Но што е проблемот?
Проблемот е во тоа што насекаде околку мене, а и околу тебе мој драг читателу (колку мудро ми е ова :)), лебдат себични луѓе кои те осипуваат со секакви еденргии и на најразлични начини успеваат да ти го исперат мозокот и да те направат како нив - зомби кои чекаат капка сожалување!
Во ред, секој сака внимание, ама живи мајка не го мешајте сожалувањето со вниманието, а вниманието со почитта. Ако некој ве сожалува не значи дека ќе ве почитува, а уште помалку дека ќе ве сака. Единствено што може да направи е да ве сожалува уште повеќе.
Токму поради тоа што не сакам да ме сожалуваат, туку да ме сакаат онаква каква што ме чувствуваат, си ќутам. Најзакон работа! Иако сега би требало да напишам “си ќутиш, си дупиш!“, нема да напишам оти реалноста е СИ ЌУТИШ, ТЕ ДУПАТ! И то убо те дупат. Те дупат со секакви вербални алати кои што ќе им се фатат при јазик. Те дупат со врски, со дечковци, со женски, со факултети, со испити, со работа, со пари... те дупат со се што има изгледи да го имаат повторно во рака. А ние, на кои што единствениот алат за да дупиме некого едноставно исчезнал, ни останува да седиме на овај садистички црвен кревет и да ги апсорбираме камшиците...
Само до кога? До кога луѓето ќе не дупат со материјални вредонсти. До кога ќе ги слушаме за нивните маки кои биле најзаслужни за тажење.
Дали еден ден сето ова ќе престане и луѓето ќе станат благодарни на она што го имаат. Бидејќи другите тоа можеби и го немаат... и нема никогаш да се врати... никогаш нема да им биде исто...

Што би, бре девојче? :)

Слушај, оди одвали им го ова во фаца на тие што ти биле инспирација. Ако те прашаат зошто, речи им за доброто на моите драги читатели, да не ме читаат веќе ваква. (добронамерна шега)

Мене ми изгледаш исто, само не ги гледам оние сликите. Слајд шоуто. Where are they? :o

Да ти кажам право неможам да ги договорам за да ги соберам некаде и да им ја соопштам веста :). Многу се.
На крај, јас си имам чиста совест... до некадe...
А тоа со слајд шоуто го извадов бидејќи Бунката се бунеше... му било шантаво. Морав, за доброто на читателите. Ама којзнае каков генетски мутиран browser користи :D

Не знам за тоа, Бунка ќе дојде да си одговара.

Мене слајд шоуто ич не ми беше шантаво. Баш беше супер. Онака додаваше на убавина. ;;) И тако даље... :)

Супер броусер користам! :))

Сега јас крив за слајд-шоуто сум, и да сум и да не сум, сега крив сум. :)))

И си, да си знаеш. :D

КРИВ СИ!!! Ќути! :D
Заради тебе сега читателите ми патат! без прекрасните мои ремек дела останаа... ц..ц..ц...

TAKA E!

Бунка ајде мафни со бело знаменце. Готов си. =)) =))

Post a Comment