Friday, July 29, 2005


Posted by Picasa


Posted by Picasa


Posted by Picasa

Hotel Rwanda


Тоа е филм, снимен минатата година според вистински настан кој што се одвивал пред 10 години во Руанда. Добитник е и на неколку оскари што мислам дека е доволна причина за на некој од вас да му текни да го гледа. Не дека “Академијата“ на Американците не греши (патем на Гвинет Палтроу му даде оскар за улога во еден ептен просечен и пак награден со оскар филм – Вљубениот Шекспир, а Мерил Стрип ја остави да си дреми на столчето и да и шлука на малата)... Ама ај да не навлегвам во детали оти ако почнам за ова да пишам ќе се уморам и нема да успеам да ви го објаснам она што ме натера да пишам на оваа тема.
Значи, во филмот се зборува за војната што се водела во Руанда помеѓу малцинството и мнозинството во државата. Малцинството почнало да напаѓа и сега мнозинството враќа. Се надевам дека отприлика познато ви е што се случува... Иако, ако не сте го гладале филмот нема да ме сфатите зошто толку сум запнала да пишувам за ова, сепак ќе се обидам да објаснам...Филмот го гледав со друштво кое не живее во моето маало, и нормално поради тоа, имат некои забелешки, кои и порано ги имав слушнато и уште ги слушам од многу луѓе од типот: “Абе и кај нас е вака...“, “Како е животот кај вас во Маџермаале...“ или “Леле... тешко вас, не ви е страв од војна ако има пак?“
Овие прашања можам да ви ги одговорам на два начини. Едниот е онај нељубезниот и за мене полесниот, оти можам да ве отерам у пичку матер и уште еднаш да не ви текни да ме прашате, а другиот начин е онака добро да се помачам и да ви турам малку во тие кутиите што ви се клатат на рамења.
... И по долго размислување решив ај фина да бидам...
Прво видете ги овие три слики... Дали забележвате нешто чудно? Нешто невообичаено? Поинакво?... За тие што најдоја нешто поинакво, ај чао, се разделуваме овде, а за другите продолжваме понатаму...
На овие слики накратко е прикажан мојот најдобар перод од животот – детството. Знам дека со ова звучам како некој писател на четива за во читанка, кој на крајот од својот текст пишува за тоа дека детството е најдобриот дел од животот (секогаш си велев: “глупости...“), ама дури сега сфаќам дека тоа не било залудно напишано. Факт е дека нештата најмногу ги цениме дури тогаш кога чувствуваме дека ги губиме или веќе сме ги изгубиле. Јас моето детство не го изгубив, само го поминав... иако разделбата беше многу долга, сеуште се разделувам со него, и сигурна сум дека никогаш не ќе успеам да целосно да се разделам... а и не го сакам тоа. Зошто да се разделам од нешто што никогаш не сум престанала да го сакам... од игрите, смеата, радоста, тагата, караниците, помирувањата (со ачка – бачка, нема више скарачка, ако се скараме пак ќе се смириме...). Тоа е она што го одбележа моето детство во ова маало. Тоа беше период на безгрижност, искреност... на другарство. Е, ДРУГАРСТВО, тоа и е целта на овој текст.
Во тоа време бевме некаде околу 10-15 деца (и сега сме истиот број), скоро сите на иста воздраст. Не имаше секакви, црни, плави, високи, ниски, дебели, слаби... кои низ игрите токму поради тие нивни карактеристики ги добиваа и своите “улоги“. И толку. Единствената класификација што се правеше беше тогаш, во игрите. На крајот од денот сите бевме исти. Никогаш никој не сме го отфрлиле поради тоа што тој бил поинаков. Па искрено и различноста беше таа што ни правеше да ни биде поинтересно. Секој ги поитуваше разликите кај другите. Поради тоа бевме заедно, бидејќи секој ден учевме нешто ново за другарчето, за неговото семејство, за обичаите, за културата... иако тоа беше периодот кога сите бевме околу 6 - 7 години. Навистина, колку е само неверојатно едно дете кое има 6 години да размислува многу повеќе од некои кои што сега, можам слободно да речам, се три пати постари од нив. Незнам зошто, ама јас лично, никогаш не почуствував никакви разлики. Сите за мене беа исти, без разлика како се викаа или пак во што веруваа. А и сега, еве после, 15-тина години дружење со истите, уште ме можам да забележам каде е таа разлика за која сите зборуваат. Прв пат за тоа слушнав, можеби сега и наивно ќе делувам, дури во 2001 година. Искрено да ви кажам и не знаев за што станува збор. Многу работи не ми беа јасни... а и уште не ми се јасни. Зошто некој треба да го дискриминираме поради тоа што има друга религија. Зарем е толку важно во што некој верува. За мене најважно е да се има верба, без разлика дали тоа било во Исус, во Мухамед или пак во некое обично гранче. Секоја религија ја има истата цел – да не неправи подобри луѓе, од нас да изгради морални личности и да ни го покаже вистинскиот пат кон среќата. Среќата е релативна, па затоа воопшто не е важно кој ние ќе го избереме да не одведе на тој пат. Најважно е во себе си да пронајдеме мир и да го живееме она што ни е дадено најдобро што можеме. Според мене, половина од патот до среќата му припаѓа на Факултетот на улицата. Доклку успееш да го завршиш овој факултет биди сигурен дека веќе си станал подобра личност. Не сите успеваат да го завршат. Многумина паднале. И поради тоа сум најгорда. Бидејќи можам слободно да кажам дека не само јас, туку и сите мои другари од Маџермаале одамна го завршиле со “највисок просек“. Тоа ме прави да се чувствувам сигурно каде и да бидам, бидејќи знам дека многу работи сум поминала заедно со тие деца, кои ме направиле подобра личност и дека ништо не може да ме изненади. Единствено се плашам од луѓе кои ги поставуваат прашањата: “Абе и кај нас е вака...“, “Како е животот кај вас во Маџермаале...“ или “Леле... тешко вас, не ви е страв од војна ако има пак?“...

