« Home | Филмот во кој што победи љубовта » | ТВ центрифуга » | 16:9 » | Лузните се за да болат » | Protests against Police Brutality in Macedonia - B... » | Пишувам на блогот. Значи сум накурчена! 18+ » | Како имав секс на facebook (од архивата на faceboo... » | Низ... » | If All Movies Had Cell Phones » | www.domakinki.com.mk/forum/index.php »

Зошто љубовта во Њујорк и Истанбул секогаш е поромантична отколку во Битола

Последниов период живеам на три релации Битола - Истанбул - Њујорк. Поради обврски, не се задржувам многу во Њујорк, ама затоа Истанбул во слободно време ми е честа занимација. (не по своја желба)

Има нешто заедничко помеѓу овие три града. Љубовта. (зборувам за љубов и не сум на никаква дрога. јадам туршија моркови)


морковот

Во Њујорк и во Истанбул, па и на времето кога се движев во Мексико, заљубувањето го имаше прилично истиот тек. Излегуваш од дома, се сопнуваш од ремчето на нечие куче иди стопанот “и те поткрева“. Добро ај, тука во некои ситуации може да ја вментиме и Битола. Излегваш на улица маваш на десното крило од аудито, излегва газдата од колата и те прибира в кола. 

Но, има нешто што го има во Њујорк и во Истанбул, а го нема во Битола -  веројатноста да најдеш познат на улица/метро и тој познат да го легниш следниот не(в)работен викенд. Додуша ако беше така ќе требаше сите голи да шетаме низ Широк Сокак... нема шо да креваш гаќи на секое...

Можеби затоа успеваат сите тие добри филмски љубовни приказни. Го наоѓаш на улица дури си го дува кафето од Старбакс, не сте се виделе скоро 6 години од првото запознавање за време на некоја студенска журка и го гушкаш како битолчанка ко ќе се сретни со комшивката од 4-ти на Широк Сокак (ти се чини оваа од 4-ти, никогаш не го треси чаршафот со ронките над балкунот на оваа првата). 

Во Битола и да не го знаеш, сигурно си му била муштерија. Или ти го носел кафето, или бил менаџер на кафичот, фотограф (сликар) на свадбата на брачеда ти... кај мојш ти со таков. 
Всушност, не дека ми беше замислата да се демантирам ама изгледа вистинската љубов се развива со некој од РЕК. Ем не го знаеш шо работи (дали бил од рудникот или во "термото") ем работи, а никој не го гледа шо работи.

Да, то е то. За битолска љубов важно да имаш маж од РЕК...
...или “од таму Жабени“

thank has been sharing this information. Do not forget to visit our website to share information and knowledge about health.
sapnudin herbal
obat gatal jamur di kepala
cara mengobati jantung berdebar
obat sakit kelapa cluster
obat kaki bengkak karena asam urat

Post a Comment