Friday, December 28, 2007

На што да ги потрошите последните мегабајти

Како прво постот важи за оние со ограничен интернет сообраќај. Тие неограничените нека седат на страна. Не се вредни за муабет - ПРЕДАВНИЦИ :).
Има уште некој ден до крајот на месецот и до крајот на годината, па затоа ќе ви предложам што забележав изминатата година и што е вредно за вашите мегабајти. Нема да ве трошам многу само некое албумче:
- Katie Melua - Pictures
- Tracey Thorn - Out of the woods
- Amy Winehouse - Back to black
Значи едно супер девојче со прекрасен вокал и прекрасна музика, една дама која очекувано ме изненади и една исто така, дама, која е најзаслужна за развојот на колумбиската економија.

Ај доста е.

Па нека ни е среќна следната година и во најмала рака на крајот од 2008 да пишувам за остаток од гигабајти.

Со надеж дека во иднина ќе ги преориентираме ваквите "гаџети" во нешто посветло. И да, војничињата од Авганистан и Ирак да ни се вратат здрави и живи и да не ги апдејтираме!

Monday, December 17, 2007

Во врска со рекламите на владата...

за образованието, јазиците, компјутерите... вработувањето...

Saturday, December 15, 2007

Пост во 03:10 еј ем

Колку да не бидам без текст... Надвор врни снег...
А сега она другото :D

Sunday, December 09, 2007

Да го признаеме Косово!!!

Да бидам искрена никогаш не ни планирав да се замарам со ова прашање, барем не вака јавно, бидејќи и не сум компетентна, иако јас лично сум за независност. Причината поради која бев испровоцирана да го напишам ова е Детскиот Евросонг што се одржа денес. Се беше супер, дечињата беа ЗАКОН! Македонија освои 5-то место!!! Големите л***а да јадат :)! итн...
Арно ама еден момент толку многу ме изнервира, неможев а да не изреагирам. Ебаните ни наши браќа не нарекоја Поранешна бла бла бла Македонија. Ееееех.... брат, србин, другар.... не дека ми е гајле како би се викала оваа земја, искрено сеедно ми е, ама грев е да мачиш едно дете од 7 години да изговара толкаво име и тоа на јазик кој што не му е мајчин и име кои за прв пат го чита на идиотот. Мислев дека србите не имаат признаено како Македонија. Незнам можеби, не ни планирам да проверам, ама логично ми е да сме веќе признаени.
Е сега што ми беше муабетот со Косово. Да го признаеме Косово. Не дека не треба, баш се супер луѓе. Имав прилика неколку пати да се дружам со млади и образовани луѓе од Косово и навистина се една прекрасна младина - добра, културна и забавна. ама би било фино да ги признаеме, за инает на србија. Знам дека таму би ги болело. Во една прилика Трендо имаше спомнато дека треба да го признаеме Тајван, онака, за да ја нервираме Кина ;).
И на крај
ЧЕСТИТКИ ЗА 5-то МЕСТО!