Thursday, July 28, 2005

Маџермаалска невеста

(почнува со забавена музика од пајдушкото оро свирена на клавир, а после истата мелодија преминува во тежок рок стил)

реф. Хеј мори ти чупо,
во црвен фустан завиена
покрај кој и да поминиш
му ја прајш крвта зовриена

ооо!...охохохооооо....
со та темна кожа и тие црни коси
дури на дечињата шо си играт боси
им создваш ситни капки роси...

Кој ли на бајачка сега да ги носи....

Се заљубив во тебе
Оној ден кога
По твојата улица поминав.
Ти пред порта седеше
И на сите минувачи насмевки им делеше.
Таа твоја насмевка и мене ме фати
и се колнам дека ќе те имам
па ако сака и Папата од мртвите нека се врати

реф. Хеј мори ти чупо,
во црвен фустан завиена
покрај кој и да поминиш
му ја прајш крвта зовриена

ооо!...охохохооооо....
со та темна кожа и тие црни коси
дури на дечињата шо си играт боси
им правиш на телата ситни капки роси...

Кој ли на бајачка сега да ги носи....

(гитарско соло)

Решив утре од татка ти да те барам,
Ако треба и од пред порта ќе те крадам.
Ти убавице моја, моја ќе бидеш
Море ве и пред бога заклетва ќе дадам

реф. Хеј мори ти чупо,
во црвен фустан завиена
покрај кој и да поминиш
му ја прајш крвта зовриена

ооо!...охохохооооо....
со та темна кожа и тие црни коси
дури на дечињата шо си играт боси
им правиш на телата ситни капки роси...

Кој ли на бајачка сега да ги носи....

Кој ли мене ќе ме носи....

