« Home | Неговото Величество - Газот » | Зомби » | 10010111 » | Залутаната слика » | Да ти ибам новиот почеток » | На што да ги потрошите последните мегабајти » | Во врска со рекламите на владата... » | Пост во 03:10 еј ем » | Да го признаеме Косово!!! » | Најгнасниот филм »

Македонче, отвори си ги ушите

Гнасен народ сме. То е факт! Секогаш тоа од странство е покул, а нашето е бедно. Зборувам за исклучоците. Во глобала се што примаме е далеку од квалитет и од уметност, посебно од соседите. На крај и не дека ние тоа го бараме, изгледа дека премногу ни се сервира од ѓубрето, а ние како морони без право на избор по секоја цена го прифаќаме.
Туку да не го тупам многу накратко да кажам дека глупоста што ја направивме со Тоше имаме шанси да ја поправиме. Пред некој ден случајно барајќи низ интернет да ја спуштам песната на Влатко што ја изведе на Скопјефест налетав на веб страната на Јова. На девојчето што ја пееше таа тивката и слатка песничка на истиот фестивал. Се беше супер, освен тајмингот, па изгледа и не си замина од тука со она што го очекуваше. Имам забелешка на акцентот, некако грубо звучеше песничката, што не значи дека е лош вокал.


Кога си одвоив 15 минути од моето не многу драгоцено време да преслушам три нејзини песни од нејзиниот албум, буквално се здрвив. Едноставно се прекрасни. Незнам каква слава ужива во Лондон, но ако запне, може навистина да успее. А тука треба и ние се вклучиме. Незнам како ама доколку на некој што потекнува од овде и што Македонија за смета за дом му покажеме дека стоиме зад него, не верувам дека ќе не изневери.
Официјална веб страна
Myspace

п.с.
Сеуште не ја најдов песната на Влатко

Јова Радевска е навистина посебна и ретко квалитетна. Нема ништо револуционерно во нејзината музика, а сепак звучи толку оригинално. Прв пат слушнав за неа во Розе Кадилак (Канал 103)... Според мене таа беше единствениот вистински изведувач на нашиот Евросонг годинава... сето друго беше шлајм, повраќаница, народњаци... Всушност таа толку многу се издвои, што просто е невозможно да не ја забележиш, а сепак верувам дека многу не ја забележале... Баш мислев и јас да напишам нешто кај мене на блог...

Па како да ја забележат кога сите се оперирани од квалитет. Сите уште пред да почне Евросонг си имаат зацртано во главите каква песна би можеле да "регистрират", се останато едноставно како што и самиот велиш не го ни забележуваат. Од толклу што се музички и уметнички и како уште да речам отупени успеваат да забележат само нешто што претходно најмалку илјада пати го имаат слушнато, што автоматски преминува во модерно :(.
Штета... навистина штета...

Деца бе деца, зар уште не сфативте тоа е приватна игра, секогаш. Не си тупете глава со тоа кој требал да иде, кој не. Квалитетот во вакви области ко музиката секогаш испливува без и некој насила да го форсира.

Евровизија е таков шарлатански фестивал што не заслужува да се гледа, мислам стварно...не ме нервирајте. :)

Полека Бунка, не викај :)...
Па проблемот не е во тоа кој да оди на Евровизија, а кој не (дека Марија лани победи, голем к..), работата е во тоа што македонскиот народ не може да препознае квалитет. Барем најголемиот дел ...

Post a Comment