Поддршка за педерите
Штотуку го прочтав постот на Сатаниел за педерите. Незнам дали дечкото е навистина педер или е хуман, па застанал да ги брани педерите, ама баш е супер. Не дека имам некои склоности кон хомосексуалците, на крај пак, воопшто не ми е интересно некое суштество кое што ги има скоро истите “делови“ како и јас. Така да, сосема си имам расчистено со тие работи.
Работата е во тоа што, со нашите глупави размислувања и постапки, демек го штитиме општеството од “небожји работи“, самите си ги ебаваме животите. Зошто да не им дозволиме на луѓето слободно да си ја избираат сексуалната ориентација? Зошто родителите не си ги прифатат децата онакви какви што се? Зошто да се срамат? Мислам дека многу подобро е да знаеш дека син ти е педер пред да се жени, отколку да дознаеш дека откако начукал 2-3 деца, од кои едното е веќе средношколец, го фатиле колегите од работа како го кова колегата. Па сега покрај, половина град што ќе ве заебава како фамилија, ќе ви се приклучи уште едно средно училиште, па и внучето ќе ви го заебаваат... НАПРВЕТЕ ГО ОВА ЗА ВНУЦИТЕ! НА НИВ Е СВЕТОТ! Барем вие така велите.
Факт е дека 10 % од популацијата на земјата се родени со тој некој ген или нешто такво, што ги прави да ги привлекува ист пол. ФАКТ! колку и да се криеме, колку и да го негираме тоа, нема бегање - ФАКТ Е! мораме да се помириме со тоа. Не го оправдувам тоа, нормално дека не е во ред за универзумот, се намалува наталитет и сл... Ама пак, и ова не го бидува. Имам скоро 22 години, иако сеуште финкционирам како едика :), утре - другиден (што вели баба ми) ќе се мажам. па луѓе, и на мене како и на секое нормален човек би му било тешко да трпи неверства. И сега, ако го трефнам принцот да ми биди од тие 10%, кои што цел живот се криеле од општеството, и морале да се женат, бидејќи “така треба“? Дали вреди поради наште глупави и себични постапки што ги негираме тие луѓе потоа ние да страдаме? дали треба да се се сомневаме во сите? дали треба мајка ми да се сомнева во татко ми дека тој со колегата има некоја интимна врска, или ај обратно...? дали секогаш кога ќе го испратам мојот иден споруг на деловен пат (демек обавезно ќе биди успешен човек :)) треба да се палашам дека тој ме изневерува со шоферот? па дајте бре... ја убивате “романтиката“ со овие постапки! жените треба да се плашат од сектретарките на пример, а не од шоферите. А и мажите исто, знам дека фантазијата со две жени се слатка, ама верувам дека и нив неверството со било кое и било каково човечко суштество би и болело.
Да им посакаме на хомосексуалците слобода, за да се ослободиме и ние!
Абе девојче, ова раэмислување што го склепа е некако на две, дополу риба - одполу девојка. Значи ти ни раскажуваш прикаска дека треба прво да се мажиш па потоа да видиш што си эела, эдраво јајце или маток.
Па кога си толку еманципирана - эошто не си ја провериш стоката со време? Раэмрдај со умот малку па ќе видиш дека МПЦ (тоа е нели нашата света мајка црква) не го допушта тоа што го бараш ти. Или МПЦ само эа историска употреба, эа Македонштината, эа против владиката оној како му беше името - а эа овие работи - директ у кош, а?
Не оди тоа така. Не може цело време эеми одовде-одонде што ти е кеиф па направи си топче, твоја нова идеологија, твој нов устав эа гледање на светот.
Ова не эначи дека ми пречи тоа што го эборуваш - да се остават луѓето на раат, ама не эначи ни дека може вака да се калемат нормите во општеството...
Posted by GoganP | 2:53 PM
Како прво навистина ми е мило што некој кој проживеал три пати повеќе од мене да ми коментира на блогот. А како второ, секоја чест за се она што сте го сработиле во врска со интернет новинарството, ако така можам на кратко да ја дефинирам вашата работа на ова поле. А како трето, по се изгледа ќе треба да се бранам :).
Видете вака, не сакам воспоставувам некоја нова идеологија, а уште помалку да терам некој да ме следи и да ме смета за Бог(освен дечињата на кои што во иднина би требало да им предавам :)), туку само се обидувам да го ослободам “општеството“ од предрасудите. Сеуште стојам на тоа дека има огромен број на луѓе кои едноставно се пригушени и дека треба да ги оставиме да се изјаснат пред да не повредат. А многу луѓе повредуваат и без да сакаат. Токму затоа цел живот се држам кон мотото “верувај им на луѓето 98% и никој нема да те повреди“.
А што се однесува до МПЦ и до цркви искрено да ви кажам, ама ич не ги поштовам! Не вредат. Не ми треба некој што ми наплаќа 500 за да ми попее 2 минути да ми кажува што е верба и што е морално а што не.
Затоа, можеби звучи себично,ама да, скоро секогаш се трудам да си ги натокмам работите... доколку можам, ако не здравје или како што би кажале вработените во а.д.МПЦ - Така скал Бог! ;)
Posted by The Goddess | 9:56 PM