Thursday, September 22, 2005

На чикмакот пред Европа

И еве стигнавме и до 3000. И шо сеа? Јас лично многу си сум задоволна од она шо досега сега сум го напрајла. Не дека мојот блог има некоја посебна уметничка вредност, туку онака, дека колку толку придонесувам за подобра афирмација на Македонија во светот. Не бе, без гајле не се фалам дека светот ме чита, мислев на тоа шо јас го создавам овој блог, а со тоа, паралелно посетвам и доста други блогови и нормално влегувам во 2-та резилски проценти на интернет корисници во Македонија. А, и морам да кажам, или ај да се пофалам, дека благодарение на мојот блог, успеав едно десетина, за мене неписмени, луѓе да ги натерам ојдат во интернет кафе и ееееј..., за атер мој, да отворат страна. Искрено, навистина се гордеам со тој потфат.
Арно ама, шо ќе се прај бе со останатите... До кога вака? Европа? Буахахаха... За куро му сме ние бе на Европа. Една заедница која се креирала, создавала и растела 50 години мислите дека така лесно ќе си дозволи да ја уништиме? Зборвам за држави во кои просекот на интернет корисници се движи некаде околу 60%. Знајте бе вие колкав број на луѓе е то? И мислите дека тие би се согласиле да ја делат платата со некои идиоти како нас? Па во право биле французите и холанѓаните шо го зебаја референдумот. Во ред, ај до некаде, крива ни е државата шо ни шитка интернет од 2 евра за сат во нормална тарифа па поради то се бројме како мал број на корисници на интернет, ама па од друга страна има интернет кафеа во кои за 4 бона ќе отепаш еден сат. Заразата од таму почнува. Многу од нас за прв пат се запознале со ова “чудо“ во интернет кафе или како шо милуват нашите да речат, на компјутери. Сфаќам дека не се сите во можност да си дозволат да имаат дома компјутер, ама ако се запни се е можно. На крај па еден солиден компјутер PII кој можи да ти отвора страници можи да се најди и за, најмоногу, 10 000 денари. Еден мобилен бе. Само шо оваа поголемата машина некако поќе можи да ти користи. Остај то шо ќе научиш кај се Ш, Ќ, Ѓ, Љ, Њ итн, то ти е бе и инвестиција за во иднина. Можи ти нема многу да сетиш, ама еден ден децата твој ќе видат аир. Ти ќе му ги подотклучиш ако треба вратите за во Европа, па то после нека врви.
Оти бе сме толку себичен народ? Ако родителите мои ко беа на моја воздраст ги интересираше она шо се случва во светот и барем малку би следеле како живеат нивните врсници, денес мене ич немаше да ме боли глата шо ќе прам по 2 години од ко ќе завршам. Ама ај да те видам натерај некој со сила? Жалосно е додека светот го тепа слободното време пред тлевизор гледајќи “Очајни домаќинки“, “24“, “6 стапки под земја“, “Опра“ или пак “Др. Фил“, македончето си ја цепи психата на шпанските серии и на онаа една емисија шо е на Канал 5 во која Драган Вучиќ промовира курви, незадоволни од порно индустријата на балканот.
Вервајте дека незнам шо поќе да напрам. Мило ми е за вас, мои сајбер другарчиња, кои моментално сега го читате ова, шо сте се вклопиле во светската шема, туку шо да прајме со другите? Дајте да превземиме нешто да поднатераме и други да не читаат. Полека полека убедвајте ги дека и блогерството е доста кул работа. Додуша ќе ни треба поќе време за некој да го заинтересираме да почни да користи интернет, па да биди редовен читател барем на најновите работи, и на крај да си отвори свој блог, ама мислам дека ќе вреди. Па не се издржва поќе вака. Моментално во Македонија, според мене, има најмногу 30 блогови кои ај да речиме се апдејтираат барем еднаш неделно. За срамота! 30 блогови бе.... еј... до кога.... до каде....? МОРАМЕ, ВЕРВАЈТЕ МОРАМЕ.

Monday, September 12, 2005


Koljce na "rabota" Posted by Picasa

Нашиот Кољче

Скоро секое маало си има свој Кољче. Тој ти е еден од оние комшии кои нкогаш не стапнале пред матичар или пак се испрајле пред бога в црква. Вечен ерген.
Незнам сега каков е тој вашиот Кољче и со шо се бави преку ден, ама нашиот е доста зафатен. Покрај то шо работи во РЕК, Кољче има и свој сопствен дуќан во пазарот. Многу често после работа оди таму и седи пред дуќанот. И то буквално седи. Ги отвора кепенците и седнува на скалите пред дуќанот. И толку. Ќе си подреми таму, ќе ги затвори кепенците и си бега дома. Најјако е шо никогаш не помислил ни да го дај под ќирија. Исто така Кољче поседува скроз нов Томос, купен пред 5-6 години, со кој никогаш не свртил ниту едно кругче. Ах, ќе ја забораев и ладата. Таа му остана во во наследството од неговиот покоен брат. Еве веќе 2 години му стој во гаражата и од време на време ќе ја запали, ќе ги проба со мењачот сите четири брзини в место, и после ја гаси. Еднаш ко сакаше да ја запали неможеше да ја клај во прва, па крена паники оти му се расипала. Ко на крајот, од кога го викна на помош комшијата сфати дека заборајл да го прицни кумплугот...
Но како најголема карактеристика на нашиот Коњче, а воедно и наговата најголема пасија е манијачењето. Тој си е манијак според сите светски стандарди. Дење седи на балкунот кој шо се наоѓа одма над улицата и одма ко ќе помини некоја жена, застанва до железата седнува на едно ниско столче и ги шири ноѕете. А пак кога ќе треба да излези дење да се “прошета“, си клава танга, над неа најтесните траперки, го зема Мечо, кучето пријател, и тргнува во поход. Можете да го сретните буквално во секој непрометен парк во градот. Ноќниот живот во последно време како да го има запоставено, а порано редовно си излегваше со долг мантил, кремови пантолони, кои потоа нормално си ги слекваше, и со белите чевли. Најчесто се движеше по влезовите во зградите, а понекогаш се случувало да залута и во некој двор. Иако живее сам и е толку многу зафатен, сепак во неговата куќа скоро секогаш кога е расположен има некој гостин. Порано најобожаван беше од бугарките кои шо држеја тезги во пазарчето, кои почестени од неговата љубезност честопаи ноќите ги поминуваја кај него. А моментално како најголем посетител на Кољче’s Mansion е Чукаро. Двајцата ќе си земат едно шише ракија, ќе си седнат во долното собче и низ муабет полека, полека ќе ја отепат ноќта. На крајот ќе се искара со Чукарот оти незабележително ја фукнал целата ракија и за партали ќе го исфрли надвор...
Па накратко ова е целата приказна за нашиот Кољче.... Ех, ќе забораев да ја спомнам и неговата, сега почината мајка. Заха беше посебна жена. Секогаш седеше потпрена на железата од балкунот точно на среднината, ни полево ни подесно, и со сите се караше. Посебно слабост и беа децата. Редовно наоѓаше некоја рачка за да се искара со нив. И то тоа го праела со години уназад. И кога такто ми бил мал и со нив се карала... Незнам зошто, ама таа жена никогаш не се скарала со мене. Не дека бев “најмирната“ од сите, за то можат да потврдат и останатите баби кои редовно беа во конфликти со мене, туку едноставно знаев како да ја освојам. Изгледа само Заха ја имаше способноста да ја насети невиноста во мене.... а штом Заха ме сакаше... вервајте, сум била посебно дете ;)... Нека почива во мир.

Sunday, September 11, 2005

Ај да се исповедаме

За македончето тешко дека самото доброволно ќе се исповеда од едноставна причина шо ако се осмели да го напрај то готово е... си се заебал за цел живот. Ова посебно важи во Битола оти после тој момент на искреност тешко дека ќе се осмели да уште еднаш да се прошета низ корзо. Тука кај нас во Маџермаале пак, на луѓето не им се дава таа привилегија самите да си кажат шо прат или направиле во минатото. Се навреме се открива. Иако многумина и не се свесни за тоа. Многу од нив сеуште си мислат дека никој не знае на пр. дека тие двајцата се швалери иако се комшии и тро сватој, или пак “сите мислат дека се сме цимерки... хахахаха.... никогаш и нема да дознаат шо се си играме дома....“, “Дека сум постар никој не знај дека носам танга“ . “Мислат дека овај е таткото на ќерка ми, ако...“.. итн... итн...
Арно ама, американците како поглупа нација, неможејќи да се помират со фактот дека една мала држава по име Македонија која се наоѓа некаде накај Сибир, според едни, а според други во Јужна Америка, а има и такви кои мислат дека Македонија е градче во нивната Јуесеј, успеала да пронајде формула со која можи да ги следи сите чекори на луѓето околу нив и да ги слуша и нивните најтивки муабети, решила да направи БЛОГ. И то не било каков БЛОГ... туку блог на кој шо ќе можат да си ги кажат и нивните најмрачни тајни. Муабетот не ми беше да го напаѓам глупавиот американски народ туку да ви претставам едно навистина досетливо блогче, море блогиште оти кон него водат околу 8.000 линкови, на кое можите да прочитате тајни испратени од “обични“ луѓе, а богами и да испратите нешто ваше... оти да не. За тие порешителните еве ви го сајтот http://postsecret.blogspot.com/ и одма да прицните, а за сеирџиите останува да читаат и да почнат да се сомневаат во секој шо го знат. Од мене толку...
Ајт до следниот пат!

Friday, September 09, 2005

Битолчани

И конечно после неколку месечно барање успеав да го добијам текстот за кој моногумина ми се фалеја дека го прочитале и дека бил ептен јак и дека морам да го прочитам и јас. А кога ќе ги прашав кај можам да го побарам и кој е авторот сите ми ги креваја рамејнците и ми велеја: “Абе шознам... го читав негде... или Букаро или Ана, кој друг би напишал вакво нешто...“. Арно ама и по долго време поминато во чепкање низ архивите на двајцата не успеав да најдам ништо. Не можев да се помирам со помислата дека нешто вакво кое било објавено на интернет поминало незабележано од мене... и то вакво ремек дело!
Но благодарение на оние малку добри луѓе шо останаја на овој свет го добив она шо очајно го барав... текстот за Битолчаните.
За тие шо се чудат шо е то еве ви го во целост, а за останатите ако не ви е мака прочитајте го уште еднаш:

БИТОЛЧАНИ
Ние битолчаните од мали си знаеме дека живееме во најубавиот град на светот. Од мали ноѕе ги слушаме истите аргументи кои ја поткрепуваат таа теза:- Битола е градот на конзулите,- Битола е градот на клавирите,- Битола е најградски град во Македонија,- Битола е град со најдолг градски стаж во Македонија,- главен град на некогашен турски вијалет,- си го имаме Пелистер,- си ја имаме Хераклеја,- си имаме најубај чупиња во цела Македонија,- најубав дијалект си имаме, најмакедонски е од сите,- корзото е центар на универзиумот и така натаму,- Скопје е најголемо село во Македонија,- Скопјани се јадат живи дека не живеат во Битола.Тие аргументи ни помагаат во животот да се почуствуваме повеќе вредни, повеќе значајни глобално и повеќе самоуверени локално.Нашата гордост е видлива ососебно во сабота сабајле, кога облечени во најубајте алишта од најубаите бутици си слегваме удолу. Откако ке си слезиме удолу си се движиме по најдолгата ред карпет зона во републиката и сме сигурни дека сите не гледаат, оговараат, фалат и критикуваат, се заљубват во нас или пак мислат дали да не частат вечер пијачка. Најповеќе тогаш си се прашуваме дали ни се размачка креонот и дали сме црвени на образите. Освен тоа одиме во вц без да порачаме кафе и си ги местиме силиконските ремчиња од градниците. На ред карпет зоната си имаме постојана изложба на разголени грбои и папоци (во сите годишни времиња), ќелави глави и рејбан стакла (повторно во сите годиШни времиња) и изложба на мотори, коли со австралиски регистрациони таблици и розови скутери (нидлс то сеј, во сите годишни времиња, особено на лето).Си имаме битолчанец (си имавме) кој се искачи на Монт Еверест, ама не стигна да слезе и да се пофали. Си ја имаме Каролина Гочева. Тоше овде заврши средно. Гарант тука го научиле толку убаво да пее. Си имаме бељот, најповеќе сакаме да играме во парк во летно време. Си имаме Битолско во големи пластични шишиња и си имаме роднини во блиските села кои редовно не снабдуваат со зарзават. За да им се оддолжиме им помагаме (или не) во копањето нивите, и после тоа редовно се судиме за тоа која која нива да си ја земи во наследство. Си имаме аристократски фамилии со најубајте куќи и дуќани и конзулати. Си имаме маалски бакалчиња каде што редовно се пишиме и каде што илегално купуваме цигари и алкохол а продавачките не не кажуваат на мајките и татковците запишувајќи ги цигарите и пивата како три леба и пет млека. Најважно од се, си имаме роднини од Австралија, Америка и Канада. Тој што си нема, можно е ако си има ќерка да си ја омажи таму, па така и тој да си има.Си го имаме Расчекор каде што си го имаме Кармата на врата да не пушти или избрка. Ако си го немавме Ќе немавме каде да одиме после дванаесет, ама ете си го имаме Расчекор до три, среЌа голема. Си го имаме најакиот театар, ма каков МНТ, каков Драмски, нашиот е најдобар и точка! Си имаме и три кули, три лепотици и си ја имаме тројката кружна, и четворката ако сакаме да одиме во Оризари. Си имаме такси Што не носи дома за 15 денари и во Охрид за 250. Си го имаме ТАТ, ни ги зеде парите ама ете сега, ѓоа ги враќа, и сеа почнуваме да ги трошиме.Си ја имаме дискотеката Свинг - Ла Синема и на пример таму си имаме концерти. По едни пати си имаме и журки каде што ојме да гледаме како другите смешно играат (си рачунат нешто со рацете) на некоја чудна музика и да твориме теории за нарко мрежи и секти. Едно време си имавме неколку познати градски наркомани арно ама направија беља и сега не ги гледаме. Си имаме цајкани кои редовно не запишуваат во тефтерите и после тоа дома не караат дека сме биле дрогираши. Си ја имаме спортската сала и таму ни свири Влатко Стефановски. Си немаме кино оти си го претворивме во Дискотека ама затоа си имаме Дом на Културата кој си го претворивме во кино и си фаќаме врски за да си земеме карти за да го гледаме Господарот на Прстените.Си го имаме Драгорот, особено кога ке врне, оти инаку повеке си го немаме отколку што си го имаме.Си имаме стада овци што ни пасат пред зграда. Кога си ги Шетаме кучињата во чистинката кај Хотел Битола, на пример, тогаш си имаме овчари или кравари кои ни се лутат оти им го растураме стадото. Инаку таму сега си имаме пазар и паркирани камиони. За малку ке си имавме и црква ама не ни ја направија.И си имаме крст на Германски Гробишта, и свети навечер.И си одиме во март на Кркардаш. И на физичко на Тепсија горе.И базени си имаме два, и откако Ќе се искапиме и напиеме кафе таму, си одгледуваме лишаи и габи.И за матурска си купуваме фустани од Солун и си се фризираме кај Сашо од Прилеп.Многу сме среќни ако си имаме мајки и татковци вработени. Многу сме среЌни исто така ако и ние работиме, во Веро, на пример или во некој кафич или бутик. Инаку не работиме. Значи, прво завршуваме Педагошки факултет и после тоа на пример, се мажиме ако затрудниме во меѓувреме, или пак се вработуваме во Веро ако имаме врски да се вработиме. Таму си седиме на каса и потајно се надеваме дека Ќе добиеме одмор на лето за да одиме во Црна Гора и дека дотогаш нема да не отпуштат. Ако сме многу среќни тогаш си имаме виза за Грција и се надеваме потајно дека Ќе можиме таму да работиме на лето, во меѓувреме се запишуваме на курс по грчки и учиме на памет грчки песни за после да се правиме шизици по кафичите.Си го имаме Барот и таму си имаме певалки што ни играат на шипка. Им лепиме на папокот илјадарки бидејќи ние сме многу богати и многу заработваме. Деците ги имаат сите петки оти класна им е наШа роднина што си ја имаме. Ако децата имат тројка по математика тогаш учителката нека се научи прво да број до десет па после нека им пиШи на децата наши тројка. И на комшијата шо си го имаме керќа му прво е ама знај да чита како да е осмо. Многу си сакаме да си ги пуШтаме децата на курсеви по манекенство и на музички фестивали. Пријатели сме со Нечак и ни пиши најуба песна за синот да ни стани втор Марјан Стојановски. Жените исто така ни се вработени оти со директорот бевме заедно војска.Си имаме технички факултет којшто го завршуваме по едно седум осум години и каде што си пишиме квадрати и си седиме во бифето со асистентите и си пиеме долго макијато со топло млеко и чаша вода со мраз. Освен тоа со долготомакијато си пиеме и кокакола со две коцки мрази со цефка и си пушиме бос во меко или родео лајтс. Во случај да емигрираме некаде во иднина многу ни е мака што не прават баш такво кафе како што ни праеја во Битолата. Кога ќе си ја слушниме песната Ако одам во Битола паѓаме во тешка депресија за време на стиховите за Солуна, за Стамбола неа не давам, си го колниме животот кучешки и веднаш пуштаме пакет со носени алишта и 20 долари за децата.Најубај сме.Најпаметни и најубо се облекваме.Ги заебаваме прилепчани оти се мајмуни.Не јадиме често чкембе чорба.Немаме ајродром.Немаме секси шоп.Ама затоа имаме едно чудо МАЏАРИ, и на СИЕНЕН ми ја кажваа улицата.

Пи ес
Едно големо фала на Стефан кој се измачи да го најди ова.
Пи ес пак
Го барам авторот на ова да се јави.
Пи ес уште еднаш
Ај да ве видам и другите со шо имате да се пофалите

Thursday, September 08, 2005


Plakat Posted by Picasa

Ај да видиме сега кој од вас е барем малку заинтересиран за музика.... Доста е од дремење пред компјутер и “читање“ на блогови. Време е малку да и се посветите на културата и барем за момент да се вмешате во создавањето во културното живеење во Битола. Ова лето Битола навистина се докажа во организирањето на доста квалитетни настани и манифестации, кои шо да бидам искрена ме направија горда шо сум дел од битолската младина.
Ете веќе создадовме и Битолска Опера... не дека сум љубител на оперите, ама онака, гламурозно е сепак. Еден ден се надевам дека ќе можам и да си дозволам да си закупам и ложа во Операта која за најмалку 20 години би требало да ја изградат. А и таман ќе ми биди тогаш. “Зрела“ 40 годишна жена со успешен сопруг и две мали и досадни деца кои ќе ги чува прогармирана лимена дадилка...
Туку ај да го остам то, за далечната иднината ќе пишуваме следниот пат. Сега сакам да се задржам на она шо следува за неколку дена, односно на 10.09.2005 во Завод и Музеј – Битола. Е таму ќе гостува еден батка од Австаралија кој свири на фламенко гитара кој кога го слушнав прв пат си помислив: “Аман бе... колу прсти има...“. Иначе со музика започнал да се занимава од уште 3-годишна воздраст за на крај своето школување да го заврши во Шпанија учејќи од најдобрите фламеко мајстори.
За детали обратете се на
http://www.entertainmentdepot.com.au/artist_profile.php/225
и на неговата официјална веб страна
http://www.valentinoflamenco.com
Едноставно морате да присуствувате на овај несекојдневен настан...
...Ќе забораев, ВЛЕЗОТ Е МУФТЕ!!!

Sunday, September 04, 2005

“Ефитини“ маџермаалски финти и изреки

На почеток морам да разјаснам дека сите овие финти, реченици и сл. кои ќе ги прочитате во продолжение се изворни маџермаалски изуми. Знам дека некој од вас ќе помисли дека нешто од ова слушнал и порано и не од маџермаалец, ама вервајте дека се лажите. Се е “патентирано“. И ај да не го тупам многу да преминам на главното.


- Шо напрај со она? (прашање кое датира од далечната 2001)
- Те бараше Мите. Кој Мите? – Мите Дупев. (наменето за идиоти)
- Ти ја запали водата во бунарот? (пак за идиотите)
- Мастафијата од Кркардаш (е ова е стандард за секој маџермаалец кој немајќи излез од муабетот шо го прај со тебе, најчесто поради недоволно разбирање на темата, ќе ти го речи само то и готово... Настанува една голема забуна кај тебе која те тера да ја напрајш најизбунетата фаца и едноставно да се откажиш од секакви понатамошни обиди да му објасниш нешто. Многу е функционална.)
- АУУУУП Маџермаале!!!! (ова е пасвордот шо мора да го знај секој маџармалец за безбедно да влези во гетото)
- Кој курац три пичке материне (за на крај)

Пи ес
Целта ми е да ви помогнам подобро да се вклопите тука и да ви ја олеснам следната посета на Меџермаале, за која се надевам дека ќе ви биде порелаксирана од претходната.

Friday, September 02, 2005

Да си знајте две нешта

Како прво само да кажам дека Букаро не го предадовме. Абе кај се дава ваква легенда. Еден ден сигурна сум дека во некој учебник по информатка ќе има едно цело поглавје за Блогерството и неговите основоположници како и за бранителите на слободата на изразувањето и на се она што на човек му прднало на памет.
А второто е дека од денес ветувам дека ќе бидам поредовна со постовите и наскоро ќе го разбудам и другиот блог кој ќе му го посветам на сите оние што не живеат во Маџермаале и кои што ич кур не ги боли за нас Маџермаалците.