Saturday, February 24, 2007

Без коментар

Или пак вие коментирајте... јас навистина неможам.



Изгледа станувам зависна од print screen

Friday, February 23, 2007

Виза за Австралија

Знам дека постојат договорени бракови ама мислев дека тоа е за луѓето кои што живеат малку поназад од нас.
Еве ви пример дека доколку се измеша минатото со иднината би се добила доста брилијантна сегашност ;) :


Ова е print screen од мојот монитор

пи ес
ни сликата ни муабетот не се тазе... се гледа од датата

Thursday, February 22, 2007

Fuckin Americans

Ќе се обидам постот да го напишам без многу да го користам backspace.
Во последно време доста време поминував низ македноските блогчиња и обично си ги читкав постовите на македонската младина, или шознам таму... и тие постарите, всушност и не ме интересира кој колку години, важно ми беше до кај сме и што мислиме за нашето општество. Тука ќе ги спомнам постовите на Букарски, Кнсис, Џам... па и Анти итн... И незнам дали правилно заклучувам ама по се изгледа дека сите мислат едно... а тоа е дека живееме во тотален хаос... Дека никој не не сака, дека незнеме да се организираме за ништо (ни за евровизија :) ), дека нашата држава ништо не можи да ни овозможи, дека за тоа и ние сме малку криви ама воглавно секогаш повиновен е тој до нас, дека напикани сме во оваа бедна земја и освен во турција, србија, полска, кина и уште неколку држави неможеме ни да помислиме да одиме, односно дека пасошот не ни чини (не е југословенскиот :D)...
И така сурфајќи низ глобалната мрежа :) налетав на еден блог кој го води американски државјанин кој моментално е на некоја мисија во Судан преку некое НВО. Се беше супер додека ги читкав импресиите на батката се до моментот кога го прочитав ова:

After 6 months straight in Darfur (stupid American travel restrictions…why can’t I be Swiss, everyone loves the Swiss) I finally got a much needed break. To be honest it was a bit of an anticlimatical moment. During the 6 months, I sat anxiously waiting for news of the travel restrictions being lifted…and then one night over dinner a friend from USAID casually mentioned that I was free to move again. I was expecting fireworks and parades…all I got was a pat on the back and a valid travel pass (which in my mind was the most valuable thing in the world at that point).

Хихихихи..... Знаев дека и тие некаде, на некој точка од земјината топка не вредат ама баш ич. Додуша и не ни вредат многу... Иако за многумина Америка е животен сон, вервајте дека не е се како што изгледа. Нема да гњавам многу со тоа да ви објаснувам работи кои на сите ви се добро познати, посебно не за тоа дека американците се ДЕФИНИТИВНО НАЈГЛУПАТА И НАЈДЕБЕЛАТА НАЦИЈА со 50 милиони жители кои живеат под работ на егзистенцијата, далеку посиромашно од нас, и со 32 милиони (незнам колку е точна оваа информација) бездомници. Од 260-270 милиони вкупно... богами... многу е. Катрина ни овозможи да ја видиме вистинската Америка! Ураганот не го соголи само Њу Орлеанс, туку и целото труло американско општество.




Најинтересно е што сега и ја изгубив смислата на постот, незнам ни во која насока да продолжам да пишувам... а ми се пишува уште... посебно за Америка, :) земја далечна.

Не сум била никогаш во САД, освен ако го бројам тој еден чекор што го направив на границата над Нијагара кога се обидував да побарам влез за Д Стејтс и кога чичкото од таму, дебел, кој беше видно истоштен од жештината ми рече да одам до него... и така намерно или ненамерно со тоа што ја преминав жолтата линија, иста како оние од банките кои многумина од нас и не ги гледаат, им влегов во ебената држава :) и им се задржав скоро 5 минути. Значи можам да се фалам дека сум била во САД :). Никогаш нема да си простам што имав шанса и не им плукнав. Немораше да биди онака ’ркање со шлајм, ама да се излигаев до долу можеби ќе успеев... 160цм па и не се толку голем пат за една лигајца.

Безразлика дали сум била или не им ја мразам државата... а и голем број од популацијата. Ама како бре да ги сакам? Тотални идиоти се! Почнувајќи од идиотските тинејџерски филмови до Еминем, како најдобар пример дека нешто не е во ред со таа нација. Не велам дека има фини работи, да не ги заборавам Microsoft и Google кои на некој начин видно го сменија светот, а и други проекти и поединци кои не им се за фрлање. Еве јавно кажувам дека не сум симпатизер на американците ама би сакала да отидам таму, НЕ ДА ЖИВЕАМ (ова важи за вработените во амбасадата), туку да одам и да прошетам, да го видам New York, San Francisco, New Orleans па и Vegas, .... навистина има места што треба да се посетат и потоа да се врати дома! Никогаш не би школувала мое дете таму. Никогаш...


