Monday, June 18, 2007

Macedonia is Greece

Е значи од газот ќе си каснат! Незнат шо поќе да напрат... Свесни се дека убо ги дупиме во црните влакнести газинња... ц....ц....ц....
Понекогаш и ми е жал за нив... кога би била вистинска “олимписка божица“ и јас би си каснала!

Sunday, June 17, 2007

Dawson's Creek opening theme [6th]

кога веќе правам ретроспектива на изминатите 22 години и на настаните кои што колку-толку влијаеле на мене, неизбежно е а да не ја споменам мојата серија на тинејџерството Dawson's Creek. Иако ниедна наша ебана телевизиска куќа не ги откули правата за да ја емитува (демек во тоа време нешто купуваа), си најдов начин да си гледам на грчка телевизија и да си го исчеличам англискиот ;)

Откако на Земјата се роди новиот ангел...

има скоро 22 години од тогаш...
поинаку е... подобро е...
море поинаку е...
...ги снема тапираните фризури на мајка ми, на стрина ми и на вујна ми... тетка ми од секогш си е класика. Едно време ги снема и долгите шарени кошули со поткренати раменици со колан на половината и тесните хеланки, кои за жал еве ги пак се мафтат низ Корзо. ЗОШТО?
Ги снема и џигериците кај мажите... ама ајде де, еве ги уште се мафтаат зад ушите на “мажите“. Грозно. Би го поздравила искоренувањето на Пино Силвестре! а на тие уште 2-3ца што се шлакаат со залихите од ’89 треба да им се одземе правото на глас на било кои избори. Македонија се стреми за напред!!!
Реното 4 веќе е во топилница заедно со сите спомени за слатките моменти со вкусот на чоколадата “Волим те“ и “Само ти“... ги има и сега ама го нема Реното. Го заменаа со кола со радио со це де и вуфер во бажникот. А за тоа што се јади во денешните коли неможам со точност да кажам. Јас лично јадам се што како за помошно средство не му е потребна лажица. А радиото е сеуште без це де... уживам во магијата на радио програмата, има нешто во тоа што никогаш неможе да се одземе.
Полека исчезнува вистинскта музика, плочите веќе ги испративме во историјата. Има обиди на одделни компании да ги вратат, ама шо кур ми се кога се дигитално изнашминакни... Rolling Stones на 128kbps или на 192 или на 360kbps? Сакам да ми шушка... а и да шушка кај да ја шушкам? Ај јас стариот stereo system го користам како масичка до креветот за да ги оставам фотокопираните учебници за да мисли мајка ми дека сум учела и сум заспала. А овие останатите искомплексирани дечишта на последиот бран селани? на shockwave дивидито со сараундот ќе ги слушаат?


Ми се приспа... ќе продолжам за некој ден... 22 не се малку иако младо и свежо се осеќам :)



а да... ќе ја заборавев Династија

Monday, June 11, 2007

Јуни... лето господово 2007

Само да потсетам дека сеуште постојат луѓе што упорно тврдат дека Adobe Photoshop и Powe Point се едно исто и дека чудото “печатење од CD“ е возможно...
За сите останати Street view на Google maps. Иако засега се достапни само неколку од градовите на американците, сепак шетањето низ ценатрот на Њујорк е доволно за загревање.