« Home | Na pauza » | Предлог » | Надежта е во младината » | “Бутките“ и “Педагошка“ » | Извинвање » | Муфтиња » | На чикмакот пред Европа » | Koljce na "rabota"  » | Нашиот Кољче » | Ај да се исповедаме »

Како дотуркав до ова тереџе

Ова е моето патешествие до состојабата во која се наоѓам моментало – проколнат интернет зависник. Леле бе колку само ми е срам да го кажам ова… се осеќам како да живеам во 40-тите, во Македонија, нормално. Во времето кога само во една на 10 куќи имаше телевизор, па сите комшии еднаш неделно одеа кај “комшијата со телевизорот“ на гости да ги гледаат вестите.
Туку ај од почеток…
Мојот прв контакт со дигиталниот свет беше на 6 годишна воздаст. Тогаш за прв пат се запознав со една многу чудна играчка, на битолски “гемче“, а сега во поново време сличните таквите чуда ги нарекуваат game console, нема врска, се надевам дека отприлика ме сфаќате. Е откако ја добив таа играчка, ми се чини дека животот ми се смена. Почнав да губам интерес за барбиките, за гумените кукли, за играњето “мајки“… не велам дека скроз ги откажав тие игри, само што сега ми беа во втор план. Возењето на формулата и моткањето на камењата ми беа единствената преокупација, се додека еден ден на една сателитска програма не видов дека има нови “гемчиња“ и то со два екрани! Едноставно морав да имам такво! Како најразгалена од целата фамилија одваму – одтаму, од по роднини од странство успеав да дојдам и до новата играчка од рекламата - “Nintendo – King Kong“…. Ц..ц..ц…. какво беше само чувството… а и доста добра игра беше… со смислена приказна, абе петка.
Него му се радвав можеби две години, се додека не избувна “Nintendo” револуцијата. Да се има џојстик во раката, а тоа што го играш истовремено да го гледаш на телевизорот беше нешто што пак, нормално, мора да се има. И така стигнав и до нинтендо. По цели дена дремев пред телевизорот. Единствено пауза правев некаде околу 2 сатот кога ќе дојдеше комшијата од карши да си ја гледа серијата. Патем пратеше една глупа италијанска сапуница на “Мега“ со години и секој ден кога ќе го видев пред врата пред мене ми излегваја најразлични садистички слики во кои тој е главната жртва…
И ај помина и таа фаза… следно нешто што ме фасцинира беше компјутерот, односно сликата од игрите на него. Неможеше да се споредува чистотата на мониторот со телевизорот. Па така, прво со компјутерот се запознав кај брачед ми. И морам да признам дека бев доста добра, посебно на “тристанот“. Во прво време брачед ми беше тој што ми го пушташе компјутерот кога ќе му бев на поседок, ама со тек на време ја стекна мојата доверба па ми дозволи да си ги пуштам игрите сама. Морам да нагласам дека во тоа веме беше посложено да пуштиш некоја игра отколку сега, почнувајќи од тоа дека станваше збор за 486-ка.
По некое време, брачед ми, си купи нов компјутер, Pentium I - машина и пол. Игрите беа далеку посовршени и плус то имаше и интернет, додуша за мене, во тоа време интернетот беше ептен апстрактен поим како и за многумина во денешно време, ама пуста телевизија ме натера да се заинтересирам и за то. Почнаја да дават емисии во кои се бладваше за нешто ново што се стремело да ги доближи луѓето до целиот свет и да им помогне да си разменуваат податци и да дознаат многу нови рабоити за многу брзо време, плус тоа беше време на берење на постери па “Bravo” беше вториот медум што ме натера сериозно да си ја сфатам работата. Морав да дознаам зошто Роби Вилијамс си замина од Take That. Знаев дека на интернет ќе најдам нешто, ама како до интернет... За ова многу ми помогна една другарка која ми кажа сосема случајно и незаинтересирано дека има едно место “кај болницата“ кај шо мојш за 60 денари еден сат да користиш компјутер и да одиш на интернет! И се е веќе историја…
Оттогаш поминаа скоро осум години и интеренетот ми стана секојдневие. За брзо време успеав да издејствувам од моите компјутер и морам да ги пофалам дека се покажаја и никогаш не ги изневерив, бидејќи не го побарав компјутерот поради мода, демек сите имаат па и јас морам да имам па ај нека се брои, туку максимално го искористив секој мегахерц, секој бајт, секоја единица и нула. Потоа следуваа, поправки, надградби, нов компјутер итн. Мноу работи се сменаа во минатите седум години. Едниствено што ми остана е мојата зависност од интернет и тресењето секој десетти од месецот поради телефонската сметка, не кое сега се сеќавам со насмевка.
И така, после седум незаборавни години сурфање од дома, на свој компјутер, реалноста ме чукна по глава, па како награда за користењето на интернетот на МТ и за уредното плаќање на сметките, за месец октомври, за искористени 20 часа интернет требаше да се спружам 3800 денари. Или 190 ден. за еден ебан сат! Па си постапив како и секој здрав граѓанин, си ја исклучив услугата 055 857 857. Аааа… нема поќе ебаање!
А како си ги задоволувам потребите сега? Па вака… си одам во некое интернет кафе, вооружена со 100 дискети и си ги снимам сите подолги веб страници и блогови, и си одам дома на раат да си ги исчитам. И во оваа прилика морам да им се забалгодарам на Букаро, Вуната, Анти, Ана и сите останати редовни блогери кои што се со мене во овие тешки денови за кои се надевам дека нема да траат долго.
Пи ес
Олвејс лук оф д брајт сајд оф лајф.. т-дм…т-дм, тдм, т-дм…

Купи си UBS stick, тоа е многу попрактично и побрзо од дискети за пренесување информации.

eeee... nikogas ne sum pomislila bas deka za ova ke mi treba stick. :)

Post a Comment