Ќе пишував пост, ама некако 02:30 е... a спиењето, некако продуктивно ми изгледа во моментов, отколку да им објаснувам на жените што значи овој ден, па единствено што ми останува е да им посакам среќен 8-ми март на сите очајни жени.
Жалам, едноставно ве жалам сите вие што чекате да дојди 8-ми март и некој да ве однесе на ручек или вечера... :(
Не е револуција, само онака... да споделам по којзнае кој пат :D. Не ве принудувам да го гледате целото видео, боли. Ништо посебно не се случува на крајот :).
Гнасен народ сме. То е факт! Секогаш тоа од странство е покул, а нашето е бедно. Зборувам за исклучоците. Во глобала се што примаме е далеку од квалитет и од уметност, посебно од соседите. На крај и не дека ние тоа го бараме, изгледа дека премногу ни се сервира од ѓубрето, а ние како морони без право на избор по секоја цена го прифаќаме. Туку да не го тупам многу накратко да кажам дека глупоста што ја направивме со Тоше имаме шанси да ја поправиме. Пред некој ден случајно барајќи низ интернет да ја спуштам песната на Влатко што ја изведе на Скопјефест налетав на веб страната на Јова. На девојчето што ја пееше таа тивката и слатка песничка на истиот фестивал. Се беше супер, освен тајмингот, па изгледа и не си замина од тука со она што го очекуваше. Имам забелешка на акцентот, некако грубо звучеше песничката, што не значи дека е лош вокал.
Кога си одвоив 15 минути од моето не многу драгоцено време да преслушам три нејзини песни од нејзиниот албум, буквално се здрвив. Едноставно се прекрасни. Незнам каква слава ужива во Лондон, но ако запне, може навистина да успее. А тука треба и ние се вклучиме. Незнам како ама доколку на некој што потекнува од овде и што Македонија за смета за дом му покажеме дека стоиме зад него, не верувам дека ќе не изневери. Официјална веб страна Myspace