Friday, April 27, 2007

Светото тројство

На папката со овие слики налетав сосема случајно кога мојата флеш меморија ја дадов на користење...



Личноста која што се радваше со неа е 16 годишник :(.

Friday, April 20, 2007

Поддршка за педерите

Штотуку го прочтав постот на Сатаниел за педерите. Незнам дали дечкото е навистина педер или е хуман, па застанал да ги брани педерите, ама баш е супер. Не дека имам некои склоности кон хомосексуалците, на крај пак, воопшто не ми е интересно некое суштество кое што ги има скоро истите “делови“ како и јас. Така да, сосема си имам расчистено со тие работи.
Работата е во тоа што, со нашите глупави размислувања и постапки, демек го штитиме општеството од “небожји работи“, самите си ги ебаваме животите. Зошто да не им дозволиме на луѓето слободно да си ја избираат сексуалната ориентација? Зошто родителите не си ги прифатат децата онакви какви што се? Зошто да се срамат? Мислам дека многу подобро е да знаеш дека син ти е педер пред да се жени, отколку да дознаеш дека откако начукал 2-3 деца, од кои едното е веќе средношколец, го фатиле колегите од работа како го кова колегата. Па сега покрај, половина град што ќе ве заебава како фамилија, ќе ви се приклучи уште едно средно училиште, па и внучето ќе ви го заебаваат... НАПРВЕТЕ ГО ОВА ЗА ВНУЦИТЕ! НА НИВ Е СВЕТОТ! Барем вие така велите.
Факт е дека 10 % од популацијата на земјата се родени со тој некој ген или нешто такво, што ги прави да ги привлекува ист пол. ФАКТ! колку и да се криеме, колку и да го негираме тоа, нема бегање - ФАКТ Е! мораме да се помириме со тоа. Не го оправдувам тоа, нормално дека не е во ред за универзумот, се намалува наталитет и сл... Ама пак, и ова не го бидува. Имам скоро 22 години, иако сеуште финкционирам како едика :), утре - другиден (што вели баба ми) ќе се мажам. па луѓе, и на мене како и на секое нормален човек би му било тешко да трпи неверства. И сега, ако го трефнам принцот да ми биди од тие 10%, кои што цел живот се криеле од општеството, и морале да се женат, бидејќи “така треба“? Дали вреди поради наште глупави и себични постапки што ги негираме тие луѓе потоа ние да страдаме? дали треба да се се сомневаме во сите? дали треба мајка ми да се сомнева во татко ми дека тој со колегата има некоја интимна врска, или ај обратно...? дали секогаш кога ќе го испратам мојот иден споруг на деловен пат (демек обавезно ќе биди успешен човек :)) треба да се палашам дека тој ме изневерува со шоферот? па дајте бре... ја убивате “романтиката“ со овие постапки! жените треба да се плашат од сектретарките на пример, а не од шоферите. А и мажите исто, знам дека фантазијата со две жени се слатка, ама верувам дека и нив неверството со било кое и било каково човечко суштество би и болело.
Да им посакаме на хомосексуалците слобода, за да се ослободиме и ние!

Sunday, April 15, 2007

Пост без никаква вредност

Ете и јас да им се придружам на онаа група на “блогери“ кои што на моменти немаат инспирација, ама чувствуваат одговорност дека треба да се пише нешто на блогот. па еве...

п.с. многу полошо би било доколку ја расажам следната епизода на Волшебнички

Wednesday, April 04, 2007

Реклама за 386-ката

Секоја чест, навистина...
за креативноста...
за актерската екипа...
за музиката...
за порно шмекот...
за Windows-от!!!
386-ката

Се извинувам ама youtube очигледно ме мрази :)