Monday, October 31, 2005

Надежта е во младината

Во еден мој, не така дамнешен разговор, со една сестрана личност (не дај Боже да се повеќе, а ги има многу, научив многу нови работи. Дознав дека шпанските серии се класика од филм, турбо фолкот е евергреен музика, и дека Шекспир бил филозоф. А се тоа врз основа на нејзината последно прочитана книга – “Шеќерна приказна“. Не знам како ама некако едвам успеав да го проголтам тоа. Потоа размислував за нашата младина. А и има што да се види на ова поле.
Додека едни деноноќно киснат по паркови и долови, а за хоби одгледуваат трева, други пак, кои тврдат дека се попаметни од овие првите, пијат кафе со литри по кафе локалите на нашиот Широк Сокак и разменуваат нешто скришум. Што е тоа не се знае до ден денес оти сепак е скришно.
А, за да биде сето тоа позабавно, театрите, кино салите и музеите се полупразни. Ќе се запрашате, или барем би требало да се запрашате, зошто е тоа така. Како и да е, еве зошто: во галериите не се наплаќа влез, ама некои културно-образовни градски фаци не сакаат да платат дури ни толку за да гледаат дела на некој, кој не знаејќи што да прави со себеси мачкал недефинирани работи на парче платно. За згора на се сака и да ги продаде. Кажете ми една добра причина зошто некој би купил нешто кое цел живот нема да го разбере? Други пак сметаат дека картат за на театар е скапа. Па донекаде и се во право. Со толку пари може да се пие кафе, де се части некој добра риба. А и ќе научи некој трач за некој во градот, а на претставата и така набрзо нема да се сеќава, доколку не ја разбере поентата. Овие пак не се најпаметни, има и едни други, на кои некој има дал карта, а овие сметајќи дека се изградени личности, културно и морално, им ги продаваат картите на некои селани кои се принудени да одат по културни манифестации зашто не ги пуштаат на врата во кафчите. И за овие последните, да не речам селаните, се вели дека се лузери.
Што се однесува до музиката која се слуша по нашата мала земја, таму е најзабавно. На некои уште не им е јасно, а веројатно и ќе остани така долго време, како е можно да е убава за уши музиката која ја компонирал Бетовен а ни самиот не ја чул (за поинформираните го загубил слухот). Тие сметаат дека турбо фолкот е закон, зошто пеат така згодни личности - Цеца, Карлеуша па и овие до нас од десно – бугарките. Само така клучното прашање би било, во што е убавината, во стасот или во гласот?
Ако некогаш немате што да правите сп вишокот слободно време и ви е досадно, мојата мојата комшиница Мица има рецепт за вас. Прво нешто што треба да се направи кога ќе се отвори едното око, сеедно дали е десното или левото, треба длабоко да се размисли. Што да се облечи за утринсотокафе? Кога целата таа церемонија околу кафето ќе заврши, ви предлага добра литература – Oriflame или Avon, изберете сами. Кога ќе извлечете какво и да е наравоучение и кога ќе наближи 18 часот се фрлате на работа. Вадите се што имате и немате од плакар и пробувате различни комбинации. Кога ќе изберете нашто Cool во 19 почнувате со рутинска подготовка за вечерниот состанок кој пак е во 23 часот.
Тука има уште ред ред работи кои може да се кажуваат, но се плашам дека ако ги кажам сите, нема да ви биде многу интересно, затоа ќе преминам на заклучокот. Пред тоа им се извинувам на сите ако заборавив клучни детали од нивниот исполнет живот.
Значи што вистиски сакав да ви кажам на сите е внимателно со тоа што го правите со и во вашиот живот. Сепак е еден и е краток да можеме да правиме се што ќе ни падне на пемет. Светот врие од кичарии насекаде околу нас, но мислам дека можеме да ги променеме и во најмала рака да не ги конзумираме во нашите животи, се разбира заради нас самите. И не правете ги рабоите затоа шти тоа го прават другите или заради тоа што сега е In. Светот ваков каков што е сега по кратко време постарите генерации ќе ни го препишат нам, а ние ќе треба да го направиме поудобно катче за живеење на белите, жолтите, црвените и црните луѓе.
Изборот пак ви го оставам вам на каде ќе се упатите кога ќе излезете од оваа просторија. Вие сами и само сами! треба да одберете дали сакате да бидете привремено или перманентно сиромашнилица. Но пред да изберете било што, сетет се на онаа стара добра изрека – “Надежта е во младината!“.
Андријана
Па како шо глеате текстот не е мој. Сепак не сум до толку себична па само јас да си пишам овде. Додуша да, само јас си пишам, ама си давам слобода и да потпрепишам нешто и од други. Според мене, текстот е доста солиден и немаше смисла да не го објавев. Сепак се зборува за нас, за битолчаните, па и да не налетав на овај и јас би напишала нешто слично.

