Tuesday, October 21, 2008

Низ...

Спремајќи се за форматирање, случајно, низ секогаш уредните My Documents наидов на notepad документ за кој не се ни сеќавам како стигнал до таму...
Можеби било копирано од нет, некаде во тие кризни часови околу 03:00 кога само механички кликам без ни малку уклучен мозок.


"Во душевниот живот, како и во физичкиот, има дишење и вдишување; душата има потреба да вдишува чувства од друга душа, да ги присвои за да ги врати побогати. Без оваа убава човечка појава срцето не може да живее; тоа нема доволно воздух, страда и овенува." Не сум сигурна ама изгледа ќе да е од некој Русин :)

Можеби ми бил, барем малку, уклучен ;)

Thursday, October 09, 2008

If All Movies Had Cell Phones

Tuesday, October 07, 2008

www.domakinki.com.mk/forum/index.php

Што се случува кога на жена ќе му дајш јузер и пасворТ за форум?
Прво ќе се логира, случајно ќе стигни до ова и ќе отвори своја тема.
Факт е дека поради нив мојата диплома седи во фиоката, а јас на секои 2 месеци чекам ред во “Трудо“ за сини картони. Всушност требаше секој месец ама фатив врски за на 6 месеци и административката од таму ми се развика дека како е можно јас, малда дипломирана со “шанси да се вработам“, да не одам таму и да се евидентирвам дека чекам работа :), па како казна добив на секои 2 месеци.