Sunday, July 24, 2005

Повторно на одмор

Да, да... пак му ја дувнав, ама овој пат сама. Додуша не сама сама, туку сама без моите маџермаалчиња. Еххх... колку само ми недостигаја... Најмногу на нив мислев после секое јадење. Си велев: “Леле бе... шубо ми беше со вас... секогаш се си беше исчистено, измиено и клаено кај шо треба, а не сега...“. А и шо не ќе мислам така ко овој пат се беше обратно. Со маџермаалчињата си легнувавме во 1 сато по полноќ, станвавме во 11 со топлите и пријатни мелодии на Славица Чуктераш, поручвавме, одевме на плажа до кај 2, после ќе се одморевме до кај 5, па пак на плажа до 7 сато и останатото го користевме за прошетки, гледање на вести (само јас), играње карти... и дури бабата од другата приколка еднаш ни рече дека многу слатко сме се смееле минатата вечер, и дури и уживала да не слуша. Абе жими мајка така беше.А додека со другата група, која ја сочинуваја високо образовани дечишта кој шо се со намера во иднина да ја водат државата... негде, кој знај кај кур ќе ја носат, вака си поминавме:
Си легнувавме во 4 сато на сабајле, а пред то целио камп во воздух го кревавме од нашите смеење и викања (еј јас не се бројам тука, јас си бев најмирна), дури и верверичката на дрвото од страв ги истури оревчињата. Станвањето беше негде околу 2 сато и до 3 се свестувавме од спиењето за во 4 да ојме на плажа. Таму дремевме до 8 и после се враќавме назад се одмаравме од плажа до 11 (иако плажата беше преку улица) и повторно до 4 истите глупирања, смеења, викања... и следното утро на кавга ни идеја сите баби од комшите кои ни држеја лекции како треба да се понашаме во камп кај шо има и други луѓе и како до сега не слушнале толку хистерични женски смеења (и тука јас не се бројам).
Туку ај сега да не ве бунам многу, целта на ова ми беше да докажам дека иако во моето маало просекот на образование ни е 8 одделеније, сепак скоро сите сме дораснати да наследиме високи функции во државата. Не бе, не дека ме интересира политика ама после ова шо го доживеав јас како чистокрвна маџермаалка со друга група на луѓе кои иако образовани, патем и нашите политичари се образовани, успеаја да ме напрат да се чувствувам толку ниско и усрамено... абе... абе ко лајно.
Токму затоа бидејќи Маџермаале го има целиот потребен кадар за да и го обели лицето на Битола, па и оти да не и на Македонија, го прогласувам за Република.
Значи, 24.07.05 во историјата ќе биде запишан како денот кога за прв пат една мала група Маџермаалци ја создадоја малата и цврста, море и непобедлива, Република Маџермаале.

Saturday, July 16, 2005

Еден обичен ден во животот на еден обичен маџермаалец. Втор дел

11:00 – Будењето на главниот лик – Маџермаалецот, со тегнење и со извикување на познатото: ААУУП... Маџермаале! со кое покрај него се разбудва и се останото шо не успеало да се рассони до тој момент. И после сегде се слуша “Акнал!“, “Огно да те изгори!“, “Шо прајш бе волу еден!“…
Веќе во 12:00 се е на нозе. Дечиштата трчат на сите страни, оние поголемите се собират под некоја сенка и си кажват како си поминале сношти (иако заедно беа излезени), а оние кои не излегле си ги земат точаците и почнуват со брчење. Други нема... Море има еден мал дел кој од, незнам дали да речам, оправдани причини ич не излегва од дома и нормално нема другарчиња. Најчесто се тие кои си фатиле женски или дечковци, или пак кои стравуваат да не ги фатат (секоја чест на исклучоците). А останатите изгледа се со тешки психички проблеми, оти да живејш во Маџермаале и да немаш со кој да дремиш пред порта... незнам....
Е тука ќе ги забораев бабите со цревата во рацете кои шо по цел ден си чистат пред куќите и во дворојте. Не дека му е до то, ама демек ко биле во Австралија, таму сите така праеле и сега тука ќе ни се прчат и ќе ни се прат педантни, а нивните деца на времето цела Битола ги препознавала по зелените мрслули под носот. Туку ај...
Се ова трај негде до кај 16:00. После сите полека се прибират дома да се одморат од дремењето надвор и околу 18:00 пак излегват пред портите. Сега веќе не се збора кој кај беше сношти туку сите му се фрлат на оговарање за секој шо ќе му помини пред порта. Постарите се насочени на то кој како бил облечен, со кој поминал, зошто џемперот го држи во раката а не го облечи, дали хулахопките се од истите шо се продават во пазарчето... А помладите се фрлат на гибање со минувачите. Некои само ќе си поминат и не дават ни пет пари на провокациите, некој ќе се развика, а има и такви нервни минувачи кои се спремни и физички да се пресметат...
21:00 Сега настапва работничката класа на Маџермаале. Сите тие шо дента биле на работа и откако го преспале остатокот од денот излегват да се видат со комшите, да си купат се шо му е потребно за до крајот на дено, најчесто то се пиво, цигари и влошки, и да видат шо има ново од вчера. Младината во ова време се спрема за удолу и најчесто како собирно место служи чешмата (то е нашето “Кај компирите“). Од ко ќе заминат сите настанува тишина која трај некаде до 12:00 и која редовно се прекинува со ААУУП.... Маџермаале!!! кое иди од под пазарчето. Тогаш, полека сите се враќат во гетото. Си седнуваат на истите собирни места кај шо го поминале денот и пак почнуват со “мајтапите“...
02:00 ААУУП... Маџермаале!...
...И крај на дено.


