Tuesday, August 30, 2005

Букаро не го даваме!

Букарски го плукаат на Багра, Цртичка, Он.нет... ете и најново и на топлистите на VMacedonia. Едноставно претпоставувам овие тинкачи прилично нанервирани заради моето високо котирање на топ листата ме “почестиле“ со по пар навредливи епитети (глупак, педер, наркоман? е наркоман незнам од кај?) и сл.
Ајде сите палете патичиња да ме браните!
http://topsites.vmacedonia.net/index.php?a=stats&id=9&allreviews=1

Ајде браќа, да му помогнеме на момчето кое даде се од себе за да не промовира на нашиот “богат“ македонски сајбер простор.

Wednesday, August 24, 2005


(od desno na levo) Vanejca, Ivanica, Kosana i Ljuba Posted by Picasa

Бабите

Да се биде маџермаалска баба треба да се исполнуват три усови:
Да се има внуци, кои исто така живеат во Маџермаале;
Да се биди во добри односи со останатите од својата генерација;
Да се има слободно време за да се дреми пред порта и да се познаваат основните правила на оговарањето.
Кога веќе сме кај оговарањта мотото, барем на овие тукашните, баби е “Никој не е совршен, ама ние да“.
Како едни од најистакнатите баби трачарки се Ванејца, Косана, Љуба и Иваница. Ванејца е матицата, најпаметната меѓу нив. Татко је бил многу учен чоек, заедно учел осмолетка со Крал Александар, а после и бил нзаначен за управник во Месната. Арно ама жена му умрела малда па сите останати 5 деца ги догледала токму Зојка, која откако се омажила преминала во Ванејца.
Косана е најхуманата баба од сите четири. Нејзината фамилија брои преку 50 најблиски членови од кој најголем број се надвор од земјата. Иако судбината ги распрскала низ целиот свет сепак летото е периодот кога целото семејство повторно се собира кај баба Косана и се присеќаваат на деновите поминати низ маџермаалските калдрма.
За Љуба неможам многу да кажам, освен дека е најголемата љутачка и плачка од сите баби и за мали ситници се кара со нив и после неколку месеци ич не му прај муабет.
Е Иваница е најцивилизована од сите. Има ојдено и работено дури во Австралија. Буквално сите Австралиски обичаи ги има пренесено тука. Од туширање неколку пати во неделата и миење на дворот два до 3 пати дневно, се до купвање на храна во поголеми количества, за да можи да си ги клај во визбата и од таму по Австралиски да си ги зема.
И на крај не е фер па и да не ги спомнам и другите жителки на Маџермаале кои со својата појава пред портите ја разубавуваат сликата на нашето маало и ја “вжештуваат“ неговата атмосфера. А тоа се Зорето, Фатмире, Мира, Вера, Марето, Гичето, Ѓувеза, Мазес, Неда... и секако едно IN MEMORIAM за Гица и Тронда.

Tuesday, August 23, 2005

Летка – дипломирана курва и безнадежна пијаница

Само за една личност можам, со чиста совест, да речам дека го има заслужено своето место истовремено во двете најценети Маџермаалски групи – пијаници и курви. Кај пијаниците всушност има почесно место оти е едниствената “жена“ меѓу нив или ај да се изразам единствената личност со две дупки. А за кај курвите Летка е лидерот, со најголем стаж. Амстердам плачи за ваков кадар. Ако Летка барем неколку години поработеше таму, сега и пензија ќе си имаше. Туку кога веќе сме кај пензиите само да кажам дека Летка од денес реши дека од сега па натаму само по пензионери ќе трчала. Таму била силата. Тие биле најисплатливи. А овие помладите сите биле “омрцлаени“. “Море куројте ко сунгери ви се... а само еднаш да ве гибнам одма рачка ви се прат“, то е изјавата на Летка за денешната младина.
За да ја добиете вистинската претсатва еве ви една свежа слика од Летка кај шо си го пие пивото во нејзиното омилено “кафуле“. Боса нормално, сегде кај шо има пиво и мажи Летка си се чувствува најудобно.


Letka Posted by Picasa

Sunday, August 21, 2005

Дали некогаш ви се има случено да слушнете некоја песна која толку добро има “опеано“ некој момент или настан од вашиот живот што едноставно ве тера да си помислите: “леле... ова како јас да сум го напишал/а“. Е то мене ми се случи пред околу 15-тина минути. Да... само што го приклучив компјутерот со намера да напишам нешто тука, во мојот “уличарски дневник“, на радио ја пуштија “Welcome to the jungle“ на Guns N' Roses и навистина не ми останува ништо друго освен да ви ги копирам овие два дела кои најмногу ме погодија...

