Sunday, June 15, 2008

Youtube точка

Која е подобрата функција на интернетот? Слава или информации?

Почнувајќи од кај нас и фамозната тепачка помеѓу скопјанки (не ставам линк) која триумфално беше заокружена со тема во “Пирамида“... па се до... :D искрено не знам до каде ќе тера ова, ама се надевам дека барем за скоро време бидеме почестени со некоја парламентарска оргија...

"In the future, everyone will be world-famous for 15 minutes." - Големиот Енди!

Wednesday, June 11, 2008

Gossip Girl here.... екс о, екс о

Да признавам, почнав да гледам Gossip Girl... И знајш шо? Убо ми е...
Отсекогаш сум била потаен љубител на американските тинејџерски филмови, па и сериите нивни. Далеку од тоа дека имаат некоја уметничка вредност, далеку од тоа дека нешто сум научила (освен англискиот јазик, “хендикепирана“ од посткомунистичкиот ТВ режим)... далеку од тоа дека го почитувам американскиот интелект...
Арно, ама еве бе... за разлика од нас американците знаат да го употребат и да го одржуваат терминот "entertainment". Јебига... ќе се вадиме со тоа дека сме сиромашна земја, па како неухранет народ не сме ни креативни.


Туку тоа не ми беше муабетот, всушност не ни знам што ми беше муабетот и која би била поентата на ова, ама еве пак признавам дека во меѓувреме ја download-ирам 2 епизода од серијата и знам дека ќе биде добра. Го сакам Њујорк. Едноставно го сакам. Никогаш не сум била, ама сигурна сум дека еден ден ќе отидам таму. Ја сакам сенката на облакодерите, ги сакам жолтите такси, ги сакам сите тие малечки џез пабови... ги сакам луѓето што шетаат со чашите од Старбакс... го сакам сексот и градот :D.
И знам дека горе на поткровјето на Петтата Авенија паралелната Јас имам студио каде што ги обработувам своите фотографии под црвената светлина. Мирисот на киселина излегува од полуотворениот полу заглавен прозорец и допира до носот на младиот турчин од соседниот стан кој излегол да го испие своето утринско кафе на металните пожарникарски скали. Во позадина свири стара плоча од Janis Joplin... само малата насмевка на турчинот недостига за утрото да биде совршено. Но, добро е и вака... несовршени шуштења придружувани од совршениот вокал ја Janis Joplin испомешани со совршената црно-бела фотографија обесена на мојот несовршено испукан ѕид...
Еден ден се ќе биде поинаку. Знам. Турчинот ќе затропа на мојот прозорец, правеќи пареа од топлото кафе кое што веќе оставило трага на рамката од прозорецот и ќе ме повика надвор...


Но до тогаш, плочата ќе ги свири истите прекрасни шушкави звуци...
Но до тогаш, јас ќе гледам Gossip Girl, следејќи ги животите на неколкуте дечишта од високите Њујоркшки кругови...
Но до тогаш, ќе почекам уште 24% да се доdownload-ира 2-та епизода...

Sunday, June 08, 2008

Тaking lives... taking every drop of me :)

Ова ти е една од оние реклами кога зјапаш во мониторот во коса положба и полунасмевка проследена со исправени веѓи...
... и така хехехе....

Friday, June 06, 2008

Предлог капа


Добро би одговарала и на маскирна облека... униформи и сл.

Sunday, June 01, 2008

сТреќен ми 3-ти роденден


Не дека имав некоја работа, па бев спречена да постирам, ама ете... демек се откажав од блогирањето и ОП - камбек!!! точно на денот кога пред 3 години го напишав мојот прв пост.
Затоа ова comeback-ирање им го посветувам на сите ликови кои што се најдоа низ постовите, а моментално не се меѓу нас... Но тоа не значи дека моето маало има недостиг на идиоти, “интелектуалци“ и се помеѓу... дал Госпо! :)