kako uzivase 5ar Posted by Picasa


Atmosfera Posted by Picasa

По одморот

Готово. Се вративме сите здрави и живи.
За поминвање, супер си поминавме... јадење, спиење, капење, плескање карти... шо поќе. Ако не вервате еве ви слики, па уверете се...

Wednesday, July 06, 2005

Е па и маџермаалците заслужија одмор

Е одам шо да прам. Па се скапав од пишење, дајте малку и јас да одморам. Ај се враќам за една недела... А дури да ви се вратам, ако веќе ме изначитавте мене преминете на другарчињата од десно и тие не се лоши...
пи ес
ај убо да си помините и вие кај и да одите... еј елате кај нас заедно ќе се капиме... не бе ве заебавам требни ни сте ;)

Saturday, July 02, 2005

Еден обичен ден во живото на еден обичен маџермаалец. Прв дел.

Денот тука си почнува сосема најкултурно, во 11:00. Пред да се случи тој момет, голем број од постарите жители си станват порано за да ја подготват сцената и да напрат атмосфера пред младиот маџермаалец да го започни својот бурен ден. Еве се почнува...
06:00 – Портокалова светлина и тишина. Само по некое цврцкање на врапчињата и жуборење на чешмата....
06:30 – Се слушат и првите чекори кои сонливо чекорат по улиците. Најчесто тие движења се насочени надолу, но има и такви кои се движат нагоре проследени со неправилни чекори кои одвреме-неавреме се поткачват на тротоарите, а неретко и траскат во некоја канта, шо му дава една посебна мелодија на утрото, која својот врв го дстигнува кога некоја постара кола ќе мани в шахта...
07:30 – Центарот почнува да се раздвижва. Сите дуќани се отворени. Камиончињата со лебот и со млекото на секое фрчат. Насекаде се слуша: “Добро утро комши, како сте?“, “Ја, еве по леб, невестата неможи да се разбуди па...“, “Ако, ако...“. Тука веќе се спремат тезгите на Бејза, Наумка, Драга и сите останати кои својте поризводи му ги нудат на маџермаалци. Веќе кај 09:00 се разбудва малдината. Ама она малдина која шо ќе не наследи нас низ улиците. То се оние деца од 4 до 8 години, кои морам да признам ги има негде околу 20-тина и на кои нема шанаса да не налеташ. Тие се сегде. На секоја улица има по една група која или е распослана со черџиња пред некоја куќа или пак игра во калта шо ја нашле на некој “неурбанизиран“ тротоар. А можно е и да ги начекаш вооружени, со камења, со шишиња вода или пак со уста полна со плукајнци... па после мисли му ја.
11:00 – Будењето на главниот лик – Маџермаалецот, со...
Крај на првиот дел