Welcome to the jungle
We got fun 'n' games
We got everything you want
Honey we know the namesWe are the people that can find
Whatever you may need
If you got the money honey
We got your disease
---
Welcome to the jungle
It gets worse here everyday
Ya learn ta live like an animal
In the jungle where we play
If you got a hunger for what you see
You'll take it eventually
You can have anything you want
But you better not take it from me...
Незнам кој го има напишано она на влезот од Маџермаале “Маџермаале чека мезе“, ама сигурна сум дека ја имал слушнато песната, па онака сакал накратко да ја преведи. Овој пост му го посветувам него... секоја чест батка!

Thursday, August 18, 2005


Fada (se izvinuvam poradi kvalitetot) Posted by Picasa

Која е Фада?

За Фада не можам да речам дека е маџермаалска легенда или пак гордост, од едноставна причина шо нема некои екстремни достигнувања... барем не на прв поглед.
Тие шо не се од Битола или пак оние кои шо никогаш не се прошетале низ Широк Сокак можи и не ја забележале и сега тешко дека имат претстава за каква жена зборвам. А оние пак кои се од Битола не вервам дека барем еднаш ја немат видено жената шо влечка гранки низ Корзо. Да бе, да... е та старата секогаш шо се одмора на клупите пред Веро или пак пред Германос. Еее.... и та е наша...
... Море ај ќе се обидам хронолошки некако да ви раскажам накратко за неа и за то зошто ја одбрав баш Фада како достоен лик за овде.
Вака, Фада живеела, а и уште живеј во истата “куќа“ од малда, значи преку 60 години (сега е околу 70 и поќе можи). Ова со сигурност го велам дека оти ко била млада сакале да ја мажат за еден комшија, ама ништо од то не испаднало па кутрата разочарана Фада целијот свој јаден живот го помина врвејќи пред куќата на нејзиниот несуден сопруг. Остај то, од толку од шо се разочара никогаш дури и не се омажи... барем така мислиме. Се шо имаше на овој свет беше нејзината мајка и брат и Бесим. На мајка и не се сеќавам оти умрела пред да се родам, па таа остана да живеј со нејзиниот брат, до пред 2 години. И тој неженет. А... ќе забораев... освен мајка и и Бесим таа на времето имала и две крави кои ги чувале во “дворот“. Иначе имотот нивни се простира на околу 70-тина метри квадратни + 20 квадрати во помошни простории (1/3 на тротоарот, а 2/3 на улица). Местото кај шо живеат е изградено од камења, кал, ламарини, картони, најлони... нема нужник, а дворот не е поголем од 4 квадрати. Значи рачунајте: една стара жена + стар беќар + Фада + 2 крави во погоре опишаната куќа... ви излезе сликата? Е сега двете живи крави заменете ги со 2 пцојсани крави во истите услови неколку недели... Оти не ги фрлиле? Е па му било жал, многу ги сакале... па комшиите морале да викнат трактор да ги извади од внатре оти веќе не се издржвала живеачката во Маџермаале.
Вториот дел од приказната за Фада е откако ја запознавме. Првите впечатоци ги добивме некаде на пет-шес години. Тогаш мислевме дека е вештерка и дека колни. Секогаш ко ќе поминеше низ нашата улица ги затворавме муцките оти мислевме дека ни ги број забите и демек то носело лоша среќа. И зато никогаш не се гибавме со неа, и покрај нашиот маџермаалски теперамент. А најјако кај та жена беше, и уште е, шо кога и да се размини со некој детално го скенира, а некогаш и застанва и се врти за поубо да го набљудува.
Нешто шо мене лично ми има оставено најголем впечаток се случи пред две години. Тогаш Бесим уште беше жив, ама многу болен. Еден ден слушам некој во дворот вика: “Комшиии!...“. Излегов и ја гледам Фада, целата испаничена. Ми рече да викнам доктор оти брат и бил болен. Добро ај... вртам таму на “Брза“ помош и му кажвам на таа тетката да пушти кола оти во комшите има болен чоек. И како по обичај почна да ме испрашва... колку години има, дали е пензионер, дали има осигуривање, шо го боли... Абе у пичку матер фатете, си велам, на ви ја Фада!. “Почекајте, еве ќе ви објаснат“, и ја викам Фада од дворот да подвлези малку и да му објасни. Влегва Фада целата уплашена, му ја давам слушалката, а таа се враќа наназад... “Ама вас ве бараат да објасните“ со слушалката вперена во неа. “Не, не... речи му дека Бесим е болен“ и пак се враќа назад. “Ама ела тебе те барат“ му велам, и иди накај мене. “Еве земи ја слушалката и ти речи му дека Бесим е болен“. “Не....“ вика Фада исплашено “Шо е то?“... “Абе ела, од тука се вика докторот, ти само речи во ова дека Бесим е болен“ и му ја доближав слушалката до увото и во тој момент та одтаму викна “Ало!“ и Фада се уплаши и избега надвор... Леле бе ексик... и ај набрзина изнервирано му реков да пуштат кола оти чоекот готов е да умри и му ја бапнав слушалката. Незнам дали пуштија доктор оти толку бев запрепастена шо дури и не излегов да проверам... ама Бесим поживеа уште некое време, изгелда пуштиле...
Друго нешто шо морам да го спомнам за Фада е нејзината хигиена. Во нејзината куќа нема вода. Па ако некогаш ве донесол патот на кај нас можеби и ја имате начекано кај шо пери на Чешмата. По цел ден само нешто пери, мие кофи, полни шишиња... А пак негде после полноќ можите и да ја затекнете кај шо се одмива... Само пазете ко ќе поминвате кај неа пред куќа. То таму пред вратата шо изгледа како да е штотуку миен асфалот не е вода, исфлекано е. Па ви реков дека нема нужник...