Friday, October 28, 2005

“Бутките“ и “Педагошка“

Ако Париз го има Лувр, Египет ги има пирамидите, а пак Њу Јорк го има Централ Парк, тогаш Маџермаале ги има Бутките и Педагошка. То ти се две од неколкуте туристички атракции во ова маало покрај Чешмата, Џамијата и Крстот. Ц,ц,ц… колку само космополитски звучи ова последното а? Па шо, ко можеле големите светски метрополи да имат Чајна Таун, Литл Итали и шо уште не, оти и ние бе да не си напрајме такви? Ги исполнуваме сите услови за да си формираме наши “културни“ квартови. Шо му фали на пример на Литл Албејнија, Турки Таун, “Египет“ Плејс, Македновил итн…
Ама ај да си се вратам на главната идеја оти и та ќе ми ој. Значи муабето беше за Бутките и Педагошка. Моментално не располагам со точни информации од кога датираат овие “споменици“ ама отприлика не би требало да се помалди од 40 години, посебно тврдината “Педагошка“, а за Бутките шознам… можи да се по тазе. Е баш тие бутките беја и уште се најглоемото собиралиште на Маџермаалци. Од таму се прати буквално се шо врви покрај маалото. Нема шанси нешто незабележано да избега. Остај то, после “селската“, овде е и најголемиот метеж на меѓуградски афтобуси (со акцент на “а“). Сите “туристи“ се запознаваат со оваа атракција уште од првата скала. Меѓутоа највпечатлива од сите бутки е “бутката за сончоглед“. Таму го има најдобриот сончоглед во градот. Зато и најчестата “учтива“ реченица тука е: “Ај бе по сончпглед“.
До пред некоја година “Педагошка“ беше и најголемиот забавен парк за малдите жители од овде. Ама ете се најде некој па реши да го загради објектот, демек “да заличи“. И шо напрај? Ја еба цела забава, ебате. Дење дворот, посебно отпозади вриеше од пензионери кои шо играја карти и шах во тревата, а покрај нив трчаја нивните внучиња. Имаше и еден дел кој секогаш беше резервиран за “образовни цели“. Таму секој понеделник и петок наставничките ги носеја децата на физичко да уживат во природата и зеленилото шо им го нудеше таа. А пак за време на викендите и распустите сите Маџермаалчиња си се собиравме таму и игравме фудбал, бејсбол и бркајнца. И шо напраја сега? Се од тоа уништија. Демек Педагошки факултет бла бла бла… море ги боли за децата. Му ја скратија играта, му го унишитја детството, ги отераја на улици да го дишат чадот од колите и да си ги кршат колењата. Остај ти, друго е да си падниш на трева, друго е на асфалт. Ама шо можиме?… И шо е следно? Ѕидој со бодликава жица, безбедносни камери и влез само преку домофон, кој е поврзан со мобилниот на Идриз (стражарот)? Или пак Симе (деканот) на капијата ќе напиши “приватна забава – влез 400 евра, платете унапред и ќе ви важи за целата година“…
Е сега покрај се ова шо му се случи на овој историски споменик, шо на Маџермаале и неговите жители му остај “црна точка во поновата историја“, сепак од друга страна “машината“ на Симе почна да произведва доста солидни кадри за кои ќе стегаме палци еден ден да фатат некоја висока позиција па псле да можоме некако да ги подмитиме за да го вратат сјајот на славната “Педагошка“.