Friday, July 01, 2005

Какање во четири наврати

Иако овој блог не ми е во план да го правам како мој личен Online днeвник, ама по се изгледа ќе морам да изреагирам. Тоа што е десно од блогот, едно како помало прозорче, на кое можете да си го напишите името или што ви душа сака, е за оние од вас кои што сакаат да дадат некоја критика, без разлика дали е позитивна или негативна, да си кажат свое мислење за блогот или поедноставно кажано од Букарот ДА СЕ ИСКАКААТ. Арно ама, една група од какушки (изгледа серкото беше на голема мака) едноставно ме остави без зборови. За да ви биде појасно, какушките ќе ви ги шлакнам и тука:
anonymous
8:17 AM Jun 30, 2005 IP 149:153
"туристичк а атракција за туристите од источна Македонија " cupe od provincija so ke napisi
Intraprenu er
8:35 AM Jun 30, 2005 IP 149:153
Ne se radvaj deka imas 60 posititeli vo pola sat (prickaj Refresh)
anonymous
8:36 AM Jun 30, 2005 IP 149:153
Koj ve lazese deka Deteto M e interesno.
Intraprenu er
8:38 AM Jun 30, 2005 IP 149:153
Zdravo Elence kako si duso te nema me zaboraj.
Еј, немојте да си помислите дека ова е искакано од повеќе серковци. Се овде што гледате е дело на еден ист серко кој за некои 20-тина минути успеа во четири наврати да се искака. Добро бе, како ти идеше толку набрзо?... Па уште се правиш невин и на секое ја пушташ водата за да не те сетат. Знам, знам дека не бери, ама тоа е така од оправдани причини. Ама има излез и од тоа. Оди си таму на comments, тоа ти е едно место слично на јама, каде што можиш да какаш цел ден ако сакаш.
Туку ај да почнам од почеток за да ви обајснам зошто овие какушки ми оставија најголем впечаток и ме направија да се слатко да се изнасмеам. Прво, кога ја прочитав првата какушка на серкото anonymous си реков ај можеби некој од источна Македонија не ме разбрал добро па се буни. А не би требало, бидејќи тој објект (денешен Педагошки факултет) е посетуван најповеќе од нашите другарчиња од источна Македонија кои ние со сите почести ги третираме како туристи и не гледам лошо во ова. Потоа си помислив дека пак можеби е некој од западна Македонија кој смета дека туристите се само нивни или пак дека тие се побројни студенти од “источњаците“. Ама верувајте, сите статистики покажуваат дека од источна Македонија имаме најмногу туристи, посебно од Кавадарци ;). Колку што се сеќавам, по географија за Кавадарци учевме дека е град со средна големина и толку. А пак кој студент да го прашаш од каде е, тој ќе ти одговори “од Кавадарци“. Тука навистина има нешто нејасно. Потоа си помислив, па да не си мислат дека ги дискриминирам бидејќи доаѓаат од помал град од Битола, ама и тоа не било така, серкото бил од сосема друго место. Од она место од кое се останато се гледа како провинција. Аман бе, до кога со тоа? Од една страна пишуваш како да ги браниш сите од источна Македонија и мене ме обвинуваш дека потценувам, а од друга страна спомнуваш провинции... Туку остави, тоа не ми беше целта. Веќе со вториот обид почнав да се смеам. Сега серкото да не го сетиме дека тука тој се покакал си го смени името во Intraprenuer, а покрај таа брилијантна идеа тој сфатил и дека со секое притиснување на refresh бројачот врти. Па фала богу, знаеш бе ти што занчи refresh и дека тоа “копче“ ја има истата функција како да си ја исклучил страницата од “иксот“ горе и повторно да си ја пуштил? А пак дали знаеш зошто е наместено така да ги брои? Еее... спреми се за нешто за кое 100 % сум сигурна дека прв пат ја читаш, можно е и да немаш ни слушнато. Секој компјутер си има своја IP (Ај Пи или ИП) адреса. Таа адреса се состои од бројки кои на компјутерот му служат како лична карта и нормално преку тоа многу работи се дознаваат. А твојата IP со број 149 153 е веднаш под твоето име и ти колку сакаш какај овде таа пак ќе си остани 149 153, без разлика дали си се пишал како anonymous или Intraprenuer. Какушките ќе си останат твои колку и да пушташ вода. Брат, смрдиш во секој случај! И ај да не те бунам, да ти објаснам за refresh. Бројачот се врти на секое притиснување таму токму поради тоа дека секој компјутер си има своја IP, а на некои компјутери, посебно во интернет кафеа, сурфаат повеќе луѓе... А како можеше бе 30 минути идиотски да притискаш на едно исто место? Добро, не ти се смачи? Па уште ми објаснува како функционира....хахаха... Во ред, ама пак дури после 60 обиди го сфати тоа? И ај после да не се смеам? Море најголема клетва што може некој да му ја даде на некоја трдна жена изгледа би била да има дете како тебе. Е ај како да те заборавам? После се ова дури и ќе те овековечам со тоа што ќе те ставам на насловна, а потоа и ќе те линковам, а можеби и бројач ќе ти ставам таму лично твој, за да си притискаш цел ден ако сакаш.