Sunday, August 14, 2005

Чукар Chapter II

Вервајте непресушен е...
Еве ви го пак http://www.geocities.com/efidanovska/pijana_ljubavi.mp3

Thursday, August 11, 2005

Чукаро пак

Море бе... иако Чукаро успеа да го достигни врвот и светот да чита за неговата кариера и за сите негови достигнувања, сепак упорно работи на своите истражувања и уште не е свесен шо се се случва околу него... па и шо ќе е свесен ко единствениот испитаник во истржувањата шо ги врши во врска со алкохолот е самиот тој...
Туку ај да не го тупам многу, еве на светот ќе му понудам и да го слушне на http://www.geocities.com/bukarski/Cukar.mp3, а не само да го гледа и да чита за него...
пи ес
Уживајте ќе има уште

Sunday, August 07, 2005


Cukaro Posted by Picasa


Branko Posted by Picasa


Maskata Posted by Picasa

Пијаните легенди

Овај пост, морам да признам, сум го спремала скоро една недела. Не дека ми требаше време за да соберам информации, туку од толку многу податоци требаше да одберам на шо ќе се задржам. На крај па за легенди ќе пишам, морам и да внимавам како и во кое светло ќе ги прикажам, оти тие за Маџермаале се она шо е Маријанти за Битола. Штета шо за амбасадори ги имаме најголемите пијаници. И, гордост или штета како сакаш сфати, е што ги има во голем број, од кој како најверни другари на шишето ќе ги издвојам Летка, Бранко, Миленко, Маската и се разбира Чукаро.
Летка
Летчето ни е најголемиот поборник за еднаквост на половите во сите сфери на животот. Не можам да речам дека е феминистка, оти ко ќе го слушнам тој збор, пред мене излегва слика на жена во некое нежно фустанче со заводливи женствени движења која насекаде шири позитивна енергија со која ги убедува останатите (мажите) дека жената е центарот на универзумот и ништо не се може без неа и дека заслужува да биде третирана исто како и мажот. А додека Летка се залага за жената да биде третирана како маж. Таа е далеку од нежни фустанчиња и женствени движења. Најголемиот дек од денот го поминва пред портата или во дворот, со цигарата в рака. Бидејќи, како шо реков, се бори за еднаквост, секогаш кога ќе и дојди до дружење оди во најблиското бифе кај шо се берат мажите и заедно со нив ги празни пивските шишиња. Да напоменам дека пие само ладно пиво. Енаш на грешка продавачот и дал топло пиво и за малце ќе се загушела. Живеј сама па поради то, единствена занимација преку денот му е радиото кое, доколку е во форма (а 90% од времето е), го пушта до крај и почнува да пеј... а то нејзиното пеење навистина убива....
Бранко
За разлика од Летка која има свое постојано живеалиште, Бранко целиот живот го има поминато под ведро небо. За него не можам да речам дека е Маџермаалец оти не исполнува ниту еден од двата основни критериуми. А то се да е роден тука или пак да живее на маџермаалска територија најмалку 10 години. Значи Бранко нема маџермаалско државјанство ама ние си го осеќаме како наш оти најголемиот дел од времето го поминува низ нашите улици, иако незнам дали некогаш е свесен за то. Накратко кажано Бранко е нашиот почесен државјанин кој, од финансиски причини, сеуште не го има добиено почесниот клуч на маалото. Се надевам дека во иднина и то ќе биди. Но и без тоа тој и така се осеќа како од секогаш да живеел овде. Сите му сме комшии, иако скоро на никој не му го знај името, како резултат од пиењето. Единствено ги познава Миленко, Маската и Чукаро. Тие се неговиот бенд. Многу се мали шансите да ги видите сите четворица заедно. Додуша заедно само на почетокот на “свирката“, а после нормално, ќе се искарат и секој ќе си го фати својот пат... до другиот ден. Некогаш се случва во нив да проработи она хуманото, човечното, и ај да речам тинејџерското, па да се договорат заедно да спијат... тука застанвам, незнам шо се случва понатаму.... не ни сакам да знам...
Проф. Др. Чукар