Tuesday, October 18, 2005

Извинвање

Морам да се извинам овај пат оти остај то шо ме мрзеше да објавам нешто туку и оваа заебаната интернет врска ме изеде... Да се надеваме дека во иднина барем со интернетот нешто ќе се реши тука во оваа држава. Море шо ќе се реши, ние име немаме па за интерент ќе преговараме, туку ај, ѓомити има некој да среди...

Муфтиња

Шо ќе беше бе ова суша… да се немало инспирација за ништо. Значи ова мрзата до крај можи чоек да го уништи. Има периоди кога едноставно се ти иди од рака, секој ден нова идеа… ама мане пак ме има фатено еден период шо ништо не ми оди. И самата неможам да си повервам како е можно да ја имам таа чест да живеам во едно маало полно со пациенти, а да стигнам до ова “тереџе“ шо би рекле нашите и толку да си го утнам блогот кој чесно си го градев овие неколку месеци. Колку само пари му дадов на дечињата на вработените во Македонски Телекомуникации. Ама не жалам ич за то, туку ми е мака шо од навистина скромно 19-то место на Virtual Macedonia се шибнав на 24-то. Не дека ме здоболе за бројката, на крај па refresh е тука за да се тешам, туку очигледно е дека доста луѓе после вториот откако го отвориле блогот си рекле: “Ех, толку беше… не вреди пак да се тормозам другиот пат и да губам време“. Ама не се откажвам бе, се надевам дека и ова ќе ми помини…
Туку дај да не ве замарам со исповедите да преминам на “сторијата“ за денес. За маџермаалските муфтиња…
Види вака таа изреката “Кур да е, муфте да е“ тука, во Маџермаале, некако најдобро се вклопва. Секој втор гледа нешто муфте да лапни. Шо било… макар и, ај да не бидам вулгарна, од таквото. Абе за грев кутрите… пола од нив се со едвај осмо, па никогаш немале шанса да се здружат со цивилизацијата. Целиот живот го поминале тука, низ Маџермаале. Се за нив е ново и кул, или преведено на нивно “јако“. Недај боже да те видат дека имаш кола, абе ко хиени ќе ти се навртат да ги свртиш едно крукче. А остај то, па ако случајно забележат дека во колата имаш радио, готово… ој да те видам истерај ги. Посебен менталитет си сме. А, и ќе забораев, ако некогаш поминиш низ Маџермаале и се прајш мангуп со гласна музика в кола, биди сигурен дека еден ден ќе плачиш по тие денови. Само да ти ја најдат колата… ојде јабана радиото. Друго шо ќе кажвав за муфтињата…. А, и дека цел живот се недонајадени. Кај шо има нешто да се касни, тие ќе се нацртат, е сега ако во краен случај се нема ништо, ќе изнајдат начин и ќе те врзат за да им купиш. Зато заеби образованието, ако овие појма немат од книги и било шо слично на нив, освен карти, ќе те ебат! Не вели дека се глупи, за разлика од многумина овие имат докторирано на Уличниот Факултет.
Немојте сега да си помислите дека со овој пост си ја навредвам мојата маџермаалска нација. Јас си сум чистокрвна Маџермаалка, заколната на верност кон мојот народ безразлика на се. Ова е само дел од вистината за моето маало. Комшиите се мојата гордост! ДА ЖИВЕАТ КОМШИИТЕ! И на комшивката швалерот!!!