Tuesday, January 29, 2008

Зомби

Можеби после овој пост, многумина нема да ме гледаат исто, ама јас сепак ќе си го напишам.
Знам дека не сум сама на светот. Знам дека околу мене има луѓе со свои проблеми над главите. Знам дека има луѓе што ме сакаат. Чудна работа, ама за разлика од другите свесна сум дека добивам љубов и благодарна сум на тоа. Но што е проблемот?
Проблемот е во тоа што насекаде околку мене, а и околу тебе мој драг читателу (колку мудро ми е ова :)), лебдат себични луѓе кои те осипуваат со секакви еденргии и на најразлични начини успеваат да ти го исперат мозокот и да те направат како нив - зомби кои чекаат капка сожалување!
Во ред, секој сака внимание, ама живи мајка не го мешајте сожалувањето со вниманието, а вниманието со почитта. Ако некој ве сожалува не значи дека ќе ве почитува, а уште помалку дека ќе ве сака. Единствено што може да направи е да ве сожалува уште повеќе.
Токму поради тоа што не сакам да ме сожалуваат, туку да ме сакаат онаква каква што ме чувствуваат, си ќутам. Најзакон работа! Иако сега би требало да напишам “си ќутиш, си дупиш!“, нема да напишам оти реалноста е СИ ЌУТИШ, ТЕ ДУПАТ! И то убо те дупат. Те дупат со секакви вербални алати кои што ќе им се фатат при јазик. Те дупат со врски, со дечковци, со женски, со факултети, со испити, со работа, со пари... те дупат со се што има изгледи да го имаат повторно во рака. А ние, на кои што единствениот алат за да дупиме некого едноставно исчезнал, ни останува да седиме на овај садистички црвен кревет и да ги апсорбираме камшиците...
Само до кога? До кога луѓето ќе не дупат со материјални вредонсти. До кога ќе ги слушаме за нивните маки кои биле најзаслужни за тажење.
Дали еден ден сето ова ќе престане и луѓето ќе станат благодарни на она што го имаат. Бидејќи другите тоа можеби и го немаат... и нема никогаш да се врати... никогаш нема да им биде исто...

Saturday, January 19, 2008

10010111

Нека не ви личи ова на самоубиствена порака ама морам да го направам.
Морам да им се заблагодарам на сите оние кои што ме научија да крадам, да фалсификувам и да download-ирам.
Е баш тоа со download-њето, никогаш не го разбрав. Кои се тие луѓе кои што така, доброволно, ставаат албуми, филмови, докулменти и видеа, чисто онака за доброто на останатите? Јас засега за 22 години успеав да ги запознам само примачите, односно на педерски - пасивните :).
Цел живот се служам со нелегални филмови и музика и им правам "штета" на големите ќуки, жими ...!, но никогаш не им се имав забалгодарено на масата луѓе кои покрај тоа што ми го направија жвотот далеку полесен и позабавен, туку слободно можам да кажам дека направија од мене "граѓанин на светот" спремен да излезе од овде и да се снајде буквално на секоја точка на планентата. Скоро ;).
Дали тие луѓе живеат во истиот свет со мене? дали и тие купуваат млеко од најблиската продавничка? дали и тие наутро се будат со звукот на алармот од мобилниот телефон? дали одат на кафе со другарите за време на викендите? дали имаат викенди? дали имаат другари и дали некогаш ги потапкале за рамо во знак на сочуство или им ја разбушавиле косата кога се зафркаваат?
... дали имаат идентитет? или едниствениот матичен број име е IP адресата од нивниот компјутер?
... дали некој од нив ме чита сега? - Благодарам!

Залутаната слика

Од претходниот пост:

Sunday, January 06, 2008

Да ти ибам новиот почеток

Имам многу очекувања за новата година. Незнам оти, можеби навика ми е, ама обично си знам што ми е во план и како да си го остварам. Секако, си oставам место за изненадувањата, пријатни или непријатни, неможам да бирам.
Како недефиниран верник и атеист, пред се, секогаш се залагам за доброто на луѓето. Арно ама колку и да се трудам нешто да сменам, осеќам дека веќе ја губам битката. Посебно со младината. Штета. Колку беше добро она “Во младината е иднината“...
За многумина и јас сум дел од таа младина. А не сакам! Несакам да ме ставаат во ист кош со тинејџерски курви. Да да... КРУВИ! И тоа во најбуквална смисла на зборот. Во мое време барем за алкохол се даваа, сега и тие се искурназија - бараaт џус. Несакам да бидам во истиот кош и со новите “IT“ експертки кои се разбираат во сите опции од мобилните телефони (блутут, инфраред), во поново време почнаа да разликуваат и VGA од мегапикселна камера(мегапикселната е покул и поскапа. море мегапикселната е статус!), исто така се разбираат во коњски сили и кубици за ефтините увезени бемвиња. А да, морам да напоменам дека “најљубоморна“ сум кога ќе ги слушнам како разговараат на теми поврзани со културата "Ами шознам... слушам се... и македонско и српско и странско". Да не ги навредвам сега до толку, сепак има ретардирани идиотки кои понатаму "странската" музика ја делат на техно и рокерско.
Туку што ми беше муабетот...
Вчера после 2 години повторно инсталирав mirc. Ме фати носталгија.
И вака ме пречекаа:

Незнам оти, ама за моронот добив слика дека ме гледа со главата исправена нагоре и се смешка додека клима со неа, а во него бавно си мисли... како и што се изразува... бавно.. полека... "исcoolирано" :)
Многу работи се смениле... asl останало ама се друго си еба мајката. Штета, не го добив одговорот за четворките. Ако некој го знае Ве молам пишете... :)