Ако некогаш му текни да доделват Нобелова награда за изржливост, вервајте не само шо дефинитивно ќе биди номиниран, туку е еден од посериозните кандидати и да ја добие. Зошто? Па види вака... веќе 20 години нема постојано живеалиште, преспива кај шо ќе му текни. Во напуштени куќи, во дворови, по ниви, кај некој комшија шо ќе се смилова и на крај со клоци ќе го избрка, а една зима, според многумина, ја поминал спиејќи во шахта. Минатата година ја имаше привилегијата да спие 3-4 дена во некоја куќа во која имало затоплување. Арно ама следниот ден се разболе, од топлото изгледа, па повторно му се врати на стариот живот. Најинтересно кај него е шо и покрај сиот тој тежок живот шо го има, никогаш не ја изгубил верата. Никогаш не се женел. Вели дека 12 години жена немал видено. Чоекот навистина е просветлен, а плус то работи само 6 дена во неделата, седмиот ден го поминува во молење за да му се помогни во работата. Рака на срце, многу и е посветен на професијата. Инаку по звање е доктор по пијанствени науки, а моментално работи на истражување поврзано со пијанството и фокусирањето на погледот. Човекот е свесен за тоа и со текот на времето сигурно ќе успее да измисли некоја формула која на идните генерации ќе им помогне полесно да се справуваат со родителите кои најчесто, токму по очите, откриват дали нивните деца се пијани. Засега целиот негов труд не има вродено со плод и сеуште од власта чека да му ја зголеми платата (социјалното) од 850 денари, која целата до денар ја користи за материјали поврзани со истражувањето. Морам и да напоменам и покрај сите квалитети шо ги поседува Чукаро, меѓу кои, за разлика од Бранко, памтењето на имињата на сите комшии без разлика колку е пијан, најмногу пленува со својот талент за пеење (наскоро и ќе го слушните).
Леле се заборајв со пишење... ви реков дека ова нема крај...

Wednesday, August 03, 2005

Бандата “Чакмаци“

Да... имавме и банда... некаде на почетокот на 90-тите. Базата или тогашното “Скривалиште“ ни се наоѓаше во “ширината“ (то ти е местото одма до старата куќа зад чешмата). Изградено беше од тулите шо беа остаени за градење на една друга куќа кои ги имаја порачано една година пред да почнат да градат. И баш ни се најдоја. Си ги прередивме како шо ни одговараше и со напорна работа успеавме да си направиме една малечка “соба“ од околу 3-4 квадрати со посебен отвор кој служеше како врата. Висината беше некаде околу 2.5 метри така што никој неможеше да не гледа шо прајме внатре. А пак ако имаше некои “тајни“ операции клававме и стражари на врата (машки, женските беа на многу повисoки функции). Под тајни операции се подразбираше праење на бомби или пак учење на некој, демек, таен јазик. Материјалот за бомбите го набавувавме преку еден другар на еден наш член. То значи дека навистина бевме сериозни. Откако ќе го добиевме материјалот, тајно (в џеб) го пренесувавме во скривалиштето. Всушност то беа едни мали пластични цевчиња со големина колку малиот прст, во кои клававме кибритче и го палевме со чакмак. Од ко ќе стигнеше пламенот до пластиката та почнуваше да се топи и да чади со црн чад. Е то за нас беше бомба. Не се сеќавам дали некогаш сме искористиле некоја во нашите борби со останатите деца, ама доста вежбавме за тој момент. Знам дека е чудно, ама и се тепавме. Секој ден покрај бомбите, измислувавме и нови “тепачки“ вештини, кои вервајте ги користевме. Редовно со некој се гибавме. Прво ќе го загибавме некое невино детенце шо си врвело покрај нас и од ко ќе ни собереше поголема група стапувавме во акција. Обично самиот чин на тепање не траеше поќе од една минута. Оти секогаш некој мораше да се уплаши и да се расплачи и со трчање да викни родител кој, нормално, изнервиран ќе ни дојдеше, ќе ни се изнадереше и на пат кон дома ќе му врзеше некоја на неговото дете оти то било криво шо дошло да се тепа со нас. Сепак најголемата тепачка ја направивме со децата “од горе“. Тогаш се собравме по околу 10-тина деца од секоја банда и користевме скоро секакво ладно оружје шо ќе ни дојдеше при рака, најмногу беа камења, а имаше и доста дрвени палки и една метална цевка. Сето тоа беше од наша страна, додека од нивната страна, немаше толку многу оружје, само по некој дрвен стап или пак некој камен. Па поради то, на почетокот водевме, се додека едно чупе не ојде дома и ги зеде “чоките“ од брат му (барем кај нас така ги викаја они двете дрвца на средината поврзани со синџир) и ко ни се размафка за секунда сите не снема.
Морам да признам дека то ни беше првиот и последен пораз. Поќе со никој не се гибавме. Додуша се гибавме, ама гледавме да не дојди до тепачка. А се гибаме и денес, знам дека е срамота, ама то си е традиција која мораме да ја негуваме. Низ Маџермаале треба да фатиш врски за да поминиш негибнат, или вo најмала рака неисфиркан. Ние тука сме посебна нација со свои обичаи и бараме тоа да се почитува. То ти е една врста топло добредојде, и не треба да значи дека не те сакаме.