Wednesday, February 14, 2007

Родители... и како да дознаете дека ве сакаат

Дел I: Во продавница за компјутери

Ликови: Идиотот (јас, ти и сл.)
Мајка/Татко, а скоро секогаш и двата
Комшија, колега од работа, зет за сестра на кумот (наставник по информатика), вујко кој има компјутер во колонијалот, братучеда која во основно имала 5-ка по информатика, сега 20 и кусур години и работи во козметички салон, и многу други примери на луѓе со кои треба да се консултира во врска со IT (ај ти) :).
И секако, кутриот продавач на компјутери, кој за да го извади лебот секојдневно (ова до некаде треба да е позитивно, се надевам) се соочува со голем број на... сега не ми текнува, ама до крајот на постот се надевам дека ќе “создадам“ соодветен збор.

FAQ (...конечно добив шанса да го напишам и FAQ :-)):

M/T: Значи за тие пари ги добиваме сите делови?
П: Пааа... да. Мониторот, Ќуќиштето (централната единица по школски), тастатура и маус.
М/Т: А оние едни како мрежи што се... незнам како се викаат, ги има на компјутерите на шалтерите...
П: Па нема потреба од нив оти сега новите монитори сите се со вградена заштита.

М/Т: А црните компјутери се побрзи?
П: Не... не мора да значи... всушност убавината на компјутерот е зад пластиката... Сега ваше е каква боја ќе одберите.
М(кон таткото): Нека биди црн... Николче на Донка од работа има црн и со сите петки е.

М/Т: Која е раликата помеѓу обичните и танки монитори? (многупати нарекувани компјутери)
П: Има голема разлика. Тие танките се друга технологија. Не зрачат, сега зависи од цената, ама имаат и подобри бои, подобар агол на гледање...

М/Т: Аха... ама тој помалку бери од обичниот така?
П: (после далабоко дишење).... Пф.... не... не... се што гледате на мониторот доаѓа од куќиштето. Значи не треба да се грижите за тоа... Ваше е според буџетот или според просторот да се одлучите каков ќе земете.

М/Т: А како да знаеме колку бери компјутерот во него?
П: Се што треба да се сними или да се внеси во компјутерот се снима во хард дискот. Тој е таа меморија што ги бери податоците.

М/Т: Со овај компјутер ќе можиме да зборуваме и да се гледаме со роднините во странство?
П: Да...да.... со оваа конфигурација ќе можете само да се слушате, ама ако го порачате денес од нас имате подарок и камера за да се гледате. :-)


сите ликови се случајни, до нив сум стигнала сосема случајно и низ случајни разговори.

Sunday, February 11, 2007

101 (сто и првиот) пост

Saturday, February 10, 2007

За глупите

If u are able to get up in the morning, to wash your face, brush your teeth, get dress, lock the door and remember that u did it... you are not stupid. And you don’t have to think that you are stupid. Be sure that the people are laying you, especially those who are trying directly or indirectly explain to you that you are stupid. And you lie yourself if you think that you are stupid, because you need to understand those who are trying to tell you that.

If there is something that u cannot understand, if u feel mentally inferior, and if you care about the world problems you can’t be stupid because you think about this problems and you know that they exist. Never try to think that its your fault if u don’t understand something, and never try to think that the one who is talking to u is better than u. There are people who want to manipulate with you.

And when ur not sure that u’re right, hold on tight to your opinion. You can change your opinions only when you are sure that you are wrong. None of us is always right, even those you think that are the best in their specific areas – there is no such thing like “perfectly smart person”. Lets try to be realistic – perfection doesn’t exist.

You can talk about everything, u can discuss about everything and you must search for the proof... and for the truth. There are no universal truths given once for all the time. Everything must be checked.

So, at the end, be self confident. No one knows better than you do. We are all, thanks God, intelligent. Some of us more, some are less. If you don’t get anything, ask someone to explain you, even when u look funny to the others. Its better to look stupid to everyone and understand what u didn’t know, rather than to look smart, but deep down inside you are an idiot.

Don’t think you are stupid just reading this lines. You should try to understand what I’m truing to tell you. Try to see beyond words and beyond sentences. Because there is a language that is between these words.

Friday, February 09, 2007

Другарче - педерче

Оваа е листата на некои од личностите на кои најмногу им се восхитувам и најмногу ги почитувам:
- Andy Worhol
- George Michael
- Scisor sisters (машкиот дел од бендот)
- и нормално човекот кој што вреди колку сите овие заедно и уште многу - Freddie Mercury!



Заедничкото за сите овие се надевам дека го сфативте....

Ех, колку само сакам да имам другарче - педерче. Така едно, нежно, слабичко, со нежни и неконтролирани движења на дланктите и кое сите мои другарки ќе ги вика “сестри“. Знам дека некој ќе помисли дека глупаво е да барам другарче преку блог, посебно дека сум од Битола и дека е Битола е градот на педерите итн...
Е ај тогаш кај се? кај да ги барам? Со кој и да разговарам на оваа тема сите ми велат: “Абе ај шо... цел град тежи од педери...“ Е кај се да ги *бам (се заебавам... никогаш не би повредила другар , се сочуствувам со нивната болка:)). Додуша има малку вистина во тоа дека градот тежи, ама тежи од оние неодредените педери, оние што се секогаш против педерите и ако се најдат во нивна близина одма би ги начукале, онака во самоодбрана, оти не се баш 100% сигурни во својата сексуалност и им е страв да не им подлегнат на предизвикот. Ама мене не ми треба таков другар - педер. Ми треба другарче - педерче, кое е свесно за својата сексуалност и отворено си зборува за тоа.
Е сега едно нешто тука не ми е јасно. Еве овие погоре набројаните личности се навистина, или пак биле, супер креативни луѓе. Од каде таа креативност? Да се биде педер (хомосексуалец), според мене, е да се сака она кое што го имаш ти. Кога ќе подразмислам пак подлабоко, државата долго време не прави некои драстични промени, некако како да си се засакува ваква каква што е...
Ќе прицнам на Publish

Tuesday, February 06, 2007

Голготата на еден битолчанец

Планирав да ви подраскажам за детето, ама морав да им оддадам признание на вработените во Google и Blogger што им текнало да ја направат финтата со линковите, па еве ви го линкот до оригиналната приказна.




Е сега работата е во тоа што треба да натерам некои, посебно битолчани, да се заинтересираат и да ја купат книгата.
Значи,
За Чупите: Але купете ја.... могу е уба... и лесна е за читање. А и да запните негде РОЗЕВА е, ќе ви одговара и на полицата да ви стои, а и ако ви е па до толку до ентериерот на собата и ако не сакате да си го нарушувате со розеви бои насекаде, земете, скинете ги кориците и превртете го кафето на нив. Плус пак дека се мазни... абе милина, ќе си ги забришите и следниот ден ќе можите да ги користите пак. Е сега уште ако и белите страници ви прат проблем, шо да ви прам... дај бе не заебавајте, бели се... на се одговараат.
За бричковците (посебно за оние истрижаните со ќец и со исчешланите кркми надолу): Брат купи ја бе, абе жими се многу е јака... плус ако му ја дајш на некоја пичка можи ќе ти дај вечер. Брат не заебевај, шо ти е поважно две макијата или пичка вечер а? За истите пари е... вервај брат. А, ќе забораев, можиш пред да му ја дајш да си ја изфотокопираш. Не вервам дека Букаро ќе се лути... Тој секогаш е од страната на пичките... и самиот навива да бидат ебени. А како ќе ја ебиш бе брат ако не со книга? Остај ти брзинското сега... то ти е демоде, пробај со книга, ќе вииш!

Sunday, February 04, 2007

Ренесанса... или повторно враќање

Баш е чудно да се пиши пост од во едиторот на Blogger :).
Никогаш до сега не сум се почуствувала вака опуштено. Никогаш не сум можела истовремено да пишувам или да правам било што online и да си ја сушам косата и што е најважно никогаш не сум издржала повеќе од 5 минути, а да не проверам колку dial-up сообраќај сум искористила.
Но денес е нов ден, до некаде можам да кажам и почеток на нова година и почеток на едно ново блогерско поглавје. Сега слободно можам некои работи да ги испратам неповратно во историјата и безмилосно да се смеам секогаш кога ќе се сетам на нив:
1. звукот од модемот

2. пишувањето постови во Word

3. снимањето на блоговите на другите пријателчиња и нивно читање Offline

4. гледањто во долниот десен агол од мониторот (сеуште гледам, ама трауми имам)

5. будењето на сред ноќ со викање “Disconect... на него прицни и почекај додека не се изгубат сините мониторчиња“... :) за ова се заебавам, да го направев тоа сега од Бардовци ке постирав. Уште малку ми фалеше.

Иако убав интернет имам уште од септември, ама се до пред една недела не си го имав посетено блогот. И кога ми се отвори целата таа зелена идила... неможев да издржам :). Знаев дека нема смисла да го оставам на цедило + во последно време во мене чувствувам малку бес кон општеството, па зошто да не продолжам.
И ете ме, продолжувам...

Врската со мојот блог :)

Friday, February 02, 2007

...