Friday, November 16, 2007

Најгнасниот филм

Е овој пат нема да youtube-ирам, туку ќе ви постирам само линк до најгнасниот филм.

Wednesday, November 14, 2007

Петиција: Амди Бајрам за претседател на собранието

Кога веќе можеме да потпишуваме петиции за војната во Ирак, за PayPal и слични и релативно важни општествени проблеми, мислам дека веќе е време да се зафатиме за нешто посериозно и да инвестираме во Македонија и нејзиниот углед во светот. Како што веќе денес информираше А1 и останатите телевизии дека во собранието пак си играле зоолошка градина на сите ни е јасно дека “лавот“ кај и да е, ќе ја изгуби битката. Затоа, јавно и одговорно ги повикувам сите совесни граѓани да се соединат и едногласно да гласаат за Амди Бајрам за претседател на собранието. Пред се ги повикувам сите блогери да превземат нешто и да ја разбудат јавноста со постирање на барем еден пост во кој ќе го величат великанот на македонското дебатирање, говорење, дипломатирање и слични политички термини и срањa.
А за тебе Трендо, ветувам дека прва ќе ја потпишам петицијата за градење на споменик во твоја чест во пост ревулуционерна Македонија, како благодарност за следниве клипови.

Tuesday, November 13, 2007

STUDENTS: A CHALLENGE FOR YOU

Хм...
1. Батката однекаде слушнал дека во Европа студентите понекогаш дигале револуции низ историјата. ПАМЕТНО!
2. Батката сака да биди славен. Нормално!
3. Батката е од Америка. Пак, нормално!
4. Батката знае дека Ирак и Иран се две различни држави. Мудро!
5. Батката не е свесен каде живее и колку од неговите сонародници всушност знааат каде се наоѓа Ирак. Сосема нормално!
и 6. како пи ес: Го постирам оти се потрудил. Знам дека е залудно, ама ај да не ме гризи совеста следниот пат кога ќе прочитам дека испржиле некоја зграда во Ирак.

Monday, November 05, 2007

Н.П.О.

Абе човек, како недостиг на инспирација, нема да напиши пост 2 недели и на крај разочаран ќе си тргни да си испие едно топло утринско кафе на Широксокак и ова ќе го види:


Н.П.О. - Неидентификуван пешачки објект

Ако и вие го забележите истиот или сличен објект Ве молиме да го пријавите во најблиската полициска или вселенска станица.
Напомена: Не му се приближувајте поблиску од 2 метри... можеби е радиоактивен.