Monday, August 01, 2005


Kamenjata na koi i jas neznam kako ne berese...  Posted by Picasa

Како се живееше тогаш

Да ви кажам право овај последниот текст шо го напишав за моето детство некако многу ме инспирира онака, не баш детално, ама отприлика да ви опишам шо се се случуваше во Маџермаале во то време.
Како шо глеате од сликите, прво улицата не е иста. Абе за 50-тина гласа за изборите, улицата ни ја продадоја. Нашата слободна зона. Најмиранта улица во градот. Коли врвеја само по потреба. Па кој будала ќе си ја крши колата... А и то беше предноста. Секогаш ко ќе излегвавме на улица од дома не гладавме лево, па десно, па пак лево, за да преминиме. Само шо ќе дојдеше 09:00 со трчање на улица. Тогаш се беревме кај камењата или под липите. Тие ни беа најомилените места. Кај камењата оти на нив можевме да седиме и обично игравме игри шо се играја со седење. Како на пр. “јајциња“, “бои“, “столчиња“, “тиквата ми роди тиквиња“, имаше и една со вештерка ама не се сеќавам како ја викавме... Некогаш седевме и онака, само со тетратки и бојци и пишевме споменки, ама не многу често... шознам, искрено и не бевме многу сентиментални не се сеќавам дека во то време сме праеле муабет за симпатии. Изгледа тие споменките сме ги пишеле оти ај, така треба да прат женските, нивна работа е да пишат, а пак машките да берат инсекти. Само во инсектите не му се мешавме, друго се ни беше заедничко, дури и “мајки“ и “фудбал“. Фудбалот искрено поќе беше женски, мнозинство бевме шо да прам. Па според то можам слободно да речам дека машките играја со нас фудбал, не ние со машките. Е после ко ќе не чукнеше жештината се префрлавме под липите. Сенката ни беше петка. Доволно голема за сите да не собери и плус имавме и место да си извадиме столчиња и масички и да играме учителки. Ама сепак јас мислам дека “најфаца“ни беше ко ќе игравме плажа на тротоарот (нормално раслечени ко за на плажа) и кладрмата ни беа океанот во кој шо имаше ајкули кои секогаш не бркаја. И редовно некој ќе го повредеше, па ај брза помош идеше (тиру - риру) и на крај ќе завршевме да играме доктори. Едноставно, ич праевме пауза. Ни меѓу игрите.
Знам дека сега ептен се фокусирав на мојата улица, ама немавме време да одиме и да видиме кај се берат другите. Море една група имаше пред зградата на другата улица, кој ние ја викавме “окулу“, другата беше кај бараките, нешто имаше и горе на нашата улица, а пак кај пазарчето се береја “големите“. Сите тие имаја симпатии, а некои дури и дечковци и женски... полека, полека, и ние по малку почнавме да пододваме таму ама тој процес траеше со години. Пазарчето секогаш било за поголемите. Само таму скоро никој родител немаше пристап. А и да поминеше, нормално по темниците, и да сакаше не ќе можеше да си го препознае чедото.
Еј ај да привршам, оти имам некои забалешки демек многу долги ми биле текстовите. Во право сте... трошок е, ама не ми се жалете мене, вервајте јас сум најпогодена ;).