10010111
Нека не ви личи ова на самоубиствена порака ама морам да го направам.
Морам да им се заблагодарам на сите оние кои што ме научија да крадам, да фалсификувам и да download-ирам.
Е баш тоа со download-њето, никогаш не го разбрав. Кои се тие луѓе кои што така, доброволно, ставаат албуми, филмови, докулменти и видеа, чисто онака за доброто на останатите? Јас засега за 22 години успеав да ги запознам само примачите, односно на педерски - пасивните :).
Цел живот се служам со нелегални филмови и музика и им правам "штета" на големите ќуки, жими ...!, но никогаш не им се имав забалгодарено на масата луѓе кои покрај тоа што ми го направија жвотот далеку полесен и позабавен, туку слободно можам да кажам дека направија од мене "граѓанин на светот" спремен да излезе од овде и да се снајде буквално на секоја точка на планентата. Скоро ;).
Дали тие луѓе живеат во истиот свет со мене? дали и тие купуваат млеко од најблиската продавничка? дали и тие наутро се будат со звукот на алармот од мобилниот телефон? дали одат на кафе со другарите за време на викендите? дали имаат викенди? дали имаат другари и дали некогаш ги потапкале за рамо во знак на сочуство или им ја разбушавиле косата кога се зафркаваат?
... дали имаат идентитет? или едниствениот матичен број име е IP адресата од нивниот компјутер?
... дали некој од нив ме чита сега? - Благодарам!

Зш ма така велиш? :P
Posted by Un | 8:43 PM
за што? ;)
Posted by The Goddess | 12:14 AM
Остај тоа, тују тргни го на друго место она слајд-шоуто од лево што се наоѓа. Ги покрива коменатрив, не можам да читам! :D
Posted by Un | 12:36 AM
Еве готово, го нема поќе слајд-шоуто.
муштеријата е секогаш во право :)
p.s. Чудно, ама кај мене баш совршено ми работи темплејтот.
Posted by The Goddess | 12:40 PM
Se sto ke napravis pozitivno si ima efekt. Stavis filmovi za luge da siminjaat ima i reklami na sajtovite oni od toa zarabotuvaat taka da klikni nekad.
Posted by Anonymous | 10:34 PM
ех, штом е за материјална добивка секогаш сум хумана. Секогаш кликам на рекламите од страна ама ретко се замарам да читам што има. само чекам да наполни страната и исклучвам.
Леле... изгледа најгнасната личност во блогосферата сум :)
Posted by The Goddess | 12:52 PM
Тоа значи дека сите сме гнасни(ради рекламите) и хумани. =))
Posted by Un | 10:37 PM
е ова е веќе утреха ;)
Posted by The Goddess | 1:39 PM
Сите живееме во истиот свет, различното е кој како гледа на него.
Млеко купувам од Веро или од Тинекс, али не ми се баш така блиску.
И мене ме буди мобилниот... ако 1 попладне го сметаш за сабајле.
Не идам на кафе, преферирам чај и обично идам преку недела, поретко за викенди.
Пошто нема работно време од 9-5 (8-4), нема ни викенди. Можеш да гледаш на тоа или како 24/7 или како ич.
Пробувам да не се доведам во ситуација кај што ќе треба да ме „тапкаат по рамо“, а косата ми е кратка, но тоа не ги спречува да пробуваат.
Да, а и сеуште сум истиот човек, без разлика дали е онлајн или во живо.
Со самиот овој текст што го имаш напишано и ти стануваш „еден од нив“ и почнуваш да размислуваш на друг начин - надвор од кутијата.
Posted by Anonymous | 2:51 AM
This comment has been removed by the author.
Posted by The Goddess | 6:11 PM
Аха, значи ти си uploadирачот! ;)
види вака, сакам да сум во тек со работите и со општетството кои што нагло се движи. Тоа е факт и го докажувам со тоа што најмалку 5 часа дневно сум на нет. Значи еден работен ден.
Меѓутоа она што не ми е јасно во сето ова е проблемот на социјализацијата. Дали сеуште има шанси да се зачува оној стар шмек на класични состаноци и контакти на луѓето. Дали луѓето започнуваат да функционираат како кодови или сеуште во некои стои она човечкото.
Некако во последно време како што глeдам и еротиката почнува да се губи поради chat-овите ;).
А за “кутијата“... незнам ни јас од каде гледам :)
Posted by The Goddess | 6:18 PM
Се надевам дека ќе се зачуваат тие работи, пошто ипак тоа е основата, суштината, она интересното... барем за мене. Ова другово би требало да е само додаток - шлагче, средство кое ти „олеснува“ да дојдеш до главното.
Макар да кога ги гледам (ај да не речам маливе) новиве генерации, све помалку и помалку се пронаоѓам во нив.
Posted by Anonymous | 